Јас сметам дека целава ситуација е до тебе, а не до девојките. Нас лично ги сметам македонките за најопуштени и најкомуникативни во регионов. Прво што треба да направи е да знаеш како да се поставиш кон некоја девојка. Втора работа е да не бидеш нападен во муабетите и да не изгледаш како едвај да чекаш да ја зграбиш. Тоа и дел од машките го мразат кога е обратна ситуацијата, а не пак женските. Тоа што никоја не ти вратила на порака не значи дека треба да губиш надеж и да се откажеш. Треба да бидеш упорен во пронаоѓањето, но не и напорен во додворувањето. Сега кога има социјални мрежи, полесно е се. Ќе бидиш некоја фотографија нејзина, пример ако се сликала на Козјак, па ќе почнеш со прашање какво е местото и како би стигнал до таму. Никогаш немој да почнуваш со лични прашања. Се ќе си дојде спонтано. Не бери гајле. Повеќе самодоверба во себе, повеќе искачања, шетање и социјализација и ќе дојде моментот. А ако седиш затворен дома и психички затворен и некомуникативен, може само полошо да биде. Сеуште имаш убави години, не е касно никогаш. Јас имам роднини со над 40 години кои сеуште ни дечко немале, а каму ли па сопруг. Не губи надеж и само напред.
Не заборавај дека не секогаш и не на секоја ја привлекуваат мускули, фраерски фризури, bmw/mercedes/golf и многу пари. Понекогаш голема улога игра и карактерот.
Вака сеа зависи каква девојка бараш, затоа што многу се залетувате во оние со многу следачи, отворени профили што им пишуваат секој ден еден куп. Што бараш? Затоа што можи да најдиш на социјалниве мрежи некоја што тебе би ти одговарала, секако дека има, млад си, сега гледаме сите како функционираат работите, не е како порано, ќе имаш симпатија, па ќе се трудиш да најдиш број, па ќе му титкаш...мора да се прилагодиш на ова време, ете ти спомна некој погоре и за tinder, зависи и ти како ќе се поставиш, што ќе пишиш, како ќе пишиш, дали ќе си напорен. Затоа што вервај има многу напорни на секој пост like, на секое story коментар и то безвезен рандом нешто што нема врска. Ако ти треба некој совет пиши ми порака слободно
Вториов дел од постот го гледам како социјален проблем денеска. Овие "моиве" мажи претеруваат со воздигнување на одредени женски, бројот на фолоуери и лајкови им го дига егото на 8848мнв како врвот на светот. Лично, не пробувам со девојки со голем број фолоуери, баш како што резонираш и ти. Таа добива 20+ пораки дневно и нема резон да бидам 21. Нема шанси за успех, може и Бекам да и пише таа нема да ја види пораката. Тиндер пак е уште поистрошена работа. Пробав месец дена и видов дека нема шанси. Сум бил напорен порано, признавам. Ама пошто знам да си ги увидам грешките го корегирав тоа. И нема резултат ни вака. Ако ја оставам полабаво пак не дава иницијатива ни таа. Каква девојка барам? За почеток просечна физички ( или ајде во попривлечните 50% ако земеме грубо), отпосле може да се зголемат симпатиите. За почеток сепак мора да има привлечност, не барам само другар туку воедно и сексуален партнер. Инаку имам сосема исполнет и задоволителен живот, само штета е што желбата за озбилна врска ми е голема и во добар дел ми ги поништува останатите полиња.
Ова ти е проблемот, немаш самодоверба, а тоа се намирисува од далеку и затоа те одбиваат. Каква и да е, колку да и пишуваат, ако ти е интересна како личност, ќе и пристапиш. Прав маж не се плаши од конкуренција, не му е гајле колку и пишуваат. Може 20 пораки досадни да добие, ама твојата да и се допадне и да ти врати. И не и пишуваш за да биде прифатен или одбиен, туку за да ја запознаеш подобро, а потоа се доаѓа спонтано понатаму. Смени си го пристапот и биди похрабар. И втора грешка што ја правиш е што бараш девојка што физички ќе ти падне во око, а не девојка со која ќе имаш слични интереси. Нека ти биде појдовна точка некое нејзино хоби, музички вкус, филмови, начин на размислување, а не да ти биде акцентот на физичкиот изглед.
Држи вода муабетов за дел од машките со мојот проблем. Јас зборам од искуство, не е дека немам самодоверба - задоволен сум што сум постигнал досега и каков сум карактерно. Резултатот од непишување сега не е страв туку искуство. Некои ќе почнат нешто муабет и ги снемува. Не дека сум кажал нешто глупо/вулгарно/нападно. Пример имало случаеви кај што првите муабети ми биле понеинтересни, таа вратила, а после кога сум пишувал поинтригантни работи не ни видела. Не од што било полошо од претходното, туку таа или немала време или и пишале уште тројца у 10 минути и изгубила желба за допишување со било кого. Апропо физичкиот изглед. Не зезај брат, мора барем малку да ти ги заинтригира сетилата. Со секоја ќе најдеш тема за муабет или заеднички интерес, тоа не е спорно. Имам доста хобиња, интереси, не дремам дома гледајќи у четири ѕида. Уствари дома се вртам само за спиење.
Не ме разбра добро. Не е дека немала време или и пишале 3 други, туку затоа што не и одел муабетот со тебе, видела нешто дека не и одговара и ти враќала од куртоазија, додека не се појавил некој со кој и тргнал повеќе муабетот. Или со други зборови, си добил шанса, не биднало и тоа е тоа. Move on. Види, не ни може со секој да ни оди муабет и да се совпаднеме. Како што рече дека веќе си во години, тогаш ќе знаеш дека со луѓе со кои може да се совпаднеш во животот се бројат на прсти. И во таа насока ти реков филтрите да ги подесиш повеќе на хоби/интереси и карактер затоа што имате поголема шанса да се совпаднете така отколку да те одбиваат после 2 реда муабет. Џабе ти ги заинтригирува сетилата ако не можете две просто-проширени реченици да склопите заедно. Освен ако не бараш некоја за секс, тогаш, продолжи овака.
@Ramones имаш малку фрустрации, не дека конкретно проблемот ти е самодовербата. Мој совет ти е да погледнеш околу себе, ако ти "фати" око некоја девојка културна, да бидеш храбар и отворено пристапи со тоа дека сакаш да ја запознаеш. Има многу девојки што се на место. Ама тие најчесто не се експонираат низ инстаграм. Имаш целосно погрешна перцепција со социјалните мрежи. А златното правило вели така - можеш да бараш само она што ќе го понудиш. Па сега ти види.
Никогаш не сум барал само за секс, зашто по мене сексот без емоции и поврзаност не вреди ни како една кафана со другарите. Сум бил у Амстердам 2 пати и веројатно сфаќаш зошто не сум платил за тоа. Поголемиот дел од твојот пост ја потврди мојата теза, дека мнооогууу е тешко да се погодиме со некоја личност од спротивниот пол. Дури и со слични интереси и хобиња. Се сложувам со тебе, ама пак се сведува на истото.
Или преголема самодоверба, па не си ги гледаме мааните. @Ramones ако ти е приоритет да најдиш девојка, вервај се забележува, а ако се забележи дека по секоја цена би излегол со мене макар и да не ти се допаѓа муабетот, јас како женско нема веќе да враќам на пораки. Ако некоја ти се допаѓа и сметаш дека треба да пишиш, пиши, шо е твое ќе си дојди. Не исфорсирано на сите.
Баш затоа и пишав дека не пробувам со оние експонираните на инстаграм. Кога ќе видам девојка со 200 фолоуери тоа го ценам, затоа што знам дека не и е опсесија да има бројки. И реков дека би требало запознавањата да бидат во живо, тука ни се поклопуваат мислењата. Многу поприродно е и повеќе шанси има за клик. Гледам да не е надмена, да биде сосема приземна и нормална девојката. Пристапот ми бил онака лежерен и ненападен. Резултат е муабет од куртоазија. Не сум Квазимодо иф ју аск фор д физикал. Знам што нудам, може да биде малку физички попривлечна од мене - ама затоа би и понудил лојалност, поддршка, љубов, емпатија, ентертеинмент у смисла да ја шетам од Вевчани до Гиетхорн...
Па искрано да ти кажам, по ова што 100% позитивни работи зборуваш за себе можам да претпоставам дека девојките не го гледаат на тој начин. Биди самокритичен, не си перфектен тотално. Сигурно поседуваш карактеристика што ги турка подалеку.
Ама ги листаш, така? Пак ќе кажам, има надвор секаков профил на луѓе. Што бараш - тоа и ќе си најдеш. @Ramones
И во тој пост наведов, не сум Дејвид Бекам, физички сум просечен. Со иницијален муабет исто не сум најнајинтересен и упадлив. Се трудам да ги најдам и моите маани и низ годиниве ги исправам. Затоа сум и разочаран, поради непостоење шанса за подлабоко запознавање. Верувам дека некоја од тие што ме одбиле за 5 секунди да поминат подолго време со мене би ми дале шанса за понатаму.
Цело време потенцираш дека сакаш запознавање во живо бла бла. Епа живеј малце во 21ви век таков е светов не можиш да го смениш ти. И подлабоко запознавање? Не знам дали ќе најдиш некоја што ќе ти се отвори на прв втор па и на десетти муабет, гледам и зошто те одбиваат. Со дечко ми дури се фативме поминаја 6 месеци во кои ни двајцата не знаевме дали сакаме врска или не. Пишувале и со други? Многу нормално, на никого не му пишува на чело дека е принцот на бел коњ а ни тебе.