Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.860
    Допаѓања:
    183.102
    Пол:
    Женски
    Се насмеав на ова зошто имам другар исто шо вели. И лично, не би му местела ни брачеда ни другарка. :D

    Ништо од ова не е трансакциски - јас просечен, па та да нема фолоуверс демек ако има е уфилмана или не знам шо друго да напиша. Лично, масивен трн оф е тој муабет. Исто и ко ќе се види другата страна дека е очајна. Прај да се осеќам како ради реда, а не вистински интерес. Ако прајш вакви трансакциски муабети ќе пропуштиш некоја со која ќе кликниш вистински и природно.

    И јас сум поќе за пристап во живо зошто онлајн помалку шанси давам ама во исто време многу поќе црвени знаменца забележвам во период дур се закажи и дојди време за дејт, шо би ги пропуштила ако го лапам на забава и после излезам другиот ден. И то колку е добро - толку е лошо. Ама на тој начин се штитам ко ќе видам црвено знаме за да не заебам. Себеси да не се заебам. Така да колку и некогаш пристапов да ми е сувопарен, максимално ги користам привилегиите од него.

    Мој предлог, види се себе си. Не само шо нудиш и шо заслужваш. Туку шо мислиш дека е то шо потенцијална партнерка би ја тргнало и ако можиш да го смениш то - како би го извел. Ако бев на твое место на то ќе се концентрирав. Подалеку муабет дека со фактите вака и вака треба да е. Види подлабоко од то на прв поглед шо ќе забележиш. Ќе поткрепам со пример. Ко ќе ме интересира нешто МЕ ИНТЕРЕСИРА ALRIGHT! И то многу често е трн оф за луѓе околу мене и она фраза "ту мач". Ама никој мене то не ми го кажа. Уз интроспекција стигнав до него и често кога се запознавам со некој чим сетам дека забегвам во некоја тема, нагласвам шо маана имам оти не можам да го сменам во случајов. Некогаш "a warning" отвора тема за муабет дури, се врти прашање зошто така, зошто онака, па како е кај другата страна и слично.

    И за крај, омилен коментар:
    :clap: :lol:
     
    На crimson, sweet-cherry, ladydy13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Ramones

    Ramones Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Ок тогаш, да не ви ја нарушувам идилата овдека. Осетив благи боцкања иако никого не навредив и пишував аргументирано. Да не биде дека сум и самиот надмен, ете ќе прифатам да се олабавам од темата, ќе се трудам воопшто да не се замарам со овој аспект. Баш ме занима што ќе донесе иднината.

    Мене ми олесна да си ги кажам маките и мислењата, фала на сите на кои емпатијата и желбата за помош им беше првобитна цел при пишување.
     
    На Stressed Out и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  3. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Подобро надмен него напнат :makeup:
     
  4. Ramones

    Ramones Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Кога некој ќе се жали од шефот и од платата, дали е фер и хумано исто да му реагираш?
    Или од односот на службеникот во МВР?

    BTW, фала на @theowndemon, најинтересен и најпродуктивен пост.
     
  5. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Со вакви муабети ќе си најдиш некоја. Или две. Keep going (fingers)
     
    На Regina.Phalange, penelope10 и Pepper07 им се допаѓа ова.
  6. Ramones

    Ramones Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Во немање аргумент напаѓаш.
    Но доста е залудно трошење на време.

    Пак ќе кажам фала на тие што се потрудија.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Проблемот е многу едноставен, денес сите кукаат да имаат добар дечко,со манири и други особености,а притоа молат Бога да не најдат.
    Или кога ќе најдат “Ау со ваква грдосија да бидам”.
     
    На Guns N` Roses, prashinka, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.693
    Пол:
    Женски
    Непишано правило, ама само гласно размислувам.
    Баш тие што ги гледаш со ептен малку фоловери се баш повеќе уфилмани.

    Во врска со проблемов не знам баш што да те советувам, ете претходно имаш добри совети добиено.
    Само биди по лабав и не се опседнувај со тоа по секоја цена да најдеш девојка, баш кога нема толку многу да се трудиш ќе се појави.
    Со среќа.
     
    На Ramones му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Summerbaby

    Summerbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.790
    Анонимен е форумов .. затоа секој совет е 50% релвантен и секоја перцепција за себе си ,каков човек си ( важи за сите нас) пак е 50%.

    Еве основни работи доволни за да си фатите женска:

    1.Погледни се во огледало, и биди си само критичен во барем една работа што би ја сменил кај себе физички (облека, фризура.... )
    2. Размисли за пристапот, дали е мангупски, очаен или каков и да е.. дали може да се промени
    3. Како им пристапуваш на девојките...( во пишење, дали си џентламен)
    4.Некогаш барате Адријана Лима да бидеме реални
    5. Размисли кои карактеристики од карактер тебе ти се потребни кај девојка


    Реалноста е дека не слушате совети. Познавам тон мажи што знам дека се многу добри луѓе и дека би гледале девојка на дланка, ама имаат таков пристап што никогаш со другарка или познаничка не би ги споила.

    Работете на себе !!
     
    Последна измена: 25 март 2022
    На emiliana, prashinka, Priroden и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.398
    Допаѓања:
    8.024
    Пол:
    Машки
    Девојка за врска таму нема да најде.
     
  11. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Еве на форумов има многу девојки што се сингл. Пиши каков тип на девојка сакаш, може ќе се поклопите. Како точно ја замислуваш твојата сродна душа, да речеме? Штом ќе ја замислиш, верувај дека многу полесно ќе ти биде да ја препознаеш дури и "на улица" ако ја сретнеш.
     
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    24.049
    Пол:
    Машки
    Оти ти не се понуди?
     
    На Hecate, buba4e89, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.693
    Пол:
    Женски
    Индирекно се понуди. :D

    Мислам секако не е лошо, дај боже да се поклопат ^_^
     
    На buba4e89 и Stark им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    41.751
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, нема потреба од толку напаѓање.
    Секој си бара според критериуми и то е то.
    Не значи дека мора да е во него вината зошто не може да си кликне со некоја девојка.
    Познавам еве лично многу девојки кои имаат претерано високи критериуми, глумат недостапни а плачат за добар дечко и кога ќе се појави веднаш во френдзона го стават.
     
    На Konfetka, Izaabella, DrMTR и 3 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    27.455
    Немаат врска и додирна точка бројот на фоловерси и карактерот на особата.
     
    На crimson, noteforself, edna_malecka и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Ramones

    Ramones Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Сталожена, неконфликтна. Емпатична и приземна. Лојална.
    Нормално и физички мора да си се привлекуваме пошто не бараме другарство туку врска. Знам дека страста спласнува после некое време така да ако ја нема уште од старт привлечноста џабе ќе се подлажуваме.

    Инаку што се тиче бројот на фолоуери... Некој од старт инсинуираше дека ги бркам оние "јаките" со по 3000 фолоуери. Сфаќам дека на нив им пишуваат многу повеќе и некако пологично ми е да се развие муабет со некоја од 300 отколку со 3000. Но тоа не значи дека јас у старт правам сегрегации и исклучувам било што.

    Не знам, тажен сум и разочаран. Би сакал и кај мене да сменам нешто ако може ама не гледам што. Ете веќе нема ич да се замарам со оваа тема, да ве послушам. Иако знам дека ништо нема да се смени.

    Имам и едно "чудно" прашање. Според вас девојките, кој процент од жените на прв поглед е логично да ми се допаднат? Онака грубо кажано.
     
    На Madrugada и stjepan им се допаѓа ова.
  17. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.137
    Пол:
    Женски
    Кој процент од жени логички би ти се допаднале хммм .. тоа прашање најдобро ти би знаел да си го одговориш. Навистина е чудно хаха.
    Пошо од една страна физичкиот изглед ти е битен нели за привлечност како што кажа и хемија од друга страна наброја квалитети во првата реченица што има жени што ги поседуваат ама физички можеби не би ти биле привлечни.
    Од друга страна па ако физички ти е привлечна можеби карактерно нема да ти се допадне и нема да ги поседува тие карактеристики што ги наброја. Тоа се двете страни на нишалото.
    За да одговориш на твоето прашање врати се наназад на твоето досегашно искуство со девојки и сумирај и можеби ќе откриеш нешто па можеби и би сменил во себе така на тој начин.
    Нема шо да си тажен тоа е што е кај да ги бараш на дрво не растат.. нема сеа све се сведе на социјални мрежи. Освен преку стројници да одиш и оние типични одвратни местенки ене ја онаа сингл ти сингл ај да ве споиме.
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    24.049
    Пол:
    Машки


    Ми падна во око пасусот онде каде што викаш би сакал да смениш нешто, а не гледаш што. Мене искрено да си речиш дека сакам да те навредам или нешто, ништо нема да ми смени во утрешнио ден, сабајле и онака че одам да возам точак. :D

    Да се вратам на темата, мислиш дека си перфектен? Не мислиш дека претерана нарцисоидност може да биди проблем?
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Многу бара но истата личност не знае што треба да понуди.
    Епа срцки ако сакате да е таква и таква, потрудете се и вие да бидете на исто ниво ^_^
    Неможе неќу уфилмана ама мислам дека сум супер, "не ми фали ништо".
    Ова генерално зборувам, не само за членов.
     
    На Flower27, СуперДевојка и penelope10 им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Психолог сум ама ќе ти дадам совет како на ќерка ми што би и дала:

    Немаш проблем со несогласување меѓу другарка ти и дечко ти, како што си пишала на почетокот. Твојот дечко има проблем со себе.

    Немаш конзервативен дечко туку дечко кој исклучиво посесивен, љубоморен и агресивен. Агресијата кон другите може да биде и вербална, што е полошо, психичкото малтретирање остава подлабоки лузни од физичкото.

    Разбирам дека си вљубена, но треба да бидеш реална за тоа каква е вашата врска и што е најважно, да бидеш реална што неговите барања, забрани, правила и ограничувања тебе ти прават. Не дозволувај билокој да ја користи твојата емоција, твојата љубов кон него за да те тера да се однесуваш како него што му одговара. Имаш право на свое јас и да се заложиш за тоа што ти е битно. Ако таквата прослава била договорена уште години наназад, и тоа било нешто што е битно за твојот однос со другарките, една забавна и луда случка која утре ќе ви остане во убав спомен, зошто да се плашиш да го направиш тоа? Не е дека сама си отишла во стриптиз бар зашто ти е фетиш тоа и те интересираат други. Мене лично може и ми е стриптизот деградирачки за тој што го прави, ама некои уживаат во таа своја работа. А што се жадињата на свадбите и во кафеаните? И тие се ангажираат од некого, па да не треба сите жени да им се налутат на своите дечковци ако ги гледаат?

    Како тоа ти чита пораки?
    Никој нема право да ти ѕирка во телефон. Тоа значи дека не ти ја почитува приватноста, дека сака да те контролира и дека нема доверба. Тоа се големи проблеми кои мораш да ги адресираш.

    Нема право да ти брани каде и со кого да излегуваш.
    Тоа се твои одлуки а не негови. Ако него не му чинат, нека не доаѓа со тебе. Но, нема право да ти брани да одиш сама. Јас мажена сум па не идам со мм кај луѓе кои не сакам да ги дружам, ама тој сака па оди сам. И јас некогаш излегувам со свои пријателки без него. Тоа е доверба и меѓусебна почит. Знаеме дека сме различни индивидуи и дека може да имаме различни интереси и тоа е ок. Не сакаме да се ставаме еден со друг во калапи и да се ограничуваме взаемно или да се правиме нешто што не сме. Сакам да го видам исполнет, самореализиран, среќен и слободен да одлучува за себе.

    Тоа поминување со кола да направи проверка е крајно алармантно! Па ти не си негова сопственост!
    Дури мислам дека наредно ќе те изолира од другарките , веќе тоа го прави, и ќе останеш целосно само со него, зашто така му е најлесно да те контролира. Другарките твои што те носат на трендовиски места се опасни за него. Ради нив и тие искачања утре може таму ќе запознаеш некој друг што ќе му биде конкуренција и евентуално може да те изгуби.
    А тоа би било огромна загуба за него, Кер кого тогаш ќе контролира и кој ќе му го храни големото его?

    Дечко ти има проблем со себе штом има потреба од ваков тип на врска. Нема да се смени и истото ќе бара од секоја негова девојка. Веќе бара од тебе огромно внимание, посветеност, ексклузивност и тоа го постигува со заплашување, со закана дека ќе ти раскине.
    Ова не е љубов!
    Нормална врска не изгледа вака!

    Да ми рече јас или другарка ти?! Верувај око нема да ми трепне, одма ќе го оставам. Си згрешила многу што не си повлекла граница и не си кажала кога барал вакви работи дека претерува и дека НЕМА да дозволиш. Научи да му кажуваш не! Не е негово да одлучи со кого треба да си пријател! Дали тој било што од ова што ти го прави, би ти дозволил ти да му правиш на него?

    Другарка ти добро те сфаќа, немој да мислиш дека зошто таа немала долга врска не знае што е што. Годините не се битни туку квалитетот на врската. Џабе е долга кога се изживува со тебе. И има право да ти се лути другарка ти. Најмалку што треба е на роденден да се гледате, та не сте далечни роднини...нон стоп да си се дружите ако сте за тоа. Кој е па дечко ти да ти брани да и одиш на роденден? Ниту има право да и влијае на изборот нејзин каде и како да слави свој роденден.
    Односите се градат. И со другарките. Дечковци има на светов колку сакаш. Полно е морето со риби. Ама вистинско пријателство е реткост и треба да се негува. Да си го чуваш. Вистинска другарка нема да сака да те гледа со ваков тип. И ќе се стави против него. Ама ако ти самата негираш дека е проблемот во него и не сакаш да си помогнеш, таа нема да може ништо да направи. Ќе се оддалечува се повеќе од тебе.

    Биди паметна и тргни се од дечкото. Ако е година издржано со него не значи дека е залудно потрошено време. И од лоши врски се учат лекции. И ќе најдеш друг не се секирај, што ќе те сака како што заслужуваш.

    Тоа не смееш да ги дозволиш.
    Ако си во друштво прво основна култура е да разговараш со нив и да не ги игнорираш. Ако само нему му посветуваат внимание, него му полниш его, му кажуваш со однесувањето дека само тој ти е најбитен, го ставаш на пиедестал над сите. Дури и над себе зашто со тоа испаѓа дека му велиш не се битни останатите врски со луѓето во мојот живот, само врската со тебе ми е битна.
    Дечково те држи како на ланец!:@

    Ова не е вадење или изговор, туку обид да ти укаже дека дечкото има лошо влијание врз тебе
     
    Последна измена од модератор: 26 март 2022
    На trajkoska23, crimson, Anabelle.Amorette и 12 други им се допаѓа ова.