Форумџика на годината

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Што се деси?
    Што ти рече?
     
  2. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    "Брак само на хартија"?
    Жено.. живеат под ист кров.:rofl::rofl:
    Лош или добар, брак е.
     
    На Konfetka, cresa-jagoda, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.433
    Пол:
    Женски
    @Трнорушка_ добро е што си прекинала на време. Мило ми е што си се спасила од човеков.

    Какви одвратни маженца се овие со вакви приказни "ради децата само сме заедно уште". Фуј. И ја се чудам кој им верува ама ете очигледно има добри лажговци.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97, Acronia и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Дали има спас ако љубов има, но не знаеме да разговараме па се станува ,,токсично"?
    (Ме боли и токму овај збор да го искористам)
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Истиот муабет виден милион пати.
    Тие мажи не растураат семејство, брак, деца, финансии, ручек зготвен секој ден зошто се заљубиле одново, како не.
    Едноставно му е интересно и возбудливо после години брак да се забавува, да проба секс со друга девојка, па демек со жена ми сме само на хартија, за децата, мхм мхм.
    Ако некој сака да се разведе, нема да треба да го тераш ти, ќе се разведе.
    Ако одиш со некој што е инволвиран со друга жена, и тебе многу веројатно во иднина ќе те изневери за некоја трета.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    24.046
    Пол:
    Машки
    Пу бе за срамота шо мажи се бе тие, како можат после дома да седнат да ручаат и да ја погледнат во очи сопругата, па и децата.

    Не си вели бе чекај како че ми биди мене ако некој ја матка вака ќерка ми или па син ми да е ваков...
     
    На Ouravanture, _Naumche_, Elf и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.003
    Пол:
    Женски
    Започнав да се допишувам со еден дечко, месец, два има, се ок вака, додека еднаш уз муабет нешто реков има платаааа, знаеше и он со мене неколку пати истото да ми го каже, ама овој пат ми се запна со тоа, па купи ми нешто не биди скржава, ајде викам се шали, после некое време, почна да ми праќа слики, ми вика еве некоја ваква слична маица... Јас на шала му викам кога ќе имам дечко, секако дека би му купила нешто, а он ниту еднаш не рече да се видиме во живо до сега, а јас да му купувам работи? Коментар на ова? :?:
     
    На TheDreamGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Може се шали цело време.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на советите, откако се стабилизирав, сакам накратко да кажам се што се случуваше.

    Со него имавме само професионален однос на старт, по некое време дознав за ситуацијата дома, ми беше чудно, се распрашав, ми потврдија.
    Сакав да знам со што и кого имам работа.
    Бев излезена со друштво, тој налета па се понуди да пиеме кафе, и имавме разговор, што за работа, што за нас.
    Почна да ми пишува, да му враќам чисто пријателски.
    Ме канеше неколку пати на кафе, одбивав.
    Утрово ми пиша, игнорирав.
    Меѓутоа се случи мала несреќа откако го пишав постов, ме касна куче за прст,не многу, сепак доволно да чувствувам болка во рака.
    Ми рекоа да се обратам до доктор, и тогаш решив да разговарам.
    Му спомнав за тоа, тој се изнасмеа, а бидејќи немав доволно пари во мене за инекција, ми беше срам да му кажам му спмнав дека можеби нема моментално.
    Не сакам да личи дека барам пари.
    Тој се јави во болница, и ми рече дека лажам, барам внимание, тоа го нервирало, па тогаш решив да му кажам се што имам.
    Очигледно нервозен од нешто, ми изнапиша тон работи, доста лоши.
     
    На WildMk и Acronia им се допаѓа ова.
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.493
    Пол:
    Женски
    Дечково те гледа низ призма на кредитна картичка.
    Не мора да се видите за да му пратиш пари по банкомат.
    Изгледа си бара спонзорка.
    Да, ги има и вакви. :D
     
    На TheDreamGirl, AAKG, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Ма ако, прости му.
    И пак кога ќе е нервозен простувај му.
    Вака функционираат повеќето врски и сосема е во ред. :!:
    Те сака. 8-|
     
  12. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Нема простување, секако планирав да завршам.
    Не го обвинувам него, се обвинувам себе.
     
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.493
    Пол:
    Женски
    Сега дефинирај, имавте професионален или пријателски однос? :?:
    Фраеров што ти е, колега, шеф, соработник?
    Ако е нешто од трите наведени очигледно е дека ти не си поставила здрави граници.
     
    На MariNina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Ај што е битно сега тоа?
    Прекинала контакт и готово, место да ја поддржите вие ја напаѓате.
    Излегле на едно кафе, видела колку е саатот што се вика и прекинала.
    Толку.
     
    На TheDreamGirl, Konfetka, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Нов клиент на работа, работам во фирма за храна, кога ми пишуваше одговарав на пријателски начин, кратко и јасно, без флерт, без задњи намери и ставав до знаење да не очекува повеќе, тој ме бараше, секој ден.
    Ако треба кафе, ќе прифатев само професионално, доколку е за работа.
    Тогаш и затоа прифатив.
    Оти беше за работа, продолжи да пишува.
    Толку.
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.493
    Пол:
    Женски
    Не ја напаѓам, само малце ми е чудно зошто кога те напаѓа куче му пишуваш на пријателот/претпоставениот/шефот околу тоа, и зошто тој помислува дека бара внимание? :?:
    Нелогично е.
    Не се мешам, ниту обвинувам, само поставувам рационални прашања во обид да разберам што се случило.
     
    На KittyAgnes, Asparagus, Elf и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.493
    Пол:
    Женски
    Чим е така, тури му пепел.
    Нит му пишувај нит комуницирај со него.
    Блок би била нај идеална опција.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Му кажав затоа што ме молеше за кафе.
    - Слушај, ме касна куче, не знам што да правам, можеби нема тетанус ( немав пари тоа време доколку требаше да примам и ми беше срам да кажам) тој се јави во болница, ме направи лажга и ситуацијата ескалираше, му кажав се што имам.
    Ме направи од гомно подолу дека барам внимание а многу добро знае дека сум лоша со здравјето периодов.
    Имам други здравствени проблеми, болницата ми е далеку и не можам да си дозволам да плаќам моментално за таксиња и лекови затоа што до денар се е испланирано.
    Ја дадов платата за други потреби.
    Тоа беше се.

    Неколку пати се навреди кога му спомнав дека има дома сопруга, кога го нарекував колега или пријател бидејќи ме иритираше неговото лигавење, но не сакав да правам проблем поради работата и трпев колку можев.
     
    Последна измена: 11 април 2022
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Кратко траело, ќе знаеш за друг пат.
    Кога некој те вика за кафе професионално, најпрофесионално што можеш да постапиш е да му кажеш дека сите професионални обврски се обавуваат во канцеларија, не на кафиња.
    Доколку се навредува кога поставуваш граница, те моли постојано за кафе, тоа кажи го на супервизор пошто е недозволиво некој да се осеќа неудобно од колега.
    Ама тоа е кога ти си сигурна дека нејќеш ништо со него и го гледаш само ко колега.
    А овде ако ви била обострана желбата за нешто повеќе од професионална дружба, океј е тоа, само со женети не се занимавај друг пат, ова што се ти се десило со овој им се дешава на 99 посто, стабилен маж прво се разведува после се занимава со други жени.
     
    На Indiegurl и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  20. Трнорушка_

    Трнорушка_ Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    @Mantub сакав нешто со него, ама доколку не беше во брак, доколку расчистеше, тоа му го кажав неколку пати, тој се навредуваше затоа што му велев дека има жена па без разлика каков им бил бракот.
    Ми велеше како треба да имаме убави моменти и слично.
    Нема везе, прекинав, не само поради тоа што е во брак, туку и зошто има насилна жичка.
     
    На Konfetka, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.