Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    Мимс душо, Во ред е тоа што го кажуваш, само мене најбитно ми беше да и напоменам дека не треба да ги споредува кој подобро се мувал, и такви работи. И многу е битно уште во овој период да застане здраво на нозе (не велам дека МОРА мора да има сериозна врска), но уште од сега е битно да почне да го гради својот карактер и да размили пред да одбере нешто за да го избере најдоброто, и да ги вреднува работите по вистински пат а не по некои површни и небитни работи. Сите ние сигурно имаме многу моменти во кои не сме знаеле да процениме нешто правилно и после тоа каењето било трајно.
    Тоа сакам да ја советувам највеќе :)
    Како и да е, секој си прави како што мисли дека треба, па и она нека го прави она што мисли дека е најисправно..Ние си кажавме свое мислење :) ;) :*
     
    На lloovvee, mims-89 и Libra19 им се допаѓа ова.
  2. lloovvee

    lloovvee Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    27
    мимс и дајмонд ви благодарам многу го ценам тоа што сакате да помогнете јас сум свесна дека неможам да го имам муваторот на местото на дечко ми но сепак дечко мии доволно ме разбира и почитува и ме сака а ако не било ттака немаше да се одлучам и да му ја дадам невиноста што знаачи не се каам исто така свесна сум дека искуството се стекнува во животот за тоа сум сигурна зошто и знам сум проживеала напоменав и ке напоменам пак -повеке работи од коишто сега ми е смачено така што сакам и знам како да си ја задржам врската а во карактерот сигурна сум дека дечко ми повеке ме сака почитува и цени од муваторот тоа е и причината поради која не го оставам и си го сакам многу само како и вие така и јас на некои луге им оддаваме поголемо значење во нашиот живот многу се изнамачив за да го стекнам вниманието на муваторот при што премногу се малтретирав и сето тоа неможам да го заборавам преку вечер и сега кога најпосле сватив дека било све залудно се откажав од него само го користам како лечење на комплекси (ме тера) зошто знам дека нема да ме одбие само сакам да го оттргнам од меене ама не е лесно сакам да знам како да пропадне све во вода што сум направила за да можам да го заборавам а тој е сега добар кон мене така што неможам да го мразам кога би ми направил нешто па да не му се замарам не е дека трча по мене ама едноставно знам дека го придобив неговото внимание и дека нешто му значам тоа ме турка накај него кога ке раскинам со дечко ми... како и да е јас одлучив дечко ми пред муваторот само како да се воздржам да не го спомнувам да не му ги гледам сликите на фб секој ден да не се интересирам за него аман ме тера да мислам на него а тоа и не ми значи нешто само ми е навика како да се одвикнам... :( а врската и до некаде ми е сјајна искрени сме со дечко ми све си кажуваме ама за ова неможам да му кажам зошто мислам дека ми е само илузија на мозокот и кога би раскинале заради ова би се осекала гадноо :puke: ... скраја да е би делувало ли ако го избришам од фб и ако воооопшто не зборувам со муваторот подолго време?? а што ке се случи ако сега го направам тоа со муваторот и се скарам пак со дечко ми тогаш ке треба да паднам во депресија зошто сум се скарала со муваторот(ке немам со кого да леча комплекси) оф божее па не сум нормална кои фикс идеи ми доагаат во глава најубаво ке биде скроз да пробам да го избришам муваторот од глава и вооооопшто да не го спомнувам и да не се интересирам за него ( :!: мислите во мојата глава)
     
  3. lloovvee

    lloovvee Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    27
    Решив нема да биде лесно ама ке проббам да го заборавам како незнам ама ке се трудам многу ке гледам да ми биде најинтересно со дечко ми да преферираме работи кои ке ме прават срекна повеке да се смеам на глупостите на дечко ми отколку да мислам на муваторот со кој знам дека никогаш нема да бидам во врска па што ке ми е уствари муваторот кога не би му била девојка само би губела време и би изгубила сјајна врска каква што ја имам девојки ви благодарам јас одлучив ДЕЧКО МИ ГО САКАМ А ДРУГО НИШТО НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА преку таквото ми дојде и од мувања и од замарања и од глупости за коишто сум мислела дека се интересни ке гледам да си ја направам врската успешна во секое поле патем вечерва искачам со дечко ми и планирам да си бидам весела насмеана и да си мислам само на нас двајца зошто нема потреба да си го замарам мозокот со непотребни работи во мојот живот... дали добро одлучив??? Што мислите :!: и патем извинете за гњавењево :( ама навистина ми треба совет... :sweat:
     
  4. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Имам проблем голем. Самата сум виновна знам. Но, кажете ми како да го решам.
    Го изневерив дечко ми по 2ипол години врска. Веќе една недела се гледам истовремено со двајцата. Но многу се оддалечив од дечко ми, одбивен ми стана. Збунета сум...не знам што правам. ;(
    Се разочарав самата. Страв ми е да не се вљубам во другиот.
    Совет?
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Зошто не му побараш пауза на дечко ти или не раскинеш ? Оддалечи се од двајцата , размисли убаво .. Не е убаво да бидеш со 2 истовремено и плус да не знаеш што да правиш.. Не е убаво ни да му правиш лоши работи на дечко ти зад грб ..
     
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    ^Знам дека не е убаво. Од секогаш сум била против изневерувањето. Прв пат изневерувам. Имавме некои проблеми во врската со дечко ми и така се оддалечив од него, а овој другиов ми стана еден вид утеха, а и прекрасно се понаша спрема мене. Затоа сум збунета. Сакав да ставам пауза на врската, но дечко ми не ми дозволи. ..
     
  7. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    Искрено, сега би те нападнала, бидејќи сум голем ПРОТИВНИК на неверство, но пошо поштено побара совет, и најмалце што сакаш моментално е да те напаѓа некој, ке се воздржам :x
    Значи, доколку мислиш дека немаш чувства веќе за сегашниот дечко, под итно остави го :!:
    Некој да те прави будала, е најгрозното чувство.

    Од друга страна пак, што мислиш овој "швалерот", како гледа на тебе? (ако знае дека имаш дечко), не ќе може ни он никогаш да ти верува-доколку сакаш со него врска да почнеш. Постојано ќе си вели "таа го иневери дечкото со мене, зошто и мене не би ме изневерила"?
    Под итно расчистија ситуацијата, недај Боже колку глупости се дешаваат кога машките дознаваат дека се изневерени.
    Тоа само можам да ти го кажам
    Гледај никој да не биде трајно повреден или понижен..Тоа е тоа :hai:
     
    На srculka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Велиш дечко ти ти станал одбивен, тоа значи дека веќе не го чуствуваш истото спрема него :!:
    Според мене проблемов не е тежок, едноставно ако не сакаш веќе да си со дечко ти прекини ја врската , знам 2 ипол години не се малце, но се прекинуваат и подолги врски така да.. и нема зашто да ти е страв да се заљубиш во оној другиот, ако ти е убаво со него препушти се на чуствата, продолжи со него , па заљубувањето ќе си дојде само по себе :) секако прво биди искрена со дечко ти и расчисти со него :!:
     
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Срцулка а зошто не раскинеш и бидеш со овој другиов ? Ти годи да сте заедно , убаво се однесува кон тебе . А со дечко ти не е тоа што било .
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Срцулка самата кажа дека дечко ти ти станал одбивен, а со другиот ти е супер. Штом ти е одбивен нема што да правиш повеќе со него, но не се лажи за другиот, секој почеток е супер. Затоа размисли си, иако мое мислење е да раскинеш со дечко ти. Да напоменам не сум против изневерување, не ти судам, едноставно не идело повеќе, тоа е.

    Diamond извини ама што има врска тоа што го изневерила овој дечко? Не гледаат сите на минатото, може ако се однесува со него супер , па и зависи од тоа како го градат нивниот однос никогаш нема да помисли дека го изневерила дечкото со него, па ај и мене ќе ме изневери.
     
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ако типот е добар, ако ти одговара, убаво се однесува со тебе, тогаш зошто да не. Но прво размисли убаво да не ставиш крај на врската (се надевам дека убаво ви е, 2год не е малку) па после да се каеш, можеби типот сака само кратка авантура и ништо повеќе. Мој совет размисли убаво ;)
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ама може дечко и и станал одбивен само заради тоа што со вториов си поминува супер, плус е забранет, а убаво е на секој почеток, а не дека она не сака повеќе ништо со сегашниот дечко.Исто како кога ќе откриете ново чоколадо, претходното омилено не ви е веќе толку слатко, ама после пак се враќате на него.
    Срцулка,јас на твое место малку би оладила и со двајцата, за да видам кој колку ќе ми фали.
     
    На lloovvee и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    Во ред, не гледаат сите на минатото, Но секоја врска се гради врз доверба ;)
    Јас неможам да ја напаѓам пошо и нејзе не и е лесно, и не е прва што и се случува ова, кога чувствата ќе оладат во врската.
    Но сепак, јас лично за мене, доколку некој изневери некоја девојка со мене (што не би дозволила, ама за пример земам), не би можела после тоа лесно да му верувам
    Нека си размисли девојчето со ладна глава, впрочем, таа сигурно ќе ја донесе исправната одлука :) ;)
     
  14. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Јас размислував цело време но никако да се одлучам. Мислам дека не сум изживеана и затоа ова несвесно го правам. Но срцето не ми дозволува да му се скарам на дечко ми. Со едниот ми е веќе навика, а со другиот ми е убаво бидејќи премногу се труди околу мене.
    Фемина90 ми даде добар совет..дека се што е забрането е послатко. Јас веќе оладив кон дечко ми, целосно се оддалечив...но, сметам дека е време да оладам и кон другиот те. ќе му кажам дека не сакам да се гледаме, па да видам кој како ќе реагира.
    Премногу луѓе повредувам со сета оваа ситуација...
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Реално во оваа ситуација најповреден е дечко ти, иако и тебе сигурно не ти е лесно, а за новиов па и не верувам затоа што он знае дека ти е втор и очигледно нема ништо против тоа. Ама пази убаво ти пишаа, он секогаш ќе памти дека ти со него си изневерувала и дека можеш пак да го направиш тоа иако не мора да значи! Проблемот е што сега си оладила кон дечко ти но не размислуваш како ќе ти биде ако тој олади целосно према тебе, без разлика дали ќе дознае за неверството. Види, изживување не е во бројот на дечковците, ама млада си ако сметаш дека ти треба нешто ново прекини ја врската. Ќе се најде секако некој нов што ќе те сака и почитува исто дури и повеќе, само ако ти си го дозволиш тоа бидејќи по долги врски најчесто сите наредни одреден период ги споредуваш со бившиот. Мислам дека чим веќе си дошла во ситуација да го изневериш редно е и фер према дечко ти да ја прекинеш врската, без страв дали ќе најдеш некој нов кој те сака, тоа секако ќе се случи кога тогаш, сепак имаш само 18 год.
     
    На Diamond и srculka им се допаѓа ова.
  16. PIPI-83

    PIPI-83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Да ви кажам искрено, може и не ми е тука местото зашто и годините ми се нешто повејќе од вашите,но ги ценам вашите совети без оглед на возраста...па ајде си реков да си ја кажам и јас маката :( (може малку ке ми олесни). Со типот сум во "врска-безврска" вејќе 10-та година :o и никако неможам да сватам како мојата љубов и внимание од негова страна се доживуваат како да го замарам и да го давам (барем во изливи на лутина знае да ми каже "ај не ме замарај") за после ден-два сето тоа да се заборави,но за жал само за кратко ( за недела дена) и повторно реприза....еве тоа трае вејќе 10 год.Неговиот однос кон мене посебно олади пред скоро една година кога почнаа да се мешаат многу личности па дури и неговите психо-бивши и некако нивните муабети како да допреа до него,а знам дека многу го мачат и некои мои бивши кои ама баш ништо не ми значеле...ама тоа ти е човеков е премногу љубоморен и заглавен во минатото,но незнам ни јас што вејќе да помислам.Знае да биде и фин,да ми удоволува,да потроши пари на мене иако јас сум голем противник на тоа,но упорно ме убедува дека така сакал.Знае да се посоветува со мене за битни работи..и после некој ден одма го покажува другото лице..арогантен е,невнимателен кон мене...и се така се вртиме во круг...јас незнам колку ќе ме разберете зашто не верувам некој да имал ваквоо долгогодишно искуство!!! ПОООМОШ!!!
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    значи типов си игра топло-ладно со тебе... не знам колку години имаш ама ми се чини дека времето си го губиш со типов.. 10 години искрено не се малце.. башка таков човек што викаш ти заглавен во минатото и не ти треба затоа што замисли си ја иднината со таков човек и сама ке си знаеш.. секој човек кога се впушта во врска со некој тргнува со некоја надеж.. или си вика ми се допаѓа ке пробам па ке видам или си вика ај бе гајле ми е што сака нека биде.. а искено типов не е некој од кој што можеш да очекуваш нешто...а тоа што ти посветува внимание и не мора да значи ништо едноставно некој е таков кон сите имам многу пример да ти дадам.. не е битно.. тоа што сакам да кажам е дека не ти треба некој што денес ке те сака а утре не или обратно.. не му дозволувај више да си игра топло ладно со тебе.. барај си друг.. знам дека сигурно многу ти се јаки чуствата кон него чим ова го трпиш 10 години ама пробај.. се се може само ако се сака.. биди јака и одлучна.. има еден тон други мажи што ке те третираат така како што заслужуваш.. ти посакувам многу среќа
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    се согласувам потполно
    Иако не сум имала ваков проблем и толку долга врска, сепак можам да ти кажам дека не можеш ништо да очекуваш од човек што не се труди да направи нешто веќе цели 10 години.
    Како што гледам, имаш 27 години, и имаш доволно време да започнеш нов живот со некој кој ќе се труди да ти го разубави секој ден и што ќе има сериозни намери.
    Те молам немој повеќе да си го трошиш времето, да требало да се деси нешто поголемо, досега ќе се десело..
    Тешко е толку долга врска да се прекине, но подобро да се спречи отколку да се лечи нели ?
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Пипи, мислам дека сама си го знаеш одговорот.
    Јас се прашувам што си заглавила толку долго со таков човек? 10 год. се многу многууу за да тераш една врска безврска ко што ја нарече.
    Можеби малку касно но време е да мислиш на својата иднина. Зар несакаш да имаш до тебе човек кој ќе те сака и почитува, кој ќе сака да створи дом со тебе?
    Овие 10 год. не ти покажал дека е сериозен човек и дека има некакви сериозни намери со тебе, а и неговото однесување покажува дека е лабилна личност, не е цврст, не е човек со кого би можела да имаш фамилија :x
    Јас би те советувала да го оставиш, да поминеш период со самата себе, онолку колку што ќе ти биде потребен, а потоа можеш да се посветиш на потрага по човек кој ќе сака да има нешто посериозно со тебе.
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Пипи, 10 години се голем дел од животот бре девојко.

    Како прво, дечково воопшто не е среден во својот живот. А изгледа и не сака да го направи тоа.
    Ти ги имаш годините, а тој сигурно е веќе 30ка.
    Таквите како него не се зауздуваат така лесно.
    А и со оглед на тоа што веќе доолго време поминало така, не се надевај дека ќе се среди, туку едноставно тргни се од него и продолжи си со својот живот.

    Раскрсти ги работите во животот.
    Види до каде си, кои ти се плановите.
    Направи си една детална анализа на тоа што поминало, и на тоа што си сакала да го направиш....
    Дај си самата време, уживај без него....
    А тој што ќе треба вистински да те има, ќе те има.

    Дај си шанса пред се на самата себе, а потоа и на животот без него.