Сите се судии на туѓи грешки, без да размислат како некој се чувствува во одредена ситуација. Осуда е најмалку што е потребно. Да сакала, ќе продолжела, но таа прекинала, на време. И што ако пиеле кафе ако овој му мрда опашката? Не е злосторство, ама ја преминал тој границата. Сум пиела и јас кафе со колеги у брак и шо сега? Кафе е, се супер, колегијално, не можеш да бегаш како ѓавол од крст. Ако не била таа, ќе била некоја друга. Се поставила фер, коректно, овој настојувал. И што сега? Он дрзок девојката испаничена, ја ставил во лоша ситуација. Посебно ако била во лошо здравје, овој претерал со односот. Мене некој така да ми се однесува, посебно ако сум во лошо здравје, дефинитивно нема да знам како да се однесувам. Додуша, знам како и е, бев навредувана од партнер во лош период, имам пишано овде и ич неубаво чувство е. Дали знаете како е чувството некој да ве напаѓа, навредува, пљука, да биде дрзок? Јас добив анксиозност, страв, депресија, се променив, и ден денес имам анксиозни напади поради некои бивши партнери, ама зелена у памет, наивна. Знаете колку девојки се плашат и срамат од осуди и ќутат и не знаат како да се справат со насилници и напорни луѓе? Молчат за да не изгубст работа? Ако не знаете подобро молчете, не може на сите да им цветаат рози у животот на секое поле. Бреј, шо луѓе.
Боже свашта. Нигде не пиша туку ја лично и персонално само кажав како изгледаат повеќето врски денес.
Што и се запна толку? Си кажа дека прекинала, да не треба и доказ да ти пушти... Стварно нема потреба повеќе да се збори на темава.
Нема. Ако нема постојана, отворена, искрена комуникација, ништо не можеш да поправиш. Не се објаснувај @Трнорушка_
Има, ако научите да разговарате. Не знам што ти значи тоа "не знаеме да разговараме" ама комуникацијата е една од најважните работи. Секогаш може да се работи на нејзино подобрување.
Цело време сме on and off. Љубов има и тоа е нешто што ни за миг не ни претставувало проблем, но не знаеме да комуницираме. Константно се тера инает и станува многу токсично. Ова ми беше најздравата врска до сега, но сега постојано ме стегаат градите. Не е нешто што може да се опише. Можеби треба целосно да се затвори оваа врата, еднаш засекогаш.
Како може да влегувате во врски ако не знаете да комуницирате. Врската и бракот се 90% комуникација/компромис, 5% љубов и 5% секс ах бе деца
Ако нема комуникација, прагматичност т.е флексибилност и се косат вашите желби и погледи, па и идеи и карактери тогаш наидува на ова. Искусено, пробано и муабет и се џабе.
Подобрете ја комуникацијата, одете полека од почеток и се по ред. Дали е ова сега со некој проблем поврзано или од секогаш било така? Многу е подобро кога можиш со партнерот добро да комуницираш за се, со разбирање и да не е досаден муабетот.
Како би реагирале ако дознаете дека дечко ви имал Тиндер порано (додека сте биле веќе една година во врска)? Дали е причина за раскинување? За другарка прашувам
Многу лоша ситуација. Би се осеќала повредено, излажано и изневерено. Мислам дека не би простила и прешла преку вакво нешто зошто знам со која намена човек таму може да прави профил...
Јас ќе се осеќам повредено и навредено. Ако има девојка една година зошто му е tinder? Дали си бара друга, а девојката му е сигурна карта во смисол аха та е тука, ќе биди тука ама јас да видам дали ќе најдам подобра прилика? Јас не би толерирала вакво нешто. И искрено би го прашала што му била целта, би сакала да ми објасни, па после тоа би одлучила дали ќе раскинам...
Ќе збеснам, ќе се осетам прелошо искрено.И ќе почнам со овертинкинг шо праел итн..и ќе се изедам уште толку.
Зависи, многу го гледаат Тиндер како заебанција, и може апликацијата му останала од порано. А ако се допишувал на Тиндер на една година врска со други, дефинитивно би раскинала одма.
Мене чисто че ме интересира какво (БАНАЛНО) оправдување би имал, пошо знаеме за шо е најчесто.. Да го праша зошто.