Апсолутно е. Тука мислам поголем проблем е несигурноста, т.е. прашувањето дали е причина за раскинување. (генерално зборувам затоа што многу често читам вакви прашања) Мислам дека девојкиве треба да размислат подобро и да стават граници на што е прифатливо а што не, па после да влагаат во врска. Се знае зашо се иде на тиндер. Буквално е дејтинг сајт. Ако имаш женска, што ќе ти е сајтот, жити очи? Лоџик..
Ситуацијата со @krofnicka27 моја постапка. Идев со еден долго, веројатно година време плус минус некој ден. Бев кај него на гости, тогаш баш актуелно беше играње нелути се човече, пред три години и нешто. И отварам негов лап топ додека се тушираше со цел да барам филм за гледање, забележав дека го оставил фб отворен, има што да видам... Девојките од игричката ги аднувал и на фб, абе срциња фрштат, договарање за гејмање, муабети еден куп, и тоа не било каков муабет. Обично немам ништо против да си игра на лап топ, да се дружи но со граници на нормсла, ама тогаш имав некои сомнежи дека крие нешто, го имав фатено во лага. Секако дека се соочив и прекинав. Девојко, соочи се, заслужуваш да знаеш, тиндер е дејтинг сајт. Што порано се соочиш, подобро.
И да немало ништо, мене би ме изел црвот и би раскинала. Ама знаејќи за што служи тиндер, сигурно не останало на ништо. Сознанието дека дури бил со мене си барал други а можи и си остварил и средби со нив, ќе ме убие.
Дали знаеш дека е користен додека сте биле во врска?Можеби не го деактивирал, па имал останати слики.
Колегата од факултет ме покани на забава да одиме организирана од факултет, ама он е од друг смер и од кога ми пиша минатата недела постојано лични работи ме прашува и зборуваме, неколку прашања ме праша за факултет и толку беше, така кажано колку да почне разговор.. Јас си го сакам дечко ми, не ми доаѓа ни на крај памет да бркам' друг дечко или паралелно да терам нешто, ама не знам дали намериве на дечково се некој други или сака да искочиме заедно само на забава како колеги.. Прашав и за други дали ќе одат т.е он дали ќе оди со некој друг и ми рече не, само јас и ти ќе одиме, не се договарам со други.. Аии збунета сум, мене ретко кој ме кани негде да одиме, затоа што не се дружам со никого скоро, и сега ме покани, и јас сум збунета и не знам дали да одам и како и дали да му кажам на дечко ми дека ќе одам на забава со колега што сум го запознала минатата недела.. Дали да го викнам и него, мислам он нема да дојде сигурно, ама дали е добро да го викнам со нас?
Предложи да идете на кафе негде, ко почеток на другарство на забава ми е ту мач. Нема што да љубомори дечко ти. Ќе кажеш дека ти е само другар, дека го гледаш како другар не осеќаш ништо повише од другарство. Не сте деца, по 20г имате. Ќе знаете што правите. Ај да сте деца нека љубомори ама вие големи сте.
Минатата недела ми пиша прв пат, не го ни знаев пред тоа, полагавме заедно изборен предмет и таму ме видел, па ме нашол на список од тие што полагале(не знам ни јас како) и ме барал на Фејсбук, и ме нашол, и ми пишал.. Не сме блиски, ама не сакам да бидам параноична и одма да мислам дека сака нешто, можеби сака само да одиме на забава како колеги.
Јас не би идела. Не заради дечко туку никогаш не би идела некаде сама со непознат човек, никогаш не знаеш со кого си имаш работа. Плус дефинитвно не те вика само другарски.
Ако те вика насамо некој што си го запознала пред 1 недела, јасно е дека те вика за да излезете како повеќе од другари. Јас не би идела, да бевте повеќе колеги друго е.
Ехеее, ова е друго. Нема човекот другарски намери. И плус едно е на факултет, во живо да се запознаете, по 5-6 саати заедно на предавања и размените броеви сошл Медија, друго е сам да се мачел да те бара. Не би одела. Ама од друга страна и онака си во токсична врска, тој ќе го оставиш, овој ќе го фатиш. Не ме фаќајте за збор знам дека не е океј од врска у врска да се влага, сепак ќе си дадат нели време и ќе се запознаат.
Па да, ама што знам, јас немам другари и сега некој ме викнал, и сега испаѓа дека јас одма си мислам дека он сака нешто повеќе со мене, како одма предрасуди да му давам, можеби сака само како колеги да одиме на забава.. Така ако правам, и за тој еден што ме викнал да одиме на забава мислам дека ќе ме искористи никогаш нема да си најдам пријател..
Се сложувам за тоа дека нема да си најдеш другар ако сите одма ги отфрлаш, ама овде прилично јасни се работите, дефинитивно не те вика како другар.
Патиш од токсична врска +осаменост. Не би идела на забава со тип што не го знам, наместо тоа би му понудела да искочиме онака кежуал. А ако дечко ти не сфаќа дека си осамена и ти треба друштво, а одозгора да љубомори, не ти треба таков. Ама од друга страна да знаеш дека можеш повеќе контакти и луѓе да запознаеш на забава. Како сакаш.
Баш напротив, воопшто не е љубоморен, и ми вика постојано да си најдам пријатели и да не зависам само од него.. Пред малку ме покани и утре на забава да сме оделе, ако сум сакала па другата недела пак на таа од факултет..