Зошто би го интересирал твојот приватен живот кога те викнал да му правиш друшство да не иде сам. Ти му кажа и тоа е,сакаш викни го дечко ти, сакаш не иди. Твој избор.
Не си ГУБИ време со мажени, лажат сушат освен ако сакаш аванура, ној никогаш нема да ја остави, само ќе те искористува. Продожи не губи време за трчи лажи фаци.
Остави нека се разведат прво, и дај му време нека ја заборави, колку и да не му оди или и да дојде до развод, ќе има чувства затоа шо тие биле во брак. Биди трпелива и нека си биде се на чисто.
Нема да одам на забавата, му кажав на ДМ дека ќе искочам со колега, на забава од факултет, и му викам сакам да се социјализирам малку, знаеш што ми рече? Каква социјализација, каква забава од факултет, типот на дејт те кани тебе, отворено на дејт те кани, и ми рече дека можам да одам ако сакам и дека нема да ми рече ништо, ама кога ќе пробал да ми се пушта таму сама ќе сум си била одговорна и дека он немало да толерира такво нешто после тоа доколку се случи..
Па во право е дечко ти, треба да си од Марс паднат па да не сфатиш дека колегата нема другарска намера, туку те вика на дејт. Јасно ни беше тука на сите кога прв пат пиша. Јас да сум на местото на дечко ти, ако отидеш би ти раскинала, бидејќи јасно ко ден се гледаат намерите.
Во целава ситуација не кажа ти што сакаш да правиш. Еве јас сум одела на кафе....со колеги од група никој од нив немал задни намери едноставно сме колеги и се почитуваме,а дечко не ми ни замерил, има доверба и јас самата сум свесна што сакам, а што не.Конфузна е ситуацијава можеби типот стварно сака да се дружите, ти дали сакаш да одиш? Ако ти се пушта, возрасна личност си ќе му кажиш не и завршена работа. Или расчисти кажи не сакам да одам и готово. Мора сама за себе да си одлучиш
Едно е да одиш на кафе со колеги што ги знаеш подолг временски период а друго е да одиш во диско со нов колег што не го знаеш. Би ти било ок твојот партнер да оди со некоја нова колешка во диско ?
Ме кани сами да одиме затоа што не се дружел со многу луѓе, само со еден се дружел и он си е дома за празникот, не е во ск, ми спомна за забавата и јас кажав дека не одам на забави затоа што немам со кого, така кажано немам пријатели, и ме покани, сите колеги ќе бидат таму, ама секако секој доаѓа и си оди со една или две личности од забава, никој не оди со 30 луѓе таму, секако ќе ги поздравиш таму ама нема со сите да седиш.. Како и да е, нема да одам на забавата, а и онака е скапо место.. Значи можам да претумачам кога некој ми се удвара, ама овој со ништо не иницира дека ова го сфатил како дејт, освен тоа што ме прашува лични работи постојано, и ме нашол сам по списоци..
Немам проблем вервај затоа што имам доверба, ако е изградена личност која си цени тоа што го има нема ништо да напрај, а ако напрај значи не е за мене. И како што кажа членката на забавата ќе бидат колегите од факултет, тој не ја кани на место каде што ќе бидат само тие. Јас како што ја разбрав забавата е организирана од колегите од факс. Не ја поканил целно туку правеле претходно муабет. Знае дека има дечко, ако направи чекор кон неа она ќе си се повлечи и ќе знае која му е намерата, фала чао пријатно. Е сега и таа комуницира со него можеби тоа му дава повод него...јас ако се сомневам одма ќе си расчистам и нема да комуницирам, и отворено ќе го прашам, затоа што ме нервират такви подмукли работи...
Не знам мене пак не ми е чиста намерата од негова страна. Зошто тогаш не вика други луѓе туку само она? Се дружел со еден само хах... Нека викне она други колеги. Тоа што она се допишува со него по муабетите што се само претставени се гледа дека дечкото ума други намери. Инаку нема да игнорира кога некој дечкото ќе го спомнува 6 пати... Може и грешам не знам. Ама секако мене си признавам не би ми било сеедно да отиде маж ми со нова колешка сами они двајца таму. Да се таму сретнат па повеќе луѓе па не знам што ок. Вака е баш баш безвезе. А од другс страна ско сака да ме изневери со неа може и додека е на работа/после работа . Најсе, не ми штима мусбетот.
Ама она не бара мислење за сегашниот. Си го знае, си го толерира, добро и е значи. (Немам појма каков е сегашниот) сувишен е коментарот ми е муабетот
Не ти е малку крипи те најдува во список ти пишува и ти одма излегуваш? Мене како машко ми се испотија рацеве и се замислувам некоја така да ми пиши..