Како може нешто што не си го мислела да ти излезе така само од себе и да го кажеш само затоа што си нервозна? Што и да си му кажала си кажала затоа што така мислиш, и може така е подобро, нека ја знае вистината.
Од тој лажниот профил прати си слики на вистинскиот со чатови и после покажи му ги и раскини му, или само од тој кажи му која си и дека не ти се допаѓа што така пишува на секоја рандом девојка која ќе му се појави и кажи му дека несакаш да бидиш во врска со таков човек. Ако сме сите исти зошто бирате, што е важно кој ќе е ако сме сите исти?
Потегот ти е како на девојка од 15 години(извини), значи ти немаш во него доверба, он само гледа негде да ебне нешто на страна ако може.. Мислам дека не вреди ни да се замараш веќе, раскини му одма, и не се спуштај уште пониско да земеш да се објаснуваш зашто му раскинуваш, доволно било ова со лажниот профил што си се понижила, дури и премногу..
Ама неможе нешто да кажеш така, мора некогаш да си го помислил, може и тој е виновен зошто те натерал тоа да му го кажеш.
Можеби се гледал фејкот профил дека е фејк и вратил од чиста култура на пораката. У пмс бев, океј? Се нервирав незнам ни самата зошто, у рок од 15 минути менував расположенија, со мало невнимание се деси и кажав нешто непормислено. Ама неможе он мене цел живот да ме трпи така, треба да го сменам тоа.
Ако те сака ќе те прифати со сите лоши страни што ги имаш и ќе се навикне да живее така нема да го земам во тој момент тоа здраво за готово.
Ама јас не сакам така, јас сакам све да биде океј и да нема такви испади од моја страна. Сепак фала ти.
Ако не е во врска има право да пишува на други... Ако сте во врска, да, тогаш е глупаво и не е фер према партнерката. А, вака ако една година зборите и немате нишо официјално, можеби сака да си побара друга среќа и нешто можеби посериозно. Само гласно размислувам.
Тоа е тоа брутален искрен одговор, така и ќе постапам И што ако не сме во врска? Па само што се слушнавме исклучи и одма почна да пиши на профилот и на стори по 10 срциња става којзнае и на колкумина става.. Година ме молеше, сите машки се исти
Ако сте биле во врска, стварно за резил направил. Ако не сте биле во врска, и му го правиш ова стварно си за резил.
Па многу нормално дека игра улога дали сте во врска или не... Ако сум во врска нема да правам што сакам, ако не сум ќе правам што сакам. А твојов потег нема ни д аго коментирам си знаеш сама (со лажниот профил)
Ехее на темава, реферати можам да пишувам... Не знам што е детски да се направи профил за да се провери некој, искрена да бидам мене тоа повеќе ме '' спасило'' од колку што нешто лошо било, секако само да е убедлив профилот, сум дознала дека дечко кој наводно ми глумеше искрен, на лажниот призна дека е оженет, а мене никогаш не ми кажа, среќа па останавме само на едно кафе, исто дечко кога имав, сфатив дека исто сака и со друга како со мене дури без срам сакаше родителите да ми ги запознае, мсм шта речи... Ама не се согласувам, проверување на личност ако не е врска.
Ако осеќаш следен пат негативна енергија, одма физичка активност.Трчај, вежбај во теретана.Не сме Ви ние машките издувен вентил. (се шалам, малце ироничен да бидам)
Тачно Чак дознав и други работи што не ги знаев, како опуштено све си кажуваше леле мајко си реков дали овој е истиот што го знам Па 1 година ме замараше и изгледаше загреан а бил цело време лицемерен
Какво време дојде, да е пожелно да имаш добар фејк профил и да ги тестираш партнерите за нивната лојалност. Не осудувам ни најмалце, туку криво ми е што у ваков свет живееме мме, кај шо не постои верност.
Една година те замарал и ништо не сте направиле?Каде е тука лицемерството?За една година некој фамилија ќе основа, а вие ни врска немате.Chill out.Може и те игра, знае дека си ти со лажниот профил.
Напраивме нешто се решив да му дадам шанса и тоа И не верувам дека мисли дека јас сум со лажниот профил зашто што не ми изнакажа мн се разочарав мн лицемерен испадна