И да не биле во нешто сериозно, има луѓе на кои им смета такво понашање па се и да е тек почетокот. Некои луѓе не сакаат да се со личност која се лиже со уште други 2 тој ден.
Пријателе. Мојата призма на гледање е оваа. Џастисија го мавтала дечково извесен период додека тој се обидувал нешто со неа. И ова ваљда си хранела его... пошто ете трча некој по неа... ко дознала дека сепак момчето си е слободно и нема обврска кон никого си флертува, си се допишува и запознава со повеќе девојки...... Сеа че ми извини Џастисија ама то е моето мислење.
Не Ама ако беше заентересиран за мене како што кажуваше немаше и со други да флертува Нека остани сега со к**** во раце
Значи испаѓа до негде сум во право, сакаш да кажиш ти годеше да ти храни его, а во меѓувреме да го мавташ, до кога?
Ова е тоа тоа И да сме биле во врска истово би го направил На голема жалост мене ми пишуваа јас нив не Тотално сум разочарана од машкиот род, и женати и младо, старо кој све не ми пишеше тотално се разочарав
Мојата прва и 6 годишна врска, долго време се обидував да ја спасам, давав многу шанси, добивав ветувања кои следниот ден беа прекршени. Одеднаш друштвото и алкохолот станаа поважни од мене, довербата кон него 0%. Секоја вечер, секој ден кавги. Сакав да разговарам но ток одбива - не сакал да се нервира и расправа(додека јас секој ден 1 месец експлодирам од нервози и плачење) се осеќам беспомошно, безнадежно, душата ми се распарчува, чиствував како се оддалечува од мене без причина. Треба да го мразам, но длабоко во себе знам дека премногу го сакам, боли и со него а знам ќе боли и без него. Сакам да ставам крај, се обидов многу пати но попуштам на крај со надеж дека ќе се врати "онај стариот". Залудно...
И што ако е 6 годишна, кога не сакал да се замара.Ајде малце храбро и батали го.Нели гледаш, не те почитува со тоа што ти го рекол.Пиши му залудно си изгубила 6 години со него и блокирај го од инста,фбе.Почни си нов живот, не ти треба таков кој не те почитува.Има и ќе си најдеш подобар од овој.
Му го напоменав тоа дека не ме почитува во последно време и тој одрекува као демек не те варам, не излегувам со жени, со другари сум цело време, немало потреба од кавги. Многу незрело се однесува. Лесно е да кажеш батали го ама јас сум преемотивна мислам дека би полудела да го видам со друга...
Кажи му дека ти е потребен, внимание ти треба и љубов.Директно кажи му сакаш да сте заедно и види како ќе се однесува.Доколку попушти, смирете се, отидете на вечера.Ако нема почит и разбирање, тогаш е крајот мислам и нема назад.Остави ги емоциите и мисли со памет, а не со срце.Можеби малце е сурово и болно, но тоа е реалноста и вистината.Животот губиме некогаш луѓе, но и нови доаѓаат.Така да, обиди се со тој совет.
Сето тоа го прифаќа и сака кога сме заедно, кажува дека ќе биде се во ред, ама кога не сме еден до друг како друга личност станува.
Кога некој не е за тебе, едноставно не е. Плачи и рикај колку сакаш, али џабе ти е врска кога наместо да те полни со среќа, он те растажува. Батали емоции, мисли рационално.
Можеби си има свои проблеми.Дај му време на времето, не се гледајте подолго време.Тебе нека те снема.Гледај си свои обврски и олабави малце.
Одиш со главата в ѕид. Ако во врска се однесува вака што очекуваш да се смени понатаму. Потпаѓаш под емоции и не размислуваш воопшто. Размисли си животот каков ќе ти биди ТЕБЕ, ако ти треба друга личност за да бидеш среќна самата, нешто си направила како што не треба. Ако не чини врската дури не прераснала во брак раскини, знам дека е тешко, но еден живот имаш
Аман со тоа толку и толку години сме у врска, не сакам да пропаднат у вода, бла бла.. И бракови се растурале еве ги живи и здрави и среќни. Кога гледаш дека не иде, зошто упорно се форсира? @Wonderfulx нема иднина со тој човек, не си го уништувај животот, тој нема да се смени, си го тера истото. Си се потрудила, доста беше, сега е време тој да се потруди. Не е дете мало па да му кажуваш шо е правилно, што не, самиот треба да биде свесен.
Run sis run, плачи ако ти е тешко, ама бегај што подалеку и не се врти назад. Колку порано, толку подобро. Боље болан крај, нек бол без краја. - Азра, Хари Мата Хари