Слично беше и со нас. Затоа дојде до крај. Најчесто средношколските врски што се долги се вакви. Доаѓа момент на неиживеаност и пукаат...
Не мислев дека некогаш ќе побарам мислење во темава. А и не сум мала за ова што барам мислење, ама некои работи не ми се јасни . Со дечково сме заедно веќе три недели, но официјално сеуште ме нема прашано дали сакам да му бидам девојка , иако функционираме како да сме во врска. Не знам дали да очекувам дека воопшто ќе ме праша, модерно е да не се прашува или што е работава не знам ??
Јас би сакал официјално да се праша на некој начин, ако немам одговор а ме копка че си прашам. Јас девојките секогаш ги прашував директно дали сакаат да бидиме во официјална врска.
Па, јас сакам да бидам прашана или да дојде разговор на таа тема и јасно и гласно да се дефинира што сме. Така беше почетокот на мојата врска.
И јас очекувам да ме праша и да дефинираме на што сме, дали сум му девојка или не . 24 часа сме во контакт, секоја ден сме заедно, имаме заеднички активности во текот на денот. Кажал на неговите другари за нас, а и моите другарки знаат, од скоро и во јавност сме заедно како пар, ме држи за рака, не ми јасно зошто ме нема прашано или мисли дека е сеуште рано . За неколку дена треба да одиме заедно на една пригода, кај што ќе биде негово друштво, не знам како ќе ме претстави . @Stark @Dream-Girl благодарам за мислењето, го делам и јас истото , само сакав да слушнам и од други.
Немаш гајле штом сите останати работи ги прави како треба. Може не е буквалист, смета дека со делата си докажувате.
И јас делам мислење со @Ramones веќе штом знаат блиските за вас, се гледате секој ден, викаш ќе одите заедно на пригода, ваљда мисли дека се подразбира дека сте пар
Како низ магла ми е затоа што е многу одамна ама на почетокот на врската со тогашен дечко сега маж ја имав истата дилема како тебе и се сеќавам чекав чекав и на крај го прашав, а он ми се насмеа и ми кажа па нели се подразбира ти што мислиш дека сме Кога веќе се правите заедно како пар нема потреба и официјално да си кажете т.е да си се прашате, мислам дека се подразбира затоа и не ни спомнал ништо до сега. Но сепак во следна прилика суптилно можеш да спомнеш/прашаш.
Ги читав мислењава и нова сум во дејтање и излегување па ништо не ми е јасно. Дали да сметам дека ми е дечко ако правиме многу работи заедно, шетаме фатени за рака, функционираме како пар и се бакнавме? Или треба да ми каже тој нешто?
Ништо не треба да ти каже, се подразбира дека сте во врска чим сето тоа го правите заедно.. А ако ептен сакаш да си имате датум кога сте се "фатиле", спомни му и најдете си еден датум што ќе си биде како ваш датум онака симболично.
И јас така ко тебе пред 5 години, се спријателив со една, се шетавме, се мувавме, си се држевме за рачиња и после 1 година ја прашувам што подарок сака за годишнина и таа ми вика: ,,па ние не сме во врска".
Машките се многу глупави и размислуваат само со долната глава, и да го побараат тоа можеш да му го свртиш паметот со муабети и нема да знае каде е не пак камера да побара