Еве сега на лажниот профил ставив слика и тој срциња фрчииии, а после некоја минута ми пише мене на вајбер и што сакаш повеќе од овај резил
Исто бев и јас, само си го прашав директно" еј .... ќе ме прашаш официјално дали сакаш да ти бидам девојка или не?" Така да слободно прашај го или директно или одоколу
Е многу и даде ветер во грб @Guns N` Roses можеби смета дека сте мн рано заедно па затоа не ти предложил, некои на прв состанок дефинираат на што се некои со месеци одат и не знаат на што се
Дали може некој да ми каже што значи ако машко ти го бацува стомакот цело време??? Долго време можи 5 години цели се допишувавме со дечкото, порано еднаш излеговме на кафе, и вчера после години пак излеговме и незнам зошто цело време ме бацуваше по стомак.... Значи со дечково се допишуваме постојано и во последно почна да ми пишува како неможе повеќе да се допишува сака да преминеме во живо да се гледаме почесто...
Kako mu dozvoluvas tolku dolu da se navednuva ne ti idi filing ko da saka da ti ja izlizi dolnata? (Da mi prosti denov praznicen)
@Guns N` Roses Јас лично не би се замарала со „правила“ за „модерно“ дејтање, туку би се водела по она што мене ми е потребно и што јас го сакам. Кога би излегувала со некого, се разбира дека не би го прашала уште после првиот пат дали сме заедно, затоа што треба време да се воспостави однос со било која личност, не се заклучува тоа по 2-3 пати гледање. Но, кога би поминало време и гледам дека односот ни се интензивира, дека немаме проблем со тоа дали и кој би нè видел и би претпоставил дека сме заедно, не би чекала на него да ме праша. Како што рекоа, можеби едноставно мисли дека се подразбира или пак, еве кога јас би се ставила на негово место, како да прашуваш нешто ептен официјално и го правиш ептен сериозно. Не дека ко ќе си во врска не треба да си посветен еден на друг, само не мора од старт да виси сериозност како: готово, едно сме, почнуваме да размислуваме за заедничка иднина. Тоа ќе си дојде само од себе, со тек на време, а дотогаш фокусот би бил на запознавање и создавање заеднички спомени. Нејсе, малку забегав, само објаснував да не сум погрешно сфатена што сакав да кажав со „официјално“ и „сериозно“. Значи, можеби заради тоа не те прашал. Во секој случај, ако тебе ти е важно да знаеш точно на што си, нема потреба да чекаш да те праша или да се стегаш заради некои „правила“. Прашај го ти, не мора машкото да е иницијатор; не зависиш ти од него, па да чекаш тој да ја донесе одлуката кога ќе дефинирате на што сте. Не мора да е во стил: „сакаш да ми си дечко?“, туку можеш да прашаш: „што сме ние, како би се дефинирале, какви „обврски“ имаме еден кон друг, дали сме заедно/пар“ итн, било што што ќе ти текне. Ако ти рече дека сте заедно, можеш да го прашаш што значи за него дека сте заедно и како би сакал да прогресираат работите, со кое темпо да терате. Можете да разговарате и за тоа кои ви се очекувањата еден од друг како пар, како би функционирале и како сакате да функционирате. @WildMk еднаш напиша на форумов: „добро е од старт да дефинирате што сметате за неверство“ и уште тогаш помислив дека тоа е одлична идеја и ем те насочува тебе како да се однесуваш или ти укажува каков проблем би можела да имаш во иднина во зависност од неговите очекувања за тебе, ем ти јасно тргаш линии кои другиот не би смеел да ги помине. Јас би го проширила ова од неверство и во неприфатливо однесување за тебе. Така и ти би била одговорна пред самата себе да се држиш до тоа што си го рекла на почетокот, а да не бараш изговори за да го оправдуваш тоа објаснување во иднина. Малку ти го проширив прашањето, ама само сакав да ти дадам идеја за подобро да си ги дефинираш работите, да ти олесни во иднина дека некои работи се јасни и „договорени“. @penelope10, бакнувањето само по себе не мора да значи дека некој ти е дечко. Но, другото што го напиша може да значи тоа. Доколку имате честа комуникација и на еден начин се поставувате како еден со друг да си сте дел од секојдневието, односно си кажувате работки од секојдневие, случки од денот итн, тоа е тој вид на комуникација што го прават паровите, исто како на пример кога ги гледаш родителите или други парови (невенчани или венчани). Јас би ти го рекла истото како на @Guns N` Roses погоре - ако ме интересира, ќе си прашам директно, нема да претпоставувам и нема да чекам на него да ме праша.
Девојки ми треба совет, исто и од машко некое добро би ми дошло совет, мислење!! Дечко ми го нема 7 дена да се јави на телефон. !САМО ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА ОВА НЕ Е ПРВ ПАТ ДА ПРАВИ ВАКА! Во врска сме 9 месеци!! Најдолго што го немало било 4 дена. И СЕКОЈ ПАТ КОГА ЌЕ ГО НЕМА СО ДЕНОВИ Е ИСТОТО, ЈАС ЅВОНАМ ТОЈ НИТУ КРЕВА СЛУШАЛКА НИТУ СПУШТА. Вака праваше пред неколку месеци и сеа пак. Стара песна на нов глас. Дечкото е непредвидлив и проблематичен. Работата е што кога и да му ѕвонам, само ѕвони, ниту ми спушта ниту крева слушалка, цела оваа недела е така. Од неделата го нема нигде. Му ѕвонев вкупно 7 пати во текот на целата недела и му пуштив 3 пораки. Пред две недели го немаше неколку дена и од нигде никаде ми се јави ми кажа имал проблеми сега цела недела ни трага ни глас. На фб глеам само се уклучува и ништо ниту објавува ниту коментира тоа не е типично за него, не личи на него. Не се работи за раскинување, ако беше тоа во прашање ќе ми кажеше! Ако му ѕвонам уште еднаш да не рече што вртиш толку, а ако не му ѕвонам да не рече зашо те нема? Затоа што сум поминала низ двете сценарија со него. Контрадикторен е на моменти. Не знам ниту каде е, ни како е, ни што се дешава со него. Многу сум анксиозна овој пат. Очигледно е дека нешто се случува. Све и свашта ми помина низ глава, да не се степал со некого, да не се влечка по полиции, да не ова, тоа итн итн. И чудно ѕвони телефонот цела недела. Кога вртам чекам подолго пред да почне да ѕвони, никогаш не се случувало тоа предходно за овие 9 месециМногу сме поврзани и кога нешто не е како што треба со него можам да осетам. Многу се грижам затоа што ова е најдолго што го нема! Што да правам?
Што бараш со него? Јас не знам како трпите вакви проблематични дечковци и плус толку дена да не крева на телефон значи упорно одиш со глава во ѕид, до кога ќе толерираш црвени знаменца?
Како може да сте поврзани ако често прави вака и ти не знаеш што му се случува во животот? Инаку, ако постојано прави вака, а си му кажала дека ти смета, немаш баш што друго да правиш освен ти да раскинеш. Плус, наместо тој да ти вели оти те нема да се јавиш, ти би требало да го прашаш тоа него следен пат кога ќе ти рече така. А ако ти е страв сега конкретно да не се случило нешто, тогаш повторно нема што да правиш освен да чекаш да ти се јави. Макар што, самиот факт што ти идат мисли дека би се тепал или влечкал по полиции кажува каков карактер е и би требало да се тргнеш ти сама од него...
Од милост ли го прави или страстно те бакнува таму?Не му дозволувај ,тргни го со рацете и кажи му дека ти е неудобно
Самата кажа дека е проблематичен. Главниот проблем е тука во тебе т.е. тоа што очекуваш нешто многу подруго од него, не си го прифатила каков што е. Аман, одбирајте луѓе со кои си одговарате, не само ко мува без глава да се залетуваш на се што ти е атрактивно за око.
Ништо. Да чекаш да ти пише он и да бараш објаснување. Иако освен ако не каже дека го киднапирале Амиши, не гледам што друго би било добар изговор да те игнорира и не врати цела недела.
Дечки ајде мислење полудев веќе Дефинитивно нешто има, мене ова ми личи на некакви приватни проблеми и дека е фокусиран на нешто изминативе денови. Почекај уште малце и биди трпелива ќе ти се јави, затоа што како што и самата рече вака правел и порано па се јавувал. Ние не можеме да знаеме што се случува во позадина. Господ напомош.