Здраво девојки, веќе 1 година сум во врска со дечко ми. Убаво ми е, во јавност сме заедно, ме има запознато со цела поширока фамилија, одиме заедно на одмор и викенди. Се е супер. Никогаш не направил нешто што би ме повредило или да предизвика сомневање. Има само инстаграм и уште на почетокот ги избриша оние девојки кои не ги знае и би ми сметале, следи околу 150 луѓе... цело време ми го дава неговиот телефон ја знам и лозинката гледам дека не пишува со никоја и дека не лајкнува на никоја. Во последниот месец ми зборува и за запросување бидејќи сме по 23-4 год. но јас имам трауми од претходната врска каде бев изневерена. Му верувам, но се плашам. Не мислам дека тој ќе ме изневери, општо имам страв во животот да не дојдам пак во таква ситуација. И не, врската не е совршена нормално сме имале караници но секој пат сакал да ги решиме и секој пат тој ме побарал.. никогаш не било не сакам да сум со тебе ќе си најдам друга и слично. Не се сомневам во него, но имам страв и анксиозност одвреме на време кога ќе се сетам што поминав и срцето 200 ми чука.
Јас него го прифатив каков што е со сите негови мани и добрите страни и никаде не напишав дека не сум го прифатила таков каков што е. Погрешно сте процениле. Ама океј нема везе..
@mlada.dama имав таков проблем со првиот ми дечко. Не се јавуваше, не пишуваше, не враќаше, ништо, се правдаше со глупости, болен бил, нервозен бил, не знам што не знам како. Нормално дека не му верував, сомнежите ми се исполнија, ме изневерувал. Не велам дека е случајот кај тебе ќе заврши како кај мене ама такво исчезнување од негова страна, не ми мириса убаво. Размисли си дали сакаш да продолжиш. Не барај проблеми кај што не постојат.
Можеби. Но ако си го прифатила како проблематичен не треба фактот дека не ти се јавува да те нервира. Таков си е човекот, ќе прави што сака..
Да бидеме реални. Венчавање после 1 година е прилично брзо. Не велам дека е и погрешно, не мора да значи. Ама е брзо. Едвај сте излезени од иницијалната honeymoon фаза. Со оглед на тоа што имаш проблеми со доверба од претходни врски, тебе очигледно ти одговара да не брзате, да се запознаете подобро. Него му одговара свадба. Следно е да седнете, да разговарате и да најдете некое заедничко решение. Не дозволувај никој да ти врши притисок и да се согласиш на нешто за што не си спремна.
Значи човек неможе да го снема со денови и ништо да не прави 848757248849888% има нешто. Изневерување, дрога, марихуана, коцка, психички проблем, депресија. Збори со него нека ти каже зашо го нема толку време.
Значи и јас викам дека има нешто САМО НЕ МИ Е ЈАСНО ШТО?? Тоа го кажувам цело време. И ПРАШУВАМ НА ФОРУМОВ ДАЛИ НЕКОЈ ИМАЛ СЛИЧНА СИТУАЦИЈА КАКО МОЈАВА, ДА Е ВО ДОЛГА ВРСКА И ПАРТНЕРОТ ДА ИМА ТАКВИ ИСПАДИ, ШТО БИ МОЖЕЛО ДА СЕ СЛУЧУВА
Не сме зборувале за земање оваа година, напротив за народното лето и двајцата имаме некои планови за оваа година во врска со работата што треба да ги завршиме. Ми кажа само дека наредната година би сакал да се земеме да не чекаме 5 години бидејќи и онака сме приврзани и цело време сме заедно.
@mlada.dama Ми текна ова, зошто не пробаш да се јавиш кај негов познаник или близок да прашаш што се случува со него? Јас да сум на твое место би вртела со скриен чисто да испитам ситуација кога веќе толку те загрижува ова. Сега чекањево најлошо.
Зависи колку време се допишувате. После две недели обично сум одела на дејт кога сум се запознавала со некого преку нет.
Уште тоа фали да го направам па ќе ја наредам работата. Сум помислила на тоа иначе. А за ова со скриен да ѕвонам ќе размислам
Тинејџери сме, 17 години, немал ни претходна врска како што знам. Исто и јас, немам искуство и затоа прашувам. Мислам дека е срамежлив, не знам дали јас да го прашам да излеземе, но да не ме сфати погрешно.