Многу се замарате за индивидуалци кои не ни помислуваат на вас. Сами си наштетувате на менталното здравје.
Хмм, да не чека ти да го викнеш на дејт? Види пробај, пушти му некој муабет за кафе. Јас секогаш кога станува збор за машко и искачање прашувам без око да ми трепне, не се водам од принципот "чекам тој да ме викне на дејт" и сум имала добри резултати хахах.
За се и сешто збориме ама за кафе никако не дошол муабетот. Ќе пробам ќе му спомнам некако. Не сакам да мисли дека му се нафрлам или дека очајно него го чекам да идеме на кафе...
Ако ти е за утеха ние после 3-4 месеци пишување излеговме, еве сме сега со години заедно. Првично не ни пишувавме со намери да излеземе или јас така си мислев , но и искрено убаво излезе што беше така, премногу се запознавме за тоа време пишувајќи и во живо после беше ептен опуштено, се осеќав како долго да се знаеме. А и ептен имавме за шо да збориме дека со месеци наназад знаевме што ни се дешава у животот. Секој пар е индивидуален и нема некое правило, како вас ви одговара така. Може не сака да брза, може е срамежлив и уште време му треба да се опушти итн. Ако муабетот е океј, константно пишувате, се е во ред. Ако сакаш можеш и сама да му спомнеш, нема ништо лошо ни во тоа. Среќно , дај боже се да испадне океј, твои години бев кога почнав врска со дечко ми и пресладок е цел тој почеток и таа средношколска љубов. Уживај си, не се секирај премногу, нека оди се спонтано.
Работата е што тој е љубоморен и не ми дозволува да комуницирам со негови другари. Знам на кого да се обратам ама нема да го направам тоа затоа што ќе испаднат проблеми.
Твоето е пример за токсична врска. Дури се плашиш да не направиш проблеми зошто си вртела или пишала како и да е на некој негов близок затоа ќто си загрижена за. Него? Размидли убаво и стави се на наше место во кое некој ја кажува твојата приказна што совет ќе му дадеш? Јас би ти рекла контактирај со некој негов близок дали е ок дали знае нешто , а ако од тоа настанат проблеми ќе сум среќна што сум се откачила од некој таков искрено да ти кажам. Со среќа
Нема потреба да ме напаѓаш. Прашав за мислење, си пишала што мислиш преска. Фала ти на мислењето. А никој не знае што се крие у позадина на секоја врска каде што се бараат мислења и совети по форумов. Никој не е должен да ја раскажува целата приказна. Само јас знам со каков човек сум и каква е мојата врска. Поздрав и убав ден.
Ти или си иста како него па сте се нашле лонче и капаче или ти се заканува и не смееш од страв да го оставиш. Инаку никоја не би го трпела таков проблематичен што и во затвор ќе заврши.
Токсични и љубоморни сме и двајцата и тоа е факт. Лонче и капаче ќе да е работава. Тој е тежок тип, а јас уште понапорна сум од него...
Ех девојко чим го пиша ова, џабе убедување и советување по форумов цело попладне. Пак по свое ќе си тераш
Почекај го додека да те побара тој и покажи малку став и барај објаснување од него зошто вака прај. Не дека не знам вака да си претпоставам, ама ајде кога веќе си решила да си со таков тип....
А вие не комуницирате на фб или друга социјална мрежа? Бидејќи кажа уклучен бил. Од ист град сте? Не се знаеш со ниту еден негов другар, роднина? Далеку живее да отидеш кај него?