@mlada.dama зашто си го губиш времето со тип кој очигледно не е заинтересиран за тебе и е со тебе само зашто му е досадно? Не те сака. И сама кажа дека е проблематичен.
Они ко ќе намирисаат одпочеток дека немаш став, џабе ќе го покажуваш одпосле. Мислам дека тука се доаѓа за тапшања по рамо, се друго паѓа во вода и се игнорира.
9 месеци не е долга врска. За 9 месеци не можеш човек да го запознаеш целосно. 9 месеци е фаза кадешто ви е интересно, убаво, на почеток дејтови, состаноци...
Во ист град живееме и се знам со негови познаници ама не комуницирам со нив. Се уклучува на фб ама нема никаква активност како што напоменав претходно и тоа ми е чудно. Не е типично за него тоа. Обично коментира по објави или додава пријатели, цела недела ништо од тоа. Само се уклучува и исклучува. Чудна работа.
Луѓе нема да верувате ама само што ми се јавииии, хелоуууу Уфф фала му на бога. Се е во ред. ЏАБЕ СЕ ТРЕСКАВ ОД ЗЕМЈА И ДРАМАТИЗИРАВ Среќни празници на сите!
Зависи колку сакаш да толерираш вакви испади. Каков и проблем да има можи да те удостои барем со една порака, да објасни зошто го нема, што е проблемот, што го мачи. Да, не сте многу долго во врска, но мислам дека заслужуваш објаснување. Сама мора да си одлучиш дали вреди да си со ваква личност. Напомена дека не му е прв пат, така да нема ни да му биди последен. Сепак кога си со некого треба и другата личност да знае за твоите проблеми, можеби ќе ти помогни, а вакви испади ми е малку незрело однесување. Не знам колку ти е паметно ти да истражуваш наоколу, тој треба да е таа личност што ќе комуницира со тебе за се и сешто, а не некоја 3та личност.
како тоа за џабе? Дали ти си свесна во какви води се впуштат? Бидејќи така се поставувате со ниски стандарди, ве третираат евтино. Утре кога ќе ти биде маж и кога ќе го снема една недела исто ќе премижиш? Не сте ми јасни. Се знае жена, силна цврста да не попушти, а не да се лигави и да простува се. Тебе или ти е страв да си сама или си опседната.
Господе прости им не знаат што прават. И на девојкава да и памет. Амин! Не знам дали да се смеам или да плачам на ова што го прочитав... ќе кажам само господе боже...
Поголемо драматизирање и хистерија немам видено во последно време. Ова е дефиниција за токсична врска 10000%
Значи девојката е во долга врска од вкупно 9 месеци "си веруваат и се приврзани многу", во меѓувреме тој треба да оди во затвор, а таа не ја знае ни причината? Исчезнува од време на време и се враќа ја замачкува работата и пак си оди по свое. Доколку ова не е ТРОЛ, треба да се сфане сериозно, човекот е 30 години и треба да оди во затвор- ЗАТВОР. И ти не знаеш зошто? Се надевам нема да заврши трагично со некое бело робје и органи. Немам зборови во какви опасни работи се плеткале поради "љубов". Љубовта треба да биде убава и безболна, во ниту еден момент да не се замислиш дали си вредна и зошто си оставена!
Ајдеее типот треба да оди во затвор, а тебе единствена грижа ти е што не те бара 7 дена?еве не можам да те разберам
Во затвор не се оди за џабе, сигурно има потешко кривично дело направено, дури и за марихуана, казната е парична, или за нарушување јавен ред и мир, повеќето казни се парични во денешно време а ако оди во затвор сигурно се работи за многу потежок криминал, кражба, тепање, дилање бело..
Во право си... ама за кражба, тепање и дилање до 1 година се оди, таа имаше кажано од 3-5 години... или се силување или убиство