Се надевам дека во затвор нема да им дозволат посета бидејќи не му е роднина, и нашава Јулија нема да го гледа Ромео и ќе и дојде памет конечно..
Читам и не им верувам на очиве. Ем у затвор ќе иде ем 2 пати му се десило да не ја бара по недела дена. Шо карактер ќе беше женава у пм.
ДА СФАТИШ САМА ДЕКА Е КРАЈ! Раскинување без збор е твоето. Извини,морав да ти кажам јас вака оти сите други меѓуредови ти го потенцираат тоа.
Во затвор се оди и за бегање на полиција ако не застани кога пуштил палка при рутинска контрола. Оштетил возило и избегал или удрил пешак и избегал. И за овие дела се оди во затвор. А за дрога веќе се знај, неизбежно е одење во затвор. Само девојкава ќе влези во тешки проблеми со таков хулиган без разлика што и да направил.
Да ама имаше пишано 3-5 години во затвор, а ние сме во Северна Македонија, толку е казна за убиство тука..
Те цитирам бидејќи сакав да кажам дека си во право со мислењето... Иначе, сакав да се надоврзам дека ни таа самата не знае зошто ќе оди во затвор. Во едно мислење имаше напишано „комплицирано е, не може да се објасни во еден ден“ а сега кажува дека се во доооолга врска од 9 месеци. Сигурно е трол, ама еве ние тука сме глупави што сакаме да дадиме совет.
Zdravo na site ne znam dali za tuka prasanjeto no baram sovet kade bi mozele da odime so partnerot na godisnina,ovaa ni e prva godisnina i sakam nesto poubavo da bide
Сега би полудела, а 10 години down the road, кога ќе си со дете, или деца, шо мислиш, како ќе ти биди? Верувај не сакаш партнер кој ќе биде излезен со другарите цела ноќ, додека ти бдееш над дете со температура. Ќе си го псуеш и колниш животот. Не си играјте играчки!
Имам чист пример во животот како таткото си е по кафанки преку ден, а мајката седи дома со дете од 2 месеци и друго до 3 години. како да не се заедно, никаде ги немма видено заедно, типот е Сингл на фб и не става слика со жена му само од децата и тоа чат пат. Само со другари излегува во кафани и на кафе, само со нив става слики. Да сум на такво место ќе му кажам другар му да го земе за жена и да му роди дете.
Затоа треба да се мисли пред да зачекориш таму. Пред да потпишеш брак, пред да направиш деца. После тоа, уште потешко ќе ти биде да заминеш.
Најголемиот проблем е што денес сите млади, најчесто тие што имаат проблеми во врската се одлучуваат за брак, мислејќи дека така ќе се намалат проблемите. Мислења како, абе секој ден ќе сме задно нема љубомора, заедно ќе живееме послено ќе решаваме проблеми, повеќе ќе се засакаме, нема да ме остави ако родам дете, нема да ми избега ако ја забременам... Бракот го гледаат како „решение“ за несреќна врска
Вајлд, се океј но ете ти како жена во брак со дете, зошто секогаш децата се изговор да не дојде до развод? Не ми е јасна појавата, сериозно, еве објасни ми. Не е мачење истото и за децата како гледаат дека родителите имаат лош брак? Можеби на старт убав ќе им биде бракот па потоа се да се промени, еве ако збориме општо, не за конкретниов случај, зошто да трпам поради децата нестабилен маж? Има случаеви каде и по развод функционираат подобро отколку во пекол брак во кој решаваш да останеш заради нив.
Можеби сум млада и неискусна (сеуште не сум во брак), но моето мислење е дека децата не треба да се причина да се остане во брак каде што едниот партнер не е среќен, или двајцата. Со разводот децата не ги губат родителите, тие и понатаму имаат мајка и татко. Единствено се менува статусот во разведен/а на партнерот. Нормално, за децата можеби е шок сето тоа, но постојат стручни лица кои можат да помогнат, исто така тие деца би растеле во подобри околности доколку се облиени со љубов и од мајката и таткото наместо да бидат во несреќна околина.