Не му пишувај и не го барај, освен за да се договорите за средба. Кога ќе се видите кажи му дека ти се допаѓа и дека сакаш почесто да се гледате. Биди на чисто со него и барај и тој да биде исто со тебе. Имај на ум дека машките не читаат мисли и дека комуникацијата е клучна за добра врска. И да знаеш првиот секс е преценета работа, секој нареден пат е подобар од тој.
Ја па викам дека он те остава на цедило и те третира ко резерва. Сигурно врти други околу прст. Ако сакаш секс продолжи, али не очекувај ништо друго од овој.
Типот си игра топло-ладно,ти и викаш да му каже дека и се свиѓа. Толку е. Мед и млеко дур не легнете со нив после тоа шут карта. Живот.
Не го барај, се што ќе ти каже е само изговор. Следи ситуацијата дали ќе те побара,или ќе те стави во резерва па ќе те бара само кога ќе му се присака.
Да, ама нема поента она да се јадосува и да го чека со недели да ѝ се јави. Ем ќе си биде на чисто за во иднина, ем ќе пресече по со време. Инаку уште од првата нивна средба тој ѝ кажал дека сака секс, значи тој бил искрен со неа уште од старт. Ако сексот е консензуален меѓу две возрасни лица како може да биде шут карта? Да не е обврзан да се жени сега? Дај бе излезете од средниот век!!!
Искрено ова можиш само ти лично да го сфатиш. Јас и дечко пишуваме само добро утро и добра ноќ, преку ден 2-3 пати што правиш како си или ќе се слушнеме еднаш. И двајцата со работа немаме време да седнеме и да си пишиме со саати. Сега ти викаш дека он те викнал да одете во друг град откако имавте односи или? И дали се имате видено уште еднаш откако имавте односи?
@Mikha4 Јас само кажав дека не сака да сноси одговорност и покето мажиња се такви а глумат големи играчи! Девојката е наивна, треба да и се објасни.
Да не одиш. Посебно не ако си со очекувања дека после прошетката ќе се среди и (цел живот) дека ќе сте заедно. Намерите му се јасни, според ова шо го напиша твоите се посериозни, неговите воопшто не, па на крај само ќе се разочараш. Немој да имаш преголеми очекувања и да се приврзуваш за првиот само затоа што е прв, оти реалноста не е како на филм.
Зависи што подразбираш под одговорност. Не ми е јасно зошто мислите дека глумел кога веднаш ѝ кажал што сака од неа. Девојчето се затрескало, а кога сме затрескани не резонираме баш добро. И во љубовта се греши, сѐ е тоа човечки и нормално, само не знам како може да ве исполнуваат вакви понижувачки коментари да пишувате на женски форум упатени кон други жени?!
@Tijana69 ајде, it happens to the best of us. Сфаќам дека прв пат сакаат повеќето да е со некој шо го сакат и да е специјално ама почесто не е така. Дечкото од старт кажа шо сака од тебе. И океј е да се затрескаш. Ако сакаш секс - продолжете да имате секс. Ако сакаш нешто посериозно - мораш да му кажиш. Основа на врска е комуникација. И тука имај на ум дека ако не сте на иста страна веројатно нема ни секс поќе и ќе се оддалечите. Еве чим те викнал со друштво дај си време. Испитај територија. Можи грешиме поќето на темава, сепак ти го познаваш. Ама мој совет е: барем пробај да не се надеваш премногу. Не за друго, ако "изгубиш" многу ќе се разочараш. Ако "добиеш" ќе биди појако оти "неочекувано". Шознам.
Меѓуредови веќе и кажал, зошто после сексот не ја викне во нивниот град да искочат него ја вика во друг град со друшство колку да не е сам. Не ја цени,не и пишува и тоа е таа шут карта.
Ne kazha deka saka seks, direktno ko sakam seks nisto drugo.. Tuku rece dali sum za ozbilni vrski, sakal nesto ozbilno, u megjuvreme i da imame seks ke sme bile poise iskreni eden kon drug, jas denes planiram cel den da ne mu vratam..