Прво, дечко да ми кажува дека ме сака, а притоа да можам да избројам на прсти на една рака колку пати иаме искочено, Целата комуникација да се сведува на социјални мрежи, ова за мене не е нормално. Црвено знаме, очи да истера. Која сум јас, шо сум глумела путе година дена, да правам лажни профили и да го проверувам? Он бил заинтересиран до некој момент тоа сигурно, али му дошло преку глава од топло-ладно ваљда, па си бара забава. Шо да очекувам од дечко кој не ми е дечко? Дека ќе пости и ќе ме чека мене уше една година, две, пет? Мислам цело време ги окривуваме маживе за све нешо. Ако пише зашо пише, ако лајкнал зашо лајкнал, ако не викне да искочиме па чекај триста филма у глава, нека стои на стенд бај може па мене ќе ми искочи боље опција или па у моментот ја иам па глумам лудило.. Тешко е и да се пријде на жена, он година дена и куцал ко шлакнат, Сигурно не е дека не му се свиѓа. Али овие разузнавачки сојузи, за мажи со кои нема нишо постојано и сигурно.. не може да донесат нишо друго, освен разочарување и бес.
Јас не реков дека за се се криви машките, ниту кажав дека треба некој да не моли во текот на една година да се видиме со некој а да изиграваме недостижни, кажувам од аспект и на мое искуство, се гледав со дечко кој користеше само вибер , се додека едно време не сретнав негов профил на фб сосем случајно, не го додадов од мојот, туку од лажен , пишував намерно дека не сум за озбилна врска за да видам како ќе реагира , а тој вика па и јас не сум за озбилно, затоа што веќе имам жена и три деца, јас шок! и сега замисли јас од мојот профил да го додадев , дали ќе признаеше ? ме виде озбилна па глумеше така а оваму оженет, да не му пишев од лажен може до сега жена му партал ќе ме направеше, а за што? ни крива ни должна, никогаш не знаеш што е добро во животот додека не ти се најде, само тоа имам да кажам.
Не ги брани многу машките не се цвеќиња за мирисање, најголем број што ми пишуваа на лажниот профил беа женати што лично ги познавам и дома им имаат убави жени домакинки што не можеш мана да им најдеш Можеби машката природа е таква да бара постојано нова женка за парење друго објаснување нз Како и да е јас го шутнав без никакво образложение уште ми вика што била работата
Жал ми е шо си поминала низ ова, искрено. Би сакала само да те прашам зашо го напраи тоа? Интуиција, црвени знамиња?
Од причина што, немам фб а нареден ден ми излага од страна плус и заеднички пријатели , од мојот да го додадов ќе речеше па ете може не го користам или кој знае што ќе измислеше секакви будали постојат на овој свет и манипулатори, ама од лажниот немаше кај да бега, му беше гајле.
А јас со една што се гледав и ја видов искочена со друг?Извини ама и жените не се цвекиња за мирисање.Сигурно и таа сакала со секого да се пари.Не ќе да е само машката природа таква, но и женската ќе да е таква. Колку комплекси излечи на нас машкиве.Го истури цел бес и на виновно и на невино.Ете затоа си злобна
Жус, не ги бранам бе, ја какви ситуации сум имала, требаше одамна да се дружам само со вибратор по дома. Али не се сите исти, ко шо ни ние не сме и фала му на Господ за тоа. Ќе се повторам, ти го знам разочарењето и нормално е да, али за некој шо факинг не ти е нишо, Треба да те боли кур и не смее наредниот да ти испашта ради некоја ваква дилајла.
Добро по ваша логика ако некој ве повреди, значи сите се исти. Истата таа логика значи сите машки ги сакате, пошто сите се исти? Морам вака глупи малолетни логички размислувања да пишувам, оти ептен незрели размислувања и генерализирања имате.
Дали ви смета ако вашиот дечко лајка слики по групи. Заприметив мојов, си лајкува слики од непознати типки ( наши македонки) во некоја група-Luda soba. Значи има смешни слики, а воедно има и типки со селфи кои им посакуваат добро утро на сите членови во групата А, он, само лајкови клика на такви. Неодамна, пак почна на таа, што му е сваќа ( кој сам ја нарече к**ва) да, и лајка слики, кај што е сама и сликана провокативно. А, му кажав дека ми смета и упорно си тера. И причина зошто праи, така не кажува.
Прво, не те почитува типот. Второ, не знам што уште бараш со него. Камен да беше ќе пукнеше до сега. Нема ни да каже. Не очекувај.
Зашо не раскинеш? Глеам ептен се мучиш со социјалниве мрежи на дечко ти, а не е ни дека те сфаќа озбилно типов. Шо се мучиш?
@bicycle @Izaabella ама тој сака врска, нз што, аман и дете и брак и се сака. А види како се однесува Мислам дека нормално е ова да и смета на секоја женска? Или јас премногу паничам?
Шо те бендисува кај типов чим си со него ? Пошто гледам често поставуваш овде прашања сметам дека е истиот тип. Кажи ми шо те бендисува кај него?
Се замараш со глупости. И шо дека ставил лајк на некој типки со провокативни фотки? Сите кликаме лајк па никому ништо. Тој ако сака да напрај нешто со некоја ќе излези ќе напрај шо ќе напрај и тое то. Лајкот незначи ништо.
Така почнува со лајкче, па после разговор и итн. Затоа не треба да се правиме наудрени дека не значи ништо тој лајк.
@GirlLove постојано поставуваш прашања за типов затоа и те прашав зошто си уште со него, гледам многу работи не ти одговараат. Види, се водам по себе, ако нешто не ми се допаѓа кај партнерот општо, или прави нешто што ме нервира и го знае тоа, го седнувам и му кажувам вака и така стојат работите, ќе настојувам да извлечам одговор од него, ако не соработува...знам што да правам, не зборувам за лајкови, туку општо. Исто така ако нешто не ми одговара или мене или него, ќе пробам да направам компромис. Е сега, ако не иде, секој по своја страна и толку. На сила убавина не иде а гледам често се нервираш од него.
Абе ако толку се плашиме на секој лајк кај ќе ни биде крајот? Ќе треба да се плашиме ако лајкне и другарка, па уште и ако се допишува со другарката сценарио ќе напишеме. Некој ќе рече е не е исто, па од кај да знаеме дека другарката му е само другарка и дека нема други намери тој или таа А ако излезе сам со другарка на кафе?