Абе јас моето да си го направам па на другиот како му одговара, така нека прави. Барем мене да ми е мирна совест.
Малце и ми е страв пример од реакциите на дечкото да не е некој психопат па да наебеме и ја и она и сите колективно.. На маж више не му верувам дека се вика онака како што се претставува дека се вика..
Ако и покажеш и објасниш се, нејзино е што ќе прави, ако е паметна ќе изигра мудро и нема да те стави во лоша ситуација. Ако и на сите докази, негира и ти се лути, тогаш...
@Hellobeautiful Би кажала, за мене да ми е мирна совеста. Нејзино е што ќе прави, битно јас би кажала, да знае... Зошто да има ваква ситуација би сакала да ми кажат.
Пази, ако е прекултурно е префино сигурно лесно верува и се заљубува. Гарант многу го сака. Да знаеш дека многу ризикуваш со тоа што ќе и кажеш. Фини девојки често паѓаат под манипулатори.
Ме интересира крајот на приказната со девојката и другарот. Што се случи со нив? И, ако веќе не се заедно, дали сѐ уште не ти зборува?
Не се више 15год, да не речам заврши многу брзо после тоа. Не збориме до ден денес, можда здраво на улица. Толку.
Да ме праша некој/а конкретно, ќе кажам, ама вака од добро стоење, не. Можеби би хинтувала суптилно, ама директно, на никој не би кажала. На крајот јас крива ќе испаднам.
И јас не би кажала, некогаш некои веќе и знаат дека се изневерени па не превземаат ништо и дечковците ги манипулираат. Ништо нема да се деси ако кажеш, освен што ќе ја изгубиш како другарка. @Hellobeautiful кога тогаш ќе се дознае тоа, не мора да си ти таа што ќе го соопшти тоа.
И би и не би. Најчесто ќе испаднеш љубоморна и злобна што сака да им ја расипе прекрасната врска. Или ќе се скараат 2 дена и третиот ова првото ќе се деси.
Да, ама таа е некаде далеку. Зборуваме тука за некој лик шо го познаваме, колега од работа/факултет, другар од средно, комшија, познаник... Пак ќе речам да не се правиме при слепи и глупи.
@Hellobeautiful јас имав слична ситуација, само што во мојов случај се работеше за ептен блиска другарка. Дечко и го најдов случајно на тиндер, ја користев апликацијата тогаш, направив скриншотс и и пратив одма, нормално. Епа типот ја изманипулира до тој степен што јас испаднав крива на крај. Она му поверува него и еве сега се и во брак.
Пошо длабоко во себе, потсвесно знаат дека партнерот ги вара, ама толку се со главата у ѕид што не сакаат да се соочат со вистината, и тоа ги лути. А таа лутина мора некако да се исфрли, нели? Епа затоа тие што кажуваат испаѓаат најкриви.
Зависи колку сме блиски и колку сум сигурна дека ја вара. Ако сум 100% сигурна, и ако знам дека немат некаква отворена врска - да. Ќе ѝ кажам. Во спротивно не би. Не би можела да се носам да не сум 100% сигурна и потенцијално да зафркнам некој. Ако не знам каква им е врската и не збораме за то - не знам и веројатно нема да се осмелам без да видам подетално. Можи се отворени. Можи грешно сум сфатила нешто. Ама искрено, тргам од себе. Јас би сакала да знам ако партнер ме изневерува. И сакам да можам да го дам то, во најмала рака на најблиските шо ги познавам и како се однесуваат и како се организираат и каде би можела да сетам ако нешто е off. А и да, многу почесто е крив тој шо кажал, со добра намера ( сепак е мешање, сфаќам дека некој го неќи то зато и мислам дека познавање е клучно) него тој шо изневерил јбг.