Морам да се цитирам од вчера, бидејќи не ми одговори ништо, а гледам имаш ново мислење за истото, па да не пишувам едно исто пак, еве да се цитирам
Јас исто би и кажала и со самото тоа би била спремна дека ќе ја изгубам. Манипулаторите од овој калибар веќе совршено добро си ја имаат потковано жртвата, така да шансите да произлезе добар крај од ова, у смисла раскинување се минимални. Ми се има нешо слично десено со на времето ептен добра другарка, Искочив тежок морон шо пробува да им ја растури врската пошо била затрескана у дечко и. Бтв, дечко и го имав само еднаш сретнато, 20 минути кај неа на роденден. Ваљда ми ја сфати поентата.
Не се глупави. Знаат и самите за тоа уште пред да им се каже. Остануваат за да не се сами и од навика. Стојат пред бел ѕид и ако партнерот им каже не е бел, црн е, ќе се согласат за да не бидат сами. Но, исто така и овие може да кажат во стилот "другарка ти е љубоморна бидејќи таа нема дечко, ако и веруваш нејзе биди си со неа, утре таа нека те земе".
Типот и кажал дека од некогаш му бил профилот демек, а они веќе беа во врска година и нешто, сигурно нема профилот да е активен ако не го користел. Ама нејзин проблем си е чим реши да му верува, јас моето си го направив, некои луѓе не сакаат едноставно вистината да ја видат.
Здраво девојки, ве молам за мислење што би правеле вие? Ова не е љубовен проблем меѓу двајца туку меѓу мене и мојот ум. Јас и мојот партнер сме заедно 1 година, до сега нормално сме имале некои проблеми и кавги но сето било за ситници и сме решавале заедно. Се е во ред, не прави ништо што би ми сметало, не ме прави љубоморна и сл. Ме запозна со цела своја фамилија и пријатели. Одиме заедно на патувања... човекот не е по социјални мрежи, одржува само еден профил со некои 100-200 пријатели најблиски. Има само 1 проблем, ми има кажано дека имал секс со околу 15 до сега кога бил помлад. Сега е 23. Од кога сме заедно до сега нема ниту една ситуација да сум се посомневала или да предизвика чувство на љубомора па да го распрашувам, цело време си кажуваме каде сме и со кој сме. Но неговото минато живее rent free во мојот мозок. Дали имам потреба од грижа? Или си правам филм? Разговарав отворено со него за овој проблем тој ми кажа дека тоа било кога бил 17-18 години и сам кажа иживеано ми е тоа, инаку веќе работи и е сериозен човек, не излегува по дискотеки и клубови и ми зборува за запросување ова или наредното лето. Го сакам, секако би кажала да. Само ова ме мачи и потсвеста ми вика "што ако пак се врсти на тој пат да оде по многу жени" од друга страна кога зборував со него ми кажа и да не ми веруваш јас сум овде да ти докажам дека не е како што мислиш, да сакам да те лажам ќе ти кажев ти си ми 3-4та. Другарка ми вели тебе тој ти е 3, што ако тебе ти текне да пробаш еден, друг, трет допрва... во право е од една страна но дали доколку вие бевте на мле место ќе се грижевте... или сепак да живеам сега во моментот а не за тоа што било кога јас не сум била дел од неговиот живот.
Ти си правиш филмови. Ако ја цениш иднината по минатото, никогаш нема да најдеш совршен човек, затоа што не си ни ти совршена, а во меѓувреме само ќе се саботираш сама а и вашата врска.
Знам дека која и да била на твое место ќе си прави филмови али мислам дека во твојот случај тоа е непотребно, не барај влакно во јајце затоа што никогаш нема да бидиш спокојна. Секој од нас има некакво минато, ако дечкото не ти дава никаква причина за сомнеж, значи не треба да се оптеретуваш, тоа се само твои мисли кои ти прават тежина. Уживај си во врската и пробај да не мислиш на неговото минато
Грешка е што ти кажал прво, тие се интимни работи и нема потреба да се споделуваат со никого. Друго, бројката е релативна работа, за некој се многу за некој малку. Џабе се оптоваруваш со неа. Оттука и доаѓа мојот став дека е подобро да не ја знаеш. Трето, дечкото е премлад и нормално е утре да му се смени ставот и да раскинете. Или тебе да ти се смени ставот, сеедно. И не е крај на светот. Во глобала, џабе си ја тупаш главата.
Зошто грешка? Да не се прајме на мутави сигурно секој имал некого претходно дали во врска или имал сексуален однос. И најчесто девојките први ги отвораат овие муабети, барем кај мене така беше. Ем ги интересира и копка ем на некој начин ги боли и си пра филмови. Јас сум секогаш за отворено да се кажи што и како и кој ти бил нешто, не гледам никаков проблем оти сметам дека се затворени теми и се зад мене.
Јас не реков дека некој немал туку грешка е споделување на бројката. Јас, како девојка не сум прашала ама сум била прашана, и пошто сметав дека не е ништо страшно, кажав и низ нос ми излезе. Бидејки дечкото се преоптерети со бројката исто ко девојкава од погоре. Бројката е како што реков релативна и не е вредна за замарање. Сепак, тоа е мое мислење. Можда некој мисли поинаку и тоа е негово право. Ако сака може и да се запознава со бившите партнери, тоа мене никако не ме засега
Е добро јас сум се нашол во ситуација девојкава да ме прашува, па после да ја копка дали ми било убо втф итн. Друга ситуација пак сум имал каде девојка си немавме кажано бивши, во кафич прај муабет со момче итн, после ми цимоли надвор ми плачи имам грижа на совест бла бла и пак не ми кажа по година-две дознав дека всушност и бил бивши. Според мене океј е ко че се запознаваш горе долу да си кажите со кого шо сте имале, јас барем таков сум по карактер.
Маж шо имал многу жени е најбезбедното нешто у свет, под услов да му е пројден тој период. Од искуство.
Во смисла на спб сигурно не. @Fantastik ако сака да те изневери ќе те изневери и да немал ни една пред тебе. Така што нема причина да се оптеретуваш со тоа.