Дечки, нормално е да се осеќаш малку разочарано кога ќе се сетиш како завршило, иако било убаво? Не е љубомора во прашање, само разочараност. Како да се надмине? Не ми се мисли на ова.
Прифати го нештото дека е завршено и готово, ни зошто ни како, ни дали че било поинаку итн... Да сакала и другата страна се е решливо, ама кога не сака то е. Било убаво, било, нормално е ваљда да се потсеќаш на убавите работи... Че ти помини, само дај си време.
Не не.. општо мислев инаку за девојката што пиша, ништо не напиша околу момчето дали има направено некои потези кои ја тераат да не му верува.. освен тоа дека батката имал дури 15 различни жени. Би требало да е почестена сега чим е толку лојален добар, ја почитува и сака. И јас да го познавам че му подадам рака на џентлменот.
Види, 100% не би знаел, ама маж шо имал искуства, знае шо сака/шо нејќе, пак не е 100% нели. Исто и за жените.
Па можеш и вака да гледаш: Маж што имал многу партнерки не може да се врзе за една или да одржи долго врска и затоа има поголеми шанси да изневери или брзо да раскине. Јас знаев што сакам во врска уште пред да бидам во врска
Дали истово го мислиш и за жена.. пример ако имала многу партнери во минатото, сега би била лојална, изживеана итн?
Леле, дај бе не ме тепајте Ја по себе си зборам, верувам дека до некој степен, истото важи и за другите, е сеа ако се несозреани, not my fault
Here we go again... Пак ли истиот муабет ќе го правите? Еве јас ви признавам вие непробани со повеќе од двајца луѓе во сексот сте посебни . Аплауз ве молам. Тоа ли ви треба? Валидација дека сте повредни од другите? Едно ќе кажам, не секој е среќен со првиот човек што легнал. На некои им треба повеќе време дури да ја најдат вистинската личност за нив. Некои не се пуштаат во сериозни врски само заради тоа што се десило секс, сексот не значи дека сте кликнале, баш напротив, може да покаже дека не сте еден за друг. Некои не сакаат да се задоволат со просечна врска ради реда, а некои си сакаат да флертуваат или експериментираат во младоста некое време. И сѐ е тоа во ред. Секој треба да одлучува сам за себе како сака да тера во животот без притоа да биде осудуван од околината, а посебно не за интимни и приватни работи.
Да, сѐ е во ред сѐ додека збориш дека мора да смениш повеќе иначе си затуцан и неиживеан. Пошто не видов да дадеш критика за кажаното од господинот.
Ти го тврдиш тоа, јас никаде не напишав дека мора да се менува повеќе Не знам за кој господин зборуваш и не ми е јасно зошто сум јас должна критика?! Јас тоа што сакав да го кажам, го кажав.
Па он напиша ама ти им се нафрли само на тие "посебните" што немале повеќе од двајца. Аплауз, курци палци.
Па штом искусните не чинат, еве болни биле, спб имале, неверни биле, не знам уште што не напиша, значи ти мислиш дека другите се посебна врста. Треба ли да ти објаснувам за твои зборови?
@Mikha4 дали ти сметаш дека во животот треба да се проба шо е можно повеќе партнери за да најпосле знаеш што вистински сакаш или ќе сакаш? Или да дополнам тоа е изживеаност или стварно трагање по "вистинскиот"? Пример да речеме сексот и да е пресуден?
Ја не реков оти не чинат. Реков оти не значи дека се поверни зашто се поискусни. А од тој протисок да пробам повеќе, да не се залетувам по првиот, да не терам долга врска со првиот, гнасна грешка направив што ништо нема да ја исправи.