Секој од нас има минато, какво и да е затоа е минато. Човек може да смене преку ноќ поради некои настани во животот. Исто така човек за 5 години може да созрее многу и да се смени во однос на тоа што видел во животот. Знам луѓе што на 17-18 год пиеле, пушеле оделе со различни но поради одредени немили настани се менуваат за секунда. Не се чепка минатото на човек, битно е сега а како ќе биде не знаеме ние тука и не може да судиме. И тие што се прават невини со 1-2 партнери изневеруваат и другите со повеќе што имале, а има и такви што се верни до гроб. Бројот на партнери не менува ништо. Спб не се добива доколку се користе кондом па и да легнеш 250 жени.
Ви благодарам на сите за мислењата јас никаде во мојот текст не напишав "Ајде нападнете го мојот партнер" или мене. Прашањето беше дали ВИЕ би размислувале за тоа или да анализирате доколку бевте во врска која што има 0 проблеми и партнерот ве сака искрено и ве гледа како капка роса, но бил со 15.
Не си прави стресови за џабе, цени го тоа што бил искрен со тебе. Бившите со причина си се бивши, ти си сегашна и биди најдобра девојка што некогаш ја имал.
Секогаш кога ќе напишиш пост биди спремна да те нападнат со било какви коментари, или ти се рони бисерот, дури ме тера и да мислам дека намерно ги смислувате овие работи колку да има гужва на темава. Еве лично мое мислење, очекувам да е искрена и отворена да речи олку и олку сум имала партнери, мувања итн, да се запознаваме меѓусебе, да градиме доверба, да си сме поддршка и лојални меѓусебе... и така се одржува љубов.
Сметам дека не се во ред предрасудите спрема некој само заради број на сексуални партнери, без разлика дали е еден или сто. Секој од нас е различен и секој има сопствен пат, тоа што го сакам јас и тоа што ми се случило е само на мене. А за мене можам да кажам дека не сакав иднина со првиот, не доаѓаше во обзир ниту вториот, третиот беше елементарна непогода.. итн. Денес сум со човекот на мојот живот, но не ми е воопшто жал за тоа што сум поминала бидејќи секогаш со секој траеше додека беше убаво. Да напоменам, не сум се чувствувала никогаш нешто помалку, но и немало причина за тоа. Сум имала среќа да созревам во по цивилизирана средина најверојатно. @Munchmallow20 не знам зошто ти си имала притисок за да пробаш со повеќе партнери, тоа не е во ред ако не си сакала, но сепак кога веќе стапуваме во сексуални односи тоа треба да значи и дека сме зрели и да одлучуваме и бидеме одговорни за нашите тела и животи, не треба да дозволуваме никој да нѐ форсира за ништо. Сепак ова е проблем со кој често се соочуват младите поради недостаток на самодоверба и неискусност. Ноо, мислам дека многу полош притисок имаат луѓе заглавени во несреќни врски и бракови баш од страв да не ги етикетира околината како промискуитетни ако одлучат да си ја бараат среќата со друг.
Не е лично заради тебе, но веќе по не знам кој пат на форумот низ повеќе теми среќавам слични дискусии и наративи. Очигледно има некои струи и влијанија кои имаат со цел поткопување на самодовербата и слободата на жените и девојките, пази и тоа на женски форум. Не знам дали сте свесни дека девојчиња и тинејџери/ки читаат овде во најранливите години. Некои од нив со сигурност имале некакво сексуално искуство. Треба да мислат дека не вредат како личности веќе заради тоа?
Еххх во кој правец оди темава.. Да не испаѓа сум ептен суров и директен ама сигурно девојчињата, ај машките не се толку битни, сигурно во реалноста не живеат во стаклено ѕвоно каде шо се е ко во бајки, па на форум ја дознаваат некоја си сурова реалност.. да не е малку обратно?
Не можеш да знаеш кој ќе те изневери, додека не ти се случи. Може да е некој кој имал 100 пред тебе, а може и тој на кого си му прва. Нема правила. Секоја личност си е посебна приказна. Затоа, кога сте со партнерот, се обидувате да го запознаете што подобро, пред да рипните в тавче.
Сеа веќе генерализираш и не ме ни читаш веќе шо имам пишано, но ок. Нека остани до овде дебатава и онака нема поента.
Не би размислувала. Прашање на доверба е само. Или му веруваш или не. Ако не дал никаков повод да се сомневаш во нешто, тогаш нема потреба да анализираш толку.
Уживај во сегашноста и не се замарај со минатото. Ако имал повеќе партнерки, не значи дека изневерувал, туку едноставно така се случило. Не значи дека е изневерувач или дека пак ќе има повеќе партнерки.
Не можеш да не прашаш сите општо за мислење, бидејќи сите не сме психичко стабилни исти. Еве јас не пример нема да се замарам, може ќе ми годи во кревет неговото искуство. Но може на друга членка или член кои што е љубоморна на мали ситници ќе те советува ау како можеш со тој да бидеш итн итн. Гледај тебе лично како ти одговара. Ако сметаш дека тоа толку многу ти пречи не си го губи времето. Залудно е сета таа неговата грижа тебе ако ти е влезено во глава нешто.
Тоа какви личности сме во моментот е резултат на претходните искуства во животот. Поинаков пат, можеби ќе водел до поинаква личност. А ти го сакаш него бидејќи го сакаш тоа што сега го гледаш кај него. Прифати му го минатото како негово животно искуство, како нешто од што произлегла личноста во која си заљубена. Особено нема зошто да се грижиш ако сега не прави нешто што те загрижува. Верувај му на темел на позитивното досегашното заедничко искуство. Пробај да не заглавиш со тие мисли и постојано да ги вадиш на површина. Ако нешто некогаш те вознемирува, комуницирајте.
Не е убаво така да ти прави. Ако самата не се чувсрвуваш спремно, нема што да те замара со тоа. Ако си му кажала дека не сакаш и упорно те тера на тоа, мислам дека треба да ставиш крај на врската, за да не дојде во иднина и полошо.
@Teodora43_ детиште е батали го. Ако само му е за секс не ти ни треба таков. Ми се свиѓа што паметно размислуваш. Точно, врската е многу повеќе од секс. И не прави ништо против своја волја
Мислам дека е нормално. Тоа е човечко чувство... мислам дека со текот на времето ќе избледе сеќавањето (пример гневот, нервозата, лутината, тагата), ќе се сеќаваш само на убавите моменти, но не кало да ти фали сето тоа туку како некоја лекција и еден дел од животот.