Ја силувал? Не ме сфаќај, погрешно, стварно неќам да накалемувам вина ама едно не ми е јасно- како доаѓа до ситуации некој намерно да сврши у партнерка ако она неќе освен ако е присилно? Или пример го извадил кондомот пред свршување и свршил, без да сака она. Туку да, убаво ти кажаа. Можеш да пробаш до утре да ѝ помогнеш ама ако сама неќе, не можеш ништо ти.
Не мора да значи дека ќе биде бремена. Залудно зборуваш, утрe ти ќе си направиш проблеми. Инаку, имав таков случај со бившиот, за среќа бев доволно свесна дека ќе имам проблеми доколку продолжев со него. У неа е решенето, таа треба да пресече.
Не станува збор за силување таа свесно оди со него и кај него ми доаѓа да и кажам зар толку си глупа а не изгледа за така ама планирам да не се мешам освен ако не побара совет или поддршка. Не знам тој што човек е може и мене да ми направи проблеми
Добро силување можда не било ама дека ја манипулира типот, тоа сигурно. Не знам, да земеш онака да ја седнеш на еден долг муабет да ѝ кажеш све со убаво да ја убедиш. Притоа запазувај нејзини реакции и ставови. Па види после што ќе направи. А со него лично не се плеткај, сумњичав е вака.
Епа за ова тестот ми побара помош совет дека била исплашена дане има нешто, кога ќе и се испонаша пак ме прашува што да правам и секој што во круг не му кревам веќе нема да се видам веќе со него, после една недела истата
Стандард женски муабет, не гледам овде да ти вели помогни ми да ми го уредиш животот... не се замарај дотолку, или е мегаломанијак таа или едноставно не знае да ги гледа работите ко шо треба.
Се наоѓам во ситуација кога сум исполнет и среќен со многу работи и не се замарам како што сум се замарал претходно на тема љубов иако и пред да го напишам ова бев во иста ситуација млад сум,работам на себе,имам круг на друштво,контакти итн. ама стално еден дел фалеше или пак премногу сум се оптоварувал. Најверојатно било само одреден период сега фала богу тоа е зад мене и доста работи ми се променија од тогаш ,сега сум многу посилен,посреќен и оставив некои работи да не форсирам,бидејќи се си доаѓа во свое време. Ставив акцент на надоградба на себеси на секој можен начин и дури сега читам што се сум пишувал на форумов и се чудам како сум можел до тој степен да паднам ниско, и како може да се промени човек во толку краток период. Така да само работете на себе ,но сепак остварувајте контакти и не се замарајте со тоа дали нешто ќе биде или не. Дружете се ,живејте живот,работете на себе и се си доаѓа.
Не е проблем него повеќе прашање би рекла Знам дека нема правило и зависи од чоекот и иницијативата од двете страни. Ме интересира како стоите со фамилијата на партнерот, дали сте само на здраво (и толку) или си имате фин муабет? И дали сметате дека е пожелно да ги запознаете нив, или вашата фамилија дечкото, за да знаете со какви си имате работа, вака просто кажано. И дали би требало тоа да биде стриктно пред брак или и порано, кога веќе ете ќе стане сериозна врската? Кај нас ова се има случено веќе, моите го прифатија веќе, особено со татко ми им иде муабет . И на ручек го викаат понекогаш. Јас па до скоро неќев со мајка му да се зближувам и тоа само од причина што си имав некој неоснован страв од неа како потенцијална идна свекрва Па ме викна на вечера еднаш (ова скоро беше) и од тогаш онака ни тргна муабет. Ме има запознаено и со други роднини. И морам да признаам ми се свиѓа што со сите иако се нели друга генерација, нема да чуеш мешање во приватност, па испитување детали за твоите, него баш онака лабави муабети на општи теми, барем пред мене и од тоа што ми кажал либе. Лично за себе сум ЗА запознвање и фин однос сѐ додека сум почитувана и можам да најдам заеднички јазик и нема мешање. Само ме копка понекогаш дека наводно после брак ќе ми излезе низ нос, дека сѐ ќе се смени и биде спротивно, и од мајка му и роднините. Пак ќе кажам, не сум присилена, баш ги сакам луѓето и немам проблем да седам со нив понекогаш, ама си викам дали прерано вадам заклучок или џабе паничам. И знам дека нема со нив да сум во брак ама ете, не би сакала утре да испадне дека сум мислела така за џабе и да неќам да ги гледам. Едит Скоро 6 години идеме.
Апче за ден потоа се пие и до петиот ден од ризичниот однос. Ако не поминало толку време уште има шанса. А, за другото..на човек што не сака помош, не можеш да му помогнеш. Прашањето е дали таа тоа го гледа како проблем или и е прифатено како нормално?
Ако ти прија муабетот со нив, тогаш имај си, иди повремено на ручеци, вечери со фамилијата. Идете доста долго, не е воопшто чудно да се зближуваш со фамилија, ама тоа си е секако твое. Не можеш да знаеш што ќе се деси во иднината и како ќе постапуваат со тебе и твојата приватност и дали ќе се мешаат АМА мораш да знаеш дали твојот партнер ќе е секогаш покрај тебе и тебе ќе те поддржи односно дали заедно ќе ги решавате проблемите (ако наидат). Се приметува кога некој е мамин син и нема свое јас и слично и од таквите подалеку, си знаеш. Така да, ако си сигурна во дечко ти, само издиши и опушти се и нека доаѓаат односите природно, ќе знаеш дека ќе е се добро во вашиот однос без разлика на други роднини, пред или после брак.
Незнам така ми дојде во моментот Сметав дека во овие теми ќе се пронајде некој или ќе го утешам . Еве во трите теми ти одговорив да бидеме фер хаха. Поздрав!
Никако. Посочувај и' она што сметаш дека греши, биди тука кога ќе сака да се пожали, ама да ја натераш да прекине дури сеуште е заблудена по него, нема да успееш.
Здраво девојки, Вчера се скаравме со дечко ми поради случкава: Јас последниве три дена преспивав кај него и во средата цимерот негов му кажал: што зар „јустбјутифул“ се пресели тука? И дечко ми вчера ми го кажува ова и ми вика дека тој му рекол да си заминам за вечерта да бидат сами. Воедно синоќа ни беше и последна вечер во ист град, од денес он заминува дома (смени работа). Ние сме секој ден заедно и сфаќам се, ама се разочарав поради цимерот и поради тоа што дечко ми не ме одбранил (иако останував на негово инсистирање). Јас се налутив и не можам да прогледам низ ова, дали преовличувам? Како да се смирам дека вријам во мене