Феминки совет! Не знаев во која тема да пишам, па ајде тука. Близок член од фамилија пред околу 6 месеци ме праша дали имам дечко и јас реков да. Иначе прв пат ми се случува да разговарам со некој од фам. за врски, таквите работи си ги чувам за себе. Кога ме праша како се вика излажав за името. Работата е дека е муслиман и затоа излажав за името, затоа што не знаев како ќе изреагира и што ќе каже. Прв пат се најдов во таква ситуација, ме фати паника у моментот. 6 месеци го лажам човекот у лице што се вика Се осеќам многу глупаво и непријатно. Не заслужува да го лажам ме чува од пелени што се вика и секогаш ми е рамо за плачење. Не знам како ќе реагира ако ја кажам вистината. Не верувам дека ќе ме критикува, можно е да каже само "не ми се допаѓа тоа", не знам што би рекол. Дали ќе биде со мене или ќе ми даде критика? Криво ми е дека човекот живее во заблуда, а мене ме јаде грижа на совест. Никогаш не сме зборувале околу врски каде што се двајца од друга вера, не знам какво размислување има за тоа, а во глобала нема ништо против другите вери, туку мене ми е стриктно за врската. Што да правам, не можам повеќе да лажам.
Ќе си ја кажеш вистината, зошто си лажела пошто си се плашела, не си знаела како ќе реагира, во тој момент си мислела дека не прашува за сериозно туку за онака и ти на шала си кажала само некое име. Во тој момент си мислела дека е подобро да кажеш така, и тоа е тоа.
Мојава работа не е некој љубовен проблем хаха ама е за совет. Само што се доселија во моја зграда неколку комшивки на моја возраст околу 20. Е сега проблемот ми е како да се запознаам со нив без да бидеме само на здраво, без да биде кринџ или крипи. Ко што да и зборам кога ќе се сретнеме на скали и како да останеме во контакт?
Види, тоа си е твоја работа, ама јас искрено би се разочарала да дознаам дека моја блиска роднина има дечко припадник на муслиманска вероисповед.. Прво не знам колку години имаш, ама знаеш ли кој товар е тоа, дали воопшто можеш да го издржиш притисокот од околината затоа што си влегла во таква врска.. Уште сега си го излажала твојот роднина, а што ќе биде кога ќе дознаат твојте, сигурно многу ќе се разочараат.. Уште сега не можеш да се носиш со товарот на таа врска и да застанеш зад тоа што го правиш, а тоа е одлика на незрел човек.. Совет од мене, немој да лажеш друг пат, и немој да правиш работи со чии последици не можеш да се носиш, како пример влегување во врска со муслиман..
Прво размисли со себе дали си сама спремна на тоа во однос на колку време сте заедно и колку години сте. Дали тој живее сам? Ако да, се надевам дека има веќе стекнато хигиенски навики, да не му бидеш ти чистачка после, да готви и периш негови работи. Но, исто така биди спремна на тоа дека можеби не сака да живеете заедно (поради х причина), па може да се разочараш малку. Но, сепак може да му предложиш што мисли за идејата да или дали има план да живеете заедно, да си го искаже својот став кон ова.
според мене не треба да бидеш директна... може подобро би било додека седете двајцата кај него да кажеш "колку би било убаво да живееме заедно". Нема да биде нападно, а и поблаго би било одбивањето
Кажи вака "сакам да пробаме да живееме заедно мислам дека ни е доволно да се гледаме само по неколку саати, сакам со тебе цело време".
Ако не зависите финансиски од никој, и ако ви е океј во врската зошто да не. Ти кажаа другите како отприлика можеш да му кажеш.
Зошто никој не сака врска со мене... па фала богу ништо не ми фали Сите од почеток си кажуваат дека сакаат само забава, а зошто никој не сака да биде во врска со мене??