Не мисли така негативно и не ја барај вината во себе секогаш. Можеби е период кога комуницираш со личности од машкиот пол кои не ти одговараат но те привлекуваат... Доколку истите се одреден "тип", можеби не се за тебе или ти не си за нив, но не се осудувај сама. Јас бев од 19 до 22 години сама бидејќи не сакав забава (тоа си е лично за секого).
Ќе најдиш некој за врска тогаш која најмалку очекуваш. Сепак најбитно е да го сакаш тој некој а не колку ради реда да се фатиш.
Како одбегнувате врски/симпатии, притоа другарството да не ви се распадне? Одамна имам проблем со ова, ама во последно многу ми се лепат и не знам како да реагирам. П.с. Со разговор не бидува, пробав.
Ова не е проблем ама ми треба мислење. На левата рака на претпоследниот прст носам прстен од баба ми што не го вадам никогаш и не го давам никому. Партнерот веќе еден месец можеби 5-6 пати ми го вади прстенот од рака (иако знае дека ми пречи тоа) и го пробува на своите прсти па гледа на кој прст му е таман па дали ќе му падне јас се правам дека не го гледам тоа е сеа не знам дали човекот си зима мерка или си игра со него, не сме збореле за запросување во ептен скоро време
Ако не можете отворено да зборите за запросувања, брак, дали и кога би бил, за живеење заедно, а сте неколку години заедно у сериозна врска, тогаш у врска сте со погрешен човек. Мислам, не продолжувајте иднина со човек со кој не можете да зуцнете за иднина. И не, пред да ми се нафрли некој, не велам дека мора да се венчаш со некој по одредени икс години. Збориме за најосновно праење муабет, да се знае кој што мисли и сака, оти од ова мора да почне. Ако муабет не можете да направите ни онака малце...нешто не чини.
Не се согласувам со вас.. Девојката има пишано дека немат зборено за брак во скоро време. Доколку се долго време заедно уште по однесувањето се забележува која е целта на партнерот. Тој веќе со прстенот на некој начин и наговестува дека за некое време ќе ја запросат. Лично ако јас се прашувам никогаш не би зборувал со партнерката дека за 1-2 месеци ќе ја запросам. Тоа треба да биде изненадување.. Секако доколку си повише време во врска, најверојатно веќе имаш разговарано на тема брак, иднина и слично
WRONG! Имаме зборувано многу за ова, заедно сме 1 година и не сакаме веќе да сме само во врска и двајцата. Исто така одлучивме тоа да биде откако јас ќе се официјализирам на работното место за да имаме и двајцата финансиски примања, кое ќе биде до крајот на оваа година или почетокот на другата. Затоа мислевме тоа да биде другата година на почетокот или летото, но како што кажа @kloki не сме зборувале за ден и месец затоа ми беше чудно
Не беше само за неа, мада што нејзиново не ни мора да има врска со запросување. Имаше поназад прашање од членка како да му кажела дека сака да живеат заедно без да звучела нападно. И општо ќе чуеш од многу како не можеле да зборат за вакви теми за да не биле погрешно сфатени, а одат долго. Не мора да и кажеш директно еј ќе те запросам. Ама НИКОГАШ да не се спомне зборот брак, а притоа го планирате? Или никогаш да не си праите муабет дали и каде би живееле заедно? Или да се плашиш како другиот би регирал на таа тема? Не ни мора некогаш да стапите во брак, може и ќе раскинете од нигде никаде, поентата ми е разговорите да ги има, не да седите на трње за такви теми. Еве ние сме далеку од официјален брак, уште не живееме заедно, ама таа тема што сакаме во иднина е сосем нормална за нас. Оти после неколку години поминати, не би имала намера да продолжувам врска со некој кој е само за провод со мене. Може и нема воопшто да бидеме во брак ама битно ми е како гледа на иднината со мене.
Се сложувам. Многу често се поставуваат прашања од типот, како да му кажам, како да го прашам, како да зборувам а да не се навреди, итн...И навистина ама баш секогаш се чудам како е можно со партнерот да треба да бираш зборови за да не те сфати погрешно, како да не те познава доволно, а пишуваат за врски кои траат со години. Ако до толку треба да се преиспитуваш дали и како да разговараш на одредена тема и притоа со денови да планираш што ќе кажеш за да не се навреди, тогаш не ни треба да си со него. Лично не ни можам да замислам иднина со човек со кој не би можела да бидам 100% искрена и своја.
Се согласувам. Ако во долга врска некои непознати луѓе треба да ти дадат совет како да го прашаш за нешто партнерот, пиши пропало.
Здраво на сите. Ме прогонуваат лоши мисли и тоа многу. Мојот бивш дечко цело време ми зборуваше дека во врската ако девојката ќ го задоволи орално дечкото ја смета како лесна и евтина и како ку*ва. Цело време збореше дека таа што го правела тоа нека се лечи тоа било неморално и срамно нека се убие и такви работи секој ден за цел период што бевме заедно. Сега јас сум со друг дечко повеќе време, имаме односи, и орално неколку пати но на кратко, но пред два дена беше повеќе и од тогаш во главата ми ѕвонат зборовите на бившиот "нека се лечи, нека убие, ку*ва, неморална, недостоинствена". Дечко ми многу го сакам и тој мене ме почитува ногу и ме сака никогаш не сме се скарале, но јас веќе 2 дена го одбегнувам и ми е срам. Се затворив во себе и не излегувам, не му пишам, не му ѕвонам. Ретко се слушаме, 5 пати ме праша што работата и му кажав денес дека не сакам да ме гледа со други очи и нормално кажа дека не е такс нема потреба од грижа, не правиме ништо лошо тоа сето е меѓу нас, да го правам тоа со друг а да сум со его тогаш би мислел лошо, многу добро разговараше со мене и ми даде до знаење дека нема ништо. Но зборовите и понатаму ми се во мисли...
Ама нема што да се замараш за зборови на некој што е минато. Што правите со дечко ти си е ваше и чим ти дал до знаење дека му е сосем океј, не гледам простор за грижа. Бившиот е бивш со очигледна причина. Он е за лечење. Е*ати светецот.
Имам пишувано за бившиот пред две години, како ме остави ментално исцедена. Искрено после него бев сама извесно време бидејќи мислев нема никогаш да засакам некој ниту пак некој мене. Многу погрдни зборови од типот "на 21/2 год треба веќе да мислиш за семејство да седиш дома, што има толку дс сакаш да излеваме заедно еве заедно сме дома, до кафе ли ти е дојдено тебе, жената е за дома, жената не прави ова не прави она таа што прави вака е ку*ва, ако се сметаш за таква прави го тоа". А сега со дечко ми е се подруго излеваме шетаме не ме крие од никого, не ми кажува дека сум за во кујна и дома само, не ми кажува дека ако нешто направам сум ку*ва и такви работи и мене и е нереално, од зборовите претходно ми е страв.
Бившиот ти е психопат, кој наместо сам да се лечи, се истурал на тебе и те малтретирал психички.. Ако не си слушнала за психичко насилство, земи прочитај, буквално си го доживеала, а како и физичкото што остава долготрајни последици кај жртвите исто е и со психичкото. Не мора да се гледаат раните за да се види колку те повредил некој. Сепак ти си знаеш што доживуваш и какви трауми ти нанел, не мора да те убедуваме тука дека не е вистина тоа што ти го зборел, тој што искрено те сака нема да те повредува на ваков начин. Биди среќна дека си се спасила и што и да правиш гледај си го прво твоето здравје и како ти е убаво на тебе, такви како бившиот твој што се опседнати со тоа што мислат другите и како да те контролираат никогаш нема да бидат среќни и задоволни, ни тие ни луѓето блиски до нив. Токсични луѓе се хранат од мизеријата која ја шират, не ти требаат такви во животот. Мој совет за најдобар начин да заздравиш е преку разговор со психолог. Нема ништо срамно во грижата за менталното здравје, како што нема ни во задоволување на сексуални потреби кај возрасни и зрели луѓе.
Какви луѓе живеат во државичката, да се зачуди човек. Се надевам поради ова е бивш. Нормалните мажи не мислат овака, така да немој воопшто да се срамиш или мислиш дека ќе има лошо мислење за тебе новиов. Не само што е тоа нормално, очекувано, туку (треба да) има позитивно мислење за тебе.
Бившиот си е бивш со причина, како што гледам бил заостанат премногу. Заборави ги неговите зборови и нека не ти влијаат во иднина.
Треба да бидеш среќна што си се спасила од таков идиот. Што прават другите у текот на сексот е нивна работа без разлика каков практикуваат. Не го одбегнувај партнерот, наместо тоа, уживајте во секој миг.
Дали е во ред на дечко ми да му купам бројаница или нешто друго од црква во која ќе одам? Не знам дали се купуваат такви работи на секого. Ве молам не осудувајте. едит: со првиот бивш дечко си купивме бројаници и после 1 недела раскинавме, со вториот пак беше нешто од црква и раскинавме после некој ден па сега со овој ми е страв