Ако е верник можеш да му купиш А тоа што си раскинала со бившите значи дека не биле за тебе, само побрзо ти се отвориле очите
Да бидам искрена не. И јас би раскинала некој ако ми донесе некои такви работи, многу ми се страшни и крипи. Ме потсетуваат на магии, на некои такви неубави работи. Ни во магии не верувам ама такви предмети ме потсетуваат на врачарства, на не знам, чудни вајбс. Верник сум, православна ама не сакам вакви работи воопшто. И голем дел од младината мислам дека слично мислиме. Прв пат слушам некој вакво нешто да подарува. Мое искрено мислење, не ме осудувајте ако си мислите поинаку.
Затоа и се замислив, иако дечко ми е голем верник сака такво работи често си купува преврзоци за во кола, иконки и сл. Имам подарени икона на мајка му за семејна слава затоа се мислам уште. До сега му имам подарено и превезок за клуч од еден манастир, цело време го носи.
Ако е верник и сака такви работи, да. Јас на пример не би сакала да ми се подари такво нешто. Но, секој што си оди по цркви и си верува верувам дека би сакал да добие бројаница.
Ако е верник слободно купи му, бројаниците од црква немаат никаква поврзаност со магии или обичаи, се користат при кажување на молитви. https://www.preminportal.com.mk/polezno-i-potrebno/1251-brojanici
Па не сум некој фанатик по религија. Славам празници само и толку. Ни библија сум читала, ни постам, ни ме интересираат работи од пред векови. Грдо ми изгледаат, чудни се сите тие работи од цркви и манастири. И бегам од луѓе што премногу придаваат значај на религија, за мене се граничи со лудост тоа. Се е добро во граници на нормала. Можеби си се нашле и си се исти, па ова им е убаво и сакаат такви работи да си подарат. Јас не сакам, ни сум имала таков партнер што оди по вакви работи и би носел или би ми купил нешто вакво. Си кажав свое мислење. Можеби и минатите дечковци на членката мислеле вака и им дошло чудно се тоа и раскинале. Кажав дека и јас би раскинала за нешто такво, дека ми се чудни во 21век такви работи. Нема што некој да се навредува, мое искрено мислење и став.
Не баш за бројаница ама да оди цело време на такви места и да е ептен навлезен во религија, дефинитивно да. Всушност, не мислам дека би кликнала со некој таков за да дојде до врска. Преференции, секој со својот избор.
Секако дека постои, не е еднорог. Но, секоја врска е различна, не може ништо да се заклучи од туѓи животи. Ако се сомневаш во нешто, тогаш има причина и треба да поработите на тоа.
Не знам дали да го класифицирам како проблем, дали би го игнорирале некое gut feeling, (лош инстинкт) во однос на врската? Дека нешо се случува но вие не сте 100% сигурни. Да напоменам имало и многу ситуации црно на бело ( не дека ме вара) но дека сепак не седи мирен, ме лажел, некои неповрзани работи некад ми ги кажува. На телефонот сигурно брише пораки, како да си помогнам?