Ова е сериозно и не си должен да трпиш туѓи испади. Кога станува збор за врски, треба да одбереш некој со кој ќе се чувствуваш комотно и убаво, а не напнат со нервози. Бегај.. од ваков круг на личности сам ќе пропаднеш.
Зар и такви ги има? Уживај си, не овертинкај. Тоа не е доволна причина за сомнеж. Не си ја мачи душата. Не си должен да трпиш глупости. Ај еднаш ај двапати ама постојано? Си има таа проблем со себе. Или ќе зборуваш да се промени или ќе заминеш.
И јас сум иста, ама мене дечко ми ме трпи со тоа што ме игнорира, и тоа е сосема океј бидејќи сака да ме трпи, да неќеше ќе ми раскинеше, супер ни е..
Пробај пак да збориш со нејзе и убаво се објасни и како се чувствуваш ти заради нејзината нервоза.. Сигурно има и некои други проблеми кои ја прават нервозна а што не ти ги кажала Биди тука за неа и пробај некако да и помогнеш ако не се смири ти не си должен да ја трпиш таква
Не знам што проблем има девојчето , можеби е психа , можеби има други проблеми или едноставно таков карактер има , но ти не си должен ова да го трпиш . Впрочем , и на неа би и било полесно доколку ги сподели работите што ја прават таква со некој . Пробај следен пат кога е смирена , да разговараш со неа , да ти се отвори во врска со проблемите што ја мачат надвор од вашата врска . Но ако ова продолжи , бегај ! И твојот мир е исто толку важен ! П . С . Имав другарка во средно , од дисфункционално семејство . Кога татко и и мајка и ќе се скараа ( неретко и степаа ) таа беше нервозна многу . Мајка и многу пати бегаше од дома , девојчево беше тепано од страна на татко и , а и брат и на 18-20 години јадеа ќотек од татко им со каиш .. Не смееше да не му се јави на татко и на телефон , дури и на среде час .. Ако не го слушне телефонот , се тресеше додека му се јавуваше .. Неколку пати бесот го исфрлаше врз мене и останатите другарки . Знаевме каква и е ситуацијата дома и не и замерувавме . Навидум изгледа дека сега се е ок , но сепак зад затворени врати , само тие си знаат како им е . Ова го пишувам , за да не осудиш прерано , можеби таа нервоза и е производ од нешто што не е поврзано со тебе .. Обиди се да разговараш со неа кога е смирена , и дај и време можеби нема веднаш да се отвори и да ти раскаже се . Но , доколку ова продолжува предолг период , ќе мораш да прекинеш секаков контакт со девојката ..
Да го пишеше ова девојче, досега ќе ве имавме разведено Се си има граница до која се толерира, ама штом некој е толку пречесто нервозен до степен да удира, тоа е веќе далеку премината граница за мене.
Не треба ти да го трпиш ова. Мислам дека треба да зборуваш со неа уште еднаш,а ако продолжи да се одалечиш од неа.
Overthinking не носи ништо добро... Мислите можеме да ги контролираме. Некој намерно потпалувал во лп, што не пишал овде во темава? Трагите што си ги видела од тебе се сигурно. Треба многу да поработи на себе ако ја сака врската. Кажи и' отворено и искрено што ти пречи. Што е причината воопшто за такво однесување? Таа има некој проблем. На крајот, самата ќе те оддалечи од себе ако не се свести за проблемот, веќе и почнала да те оддалечува, но ќе стигне до крајна точка од која нема назад.
Колку време е прифатливо да се допишуваш со некој пред да искочиш? Не знам дали е до мене, ама јас преферирам барем недела-две да се допишувам со некој пред да одлучам дека сакам да искочам со него. А сите со кои што зборев периодов, после 2-3 реда муабет одма викаат надвор. И одма ми е turn off. И најсовршениот да е, ако после пола саат допишување ме викне надвор одма ќе ми се одмили. Дали е нормално моево, што сакам да ги запознаам малце подобро пред да искочам со нив или они се у право и подобро е да се искочи одма?
И јас го преферирам ова твоево, многу поубаво е да го запознаеш некој и кога ке излезете точно да знаеш каков е и за кои теми можете да правите муабет
Искрено, нема погрешна постапка тука. Некои луѓе не сакаат да се замараат преку допишување и сакаат во живо да видат хемија и да приметат дали го бива или не го бива. Ако ти сакаш подолго време допишување топ, барај го тоа, ама не прават ништо лошо што те одма викаат, да знаеш.
Имало период кога сум сакала само дс се допишувам со некого, како да знам дека има некој овде а да не сакам да излезам воопшто Ама еве со дечко ми сега прво излезивме сосем случајно па потоа почнавме да пишуваме така да нема правило, зависи ти како се чувствуваш
Мене ми е малку недела-две допишување. сакам подолго допишување за да го запознаам подбро човекот, дали ќе оди муабет и дали ќе бидам заинтерсирана за да излезам. Мене ми е црвено знаме одма после 2-3пати одма викање на кафе. Него му е битно тогаш само со женско да излези.
Дали ви е страв од приврзаност? Мене ми е. Не од поврзаноста туку од фактот дека може да ја изгубам таа личност. Мразам збогувања. Поточно бев сама долго време бидејќи не сакав да бидам повредена, сега сум во здрава врска (конечно! после пеколот претходно). Се е ОК, но имам константно страв дека може да бидам повредена (изневерена или оставена). Некогаш си велам и да се случи тоа па што, таков е животот, ништо трагично. Но, има денови кога мислам дека не сум доволна за никого. Зборував за ова со партнерот многу разговара и он со мене за тоа бидејќи знае дека ми е проблем, ми дава подршка во се. Кога ќе се приврзам за некого страв ми е дека утре ќе го нема, и не само дечко туку било која личност во животот. Страв ми е дека нема повторно да добијам порака или повик од таа личност, и самата помисла ми ствара паника и силно чукање на срцето. Затоа и со многу малку луѓе се дружам, страв ми е дека ќе си заминат. Дека утре тоа што сме го правеле ќе го нема, и на мое место ќе биде друга личност. Страв ми е од замена.