Зборено е многу пати.. Многу пати и е кажано дека ќе прекинеме све уште еднаш ако се повтори тоа.. Ќе помине неколку дена мирно све и пак истото.. Таа упорно проблемот го гледа кај мене.. Лошо сум се облекол, ладно сум се понашал, ако несакам да одиме некаде одма проблем.. Па потоа ќе се налути сум ја изневерувал зошто не сум и го дал телефонот да го провери.. Сум ставил лајк или сум додал некоја на инста и одма проблеми што ќе ми биле.. Све така некои глупи работи што секогаш кога и да поправам нешто одма излага нова глупост..
Ако го знам човекот во живо( да сме оделе во исто средно, факс или преку зарднички пријатели) ама ете не сме имале можност да се запозмаеме убаво, би искочила и порано ако ми се свиѓа. Ако е скроз непознат, би почекала неколку недели, и внималетно.
Енергетски вампир. Има такви луѓе, едноставно полни со негатива и нервоза. Едноставно таква е. Може секој да има период кај што е напнат, ама секогаш да е не. Многу просто е. Ако си спремен да трпиш да ги истура фрустрациите врз тебе и да живееш на игли да не погрешиш нешто, остани со неа. Ако не си, раскини ја врската.
Што бараш уште со неа? Кога поминував низ тежок период другарка ми ме седна и ми даде многу убави совети, меѓутоа еден посебно го запомтив - Не може да очекуваш сите да останат, еден ден можеби сите ќе заминат од твојот живот, оние кои се вистински, тие ќе останат. Најпрвин не се согласував со нејзе за да по еден период соберам 2 и 2 и да сфатам колку била во право. Имав порано страв, сега не. Оној кој сака да си замине му посакувам среќен пат, оној кој сака да остане во мојот живот со драга воља ќе му возвратам дупло. Првите, нема да ги спречам. Се промениц, веќе не ставам при срце нечии заминувања, нека бидат живи и здрави. Туку доста околу мене, само сакав да доловам ситуација. Немој да се потресуваш, немој да паѓаш во депресии, немој да живееш во страв, тоа ништо добро не ти носи. Знам дека звучи клише но зборувам од искуство. Имаш убава врска, партнер кој те подржува, друго ништо не е битно. Уживај во она што го имаш. Оној кој треба ќе остане, оние вистинските луѓе. За другите кои решиле да заминат, не вреди трошење време. Сосема нормално е. Преферирам подолго да се допишуваме пред да дојде време за кафе средба. На пример, 2 3 месеци ми се доволно пред да прифатам. Не мора да биде нешто, може да добиеш само пријател плус доколку не ти се допаѓа тој некој. Мразам форсирања по 2 3 пишувања и да те тормозат за кафе, големо црвено знаме е за мене тоа.
Од мое искуство зависи и од возраста. На помлади години муабетот знаел со месеци да трае пред да се запознаеме во живо, а вака на позрели години и со повеќе обврски некако очекувањата се побрзо тоа да се случи.
Зборувам со колешка, почна да се гледа со еден тип и двајцата се во 30 тите години, тој 36 таа 33. Од старт црвени знамиња, ја форсира да и направи бебе, да отиде во Германија да направи некоја пара и да се врати назад. Не ви е малку сомнително тоа? Едвај месец дена се гледаат, тој веќе планови и планови. Да свршил во нејзе, за да не ја изгуби Кој би и гарантирал дека ќе ја земе? Никој, така? Ми се пожали дека е доста променлив. Знам што да и кажам, не сакам да звучи дека и се мешам, или да испаднам лоша но како да и кажам да бега понастрана од типот? И уште нешто, имаше муабети дека лежел во затвор а тој одбива да зборува за тој период од животот. Не знам, мене ми е сомнително.
Шо да ѝ речеш, џабе е ако таа не ги гледа црвените знамиња. Колку сум си ја тупала главата за другарки и пак крива и лоша испаѓав.
Тоа ми е збор, ми побара совет. И реков прави како си наумила. Колку и да зборуваш, на крај секогаш си тераат по свое. Ама еве, ме замисли, како се осмелува типот тоа да го бара од нејзе, а таа да се двоуми, како бе љубовта некој ги прави слепи и глупави?
Викаш се заљубија за еден месец? Не верувам, повеќе изгледа дека се очајни и двајцата. Слободно кажи ѝ да не се залетува, како може толку брзо да планираат бебе?!
Малку ми изгледа како и тој да има притисок (од фамилијата или општеството) за да се жени и да има дете. Знаеме сите како е во Македонија ако си веќе 30 и си неженет/немажена или немаш дете на глава ти се качуваат сите. Можеби сака да убрза поради тоа, ама сепак еден месец е ПРЕМАЛКУ за на некој да му родиш дете. Верувам дека не се познаваат воопшто штом тој не и се доверува за својот живот, така да не ми е јасно како утре ќе го гледаат тоа дете и ќе бидат во брачна заедница доколку не знаат ништо еден за друг...
Секој си знае најдобро но сепак и мене оваа работа ми изгледа доста сомнително. Моја претпоставка е дека на типот му дошло време за расплод и дека би и направил дете на било која. Дури може не ни планира да остане со неа, едноставно ќе кидне ете во друга држава али битно му е да се оствари како родител. Може со него и проблеми да има после, да и го бара детето и да и го комплицира животот. Толку брзање не ми изгледа на арно, набрзина може сака да зафркне некоја а којзнае што му се плановите.
Тој мисли така се прават и чуваат децата. Да, да Џабе тие години кога е зелен у паметот. Болдираното. И јас така размислувам, не и го кажав тоа на глас.
Штом бара совет од тебе јас би ти рекла отворено да и го кажеш своето мислење, па понатаму е нејзино што ќе одлучи.
Види, викаш свршил во неа?! Мислиш така е тоа ако таа стварно не сакала? Не е. Ако не сакала зошто не користат кондом? Зошто не користи контрацепција? Норлево во краен случај. Ич не се мисли. Таа се надева да го врзи со бебето, ко многу, ама ете некако можда не ѝ оди од рака. Рекол ќе оди во друга држава, па сама со бебе не е сеедно. Затоа, демек бара совет. За кога ќе моли по другарки да ѝ го причуваат бебето да не биде одбиена. За крај, кажи ѝ дека можда нема да се фати од прва бебе, нека не “паничи”.
За жал кај нас сеуште владее тој синдром на "стара мома и "ерген", и затоа брзаат да се 'врзат' за некого па макар и еден месец да ја познаваат личноста. Конкретно човеков според напишаново ми изгледа како red flag во движење, посебно за тоа што и свршил намерно.
И воопшто не ги разбирам тие што мислат дека ако направат бебе ќе се среди се и ќе го задржат партнерот. Абе ако некој е цврсто решен да замине, ништо нема да го спречи па ниту бебе. Така да, оваа "тактика" со правење бебе нема за ништо добро да ви служи, само полошо ќе направите.