Мене вака некој да ми изреагира одма ќе го блокнам, без збор. Аман, на сите ни треба место и слободно време, особено кога станува збор за обврски. Не сте заврзани со папочна врска за дечковците.
Биди среќна што му е на вибрации телефонот, мене ми е секогаш на нечујно особено ноќе, па кој нема друга работа ако сака нека ѕвони и нека пишува. Треба да имаш осет штом рано станува и ти кажал дека ќе си легне, а знаеш дека му е на звук или вибрации и дека ќе го разбудиш.
Ако сакаш да излезеш со него, излези, не мора да го спомнуваш братучедот. А што намера имаш воопшто со него? Прво, не мора да излегуваш со него, не излегуваме со секој што ќе не' викне некаде, нели. Штом си го излажала уште на почеток... Второ, кога ќе открие дека си го излажала, не верувам дека уште ќе сака да се гледа со тебе. Безброј пати се случило и никогаш не сум ни помислила дека е проблем. Ти кажал дека ќе спие, немало потреба да му ѕвониш.
Кажав дека тој ми се јави, не знам зошто читате како што вас ви одговара. А тоа дека сум ја "окупирала" темата ме заболе, ќе прашам што имам. Не гледам правило колку пати смеам да пишам, прочепкајте по другите теми кадешто еден ист член 130 пати пишува во еден ден.
Станувањето во 5:30 е мачно и треба да го разбереш. Ако не сака да му дрнда телефонот не му пишувај или пак нека го прави на нечујно. Стварно нема потреба за ова да се карате.
Човекот ти кажал дека ќе спие,а ти си му пишала што правиш? Кој чита како му одговара,сама си кажуваш па после се контраш. Прави што сакаш, со вакво темпо уште долго нема да издржите.
Проб е што сега за сега не сакам, бидејќи секогаш сум за тоа за помине некое време па после да излезам, ама бидејќи не живееме на различни страни од светот, секако дека подобро би било да се видиме во живо а не се да кажеме преку пораки и во живо истите работи да ги збориме, туку, јас нема да му кажам ама што викендов што следува кога ќе ме види и мене во истиот ресторан... Многу заплеткана ситуација, порано бев во врска со на братучед другар, сега пак се погоди негов другар, затоа не сакам некако Плус, случајно ја инсталирав таа апликација, не знаев кој е што е...па се да му кажам на изволте, сега ми бара број, готова сум, бар да не излажав за името
Подобро остави ја таа работа, да не се заплеткаш уште повеќе. Или барем признај се' па види што ќе испадне.
Малку е глупаво што си пишала, а си лажела, сепак или сакаш да се запознајш или не, некако сега си измеѓу, не мора да му кажуваш на некој каде живееш, можеш да избегнеш такви прашања. По муабетов сигурно си прилично млада. Друг пат одбирај самата што ќе кажеш или не, затоа што ќе дојди момент кога можеби ќе сакаш да бидиш нешто повеќе со личноста, а тој каков впечаток ќе има ако се што си кажала е лага. Е сега имаш избор ако се допишувате и сакаш нешто да му ја кажиш вистината, затоа што ако биди таму сигурно ќе се распраша за тебе, можеби и ќе дојди да се поздрави. Малку си се заплеткала али можиш да се извадиш
Вака, најдобронамерно. Јас да бев дечко ќе ти се налутев, ова е гушење. Не ти вратил дека ќе спие, еј голема работа. Тоа што имаме 24/7 достапни средства за комуникација не значи дека стварно треба 24/7 да висиме на телефон и да даваме извештај.Ако сакам да спијам исклучувам телефон, ич не ми е гајле кој ме бара.
Да но мене ако ме снема на 1 саат секако ќе ми се јави, нема ни да се запраша дали спијам. Не се работи за притисок или недоверба. Многу пати се има случено во една вечер јас да останам дома а тој да биде излезен со другари. И сега јас не можам да го чекам да си оде ако ми се спие, пишуваме и кога тогаш ќе заспијам. И следуваат пораки "еј каде си? Што те снема вака? Спанкоо спиеш ли" е сега ова беше ситуација што јас и тој бевме договорени да излеземе ама тој кажа да преместиме бидејќи сака да вежба дома стомачни нешто и потоа да спие бидејќи тој ден работел многу... и сега бидејќи убаво времето не ми се седеше дома ги земав другарките и отидивме на кафе. И му пушувам дека излезив и каде сум, и сеа мислев дека се налутил демек одма сум се договорила. И после 1 час му пишав еј што правиш и потоа ТОЈ ми се јави, изреагира многу лошо и нервозно и ми спушти телефон. После тоа не му се јавив и не му пишав ништо. Денес тој прв ми напиша ама некако не сакав н и да му вратам дека така се испонаша, потоа и ми се јави и почна тоа "ти кажав дека ќе вежбам па ќе спијам ама од премореност не ни вежбав одма заспав на најслаткото ме разбуди со пораката што ми задрма до уво" океј јас сум крива, но тој многу повеќе пати го има направено истото и никогаш не сум се испонаша ка така. На телефон само му реков не ме замарај денеска не ми е дојдено до тебе. потоа видов дека ме блокна на инста не знам дали мислеше дека ќе му се јавам ама не направив ништо после 6-7 саата пак ме додади па вечер да сме се виделе да правиме муабет. Сега кога гледам вака, цело време мислев дека јас сум таа што нема доверба и што контролира, исто така и што паничи и драми, ама мислам дека тој тоа го прави повеќе. Цело време демек јас сум крива дека го замарам не знам што, а да го оставам 2 саати тел нема шанси да не се јави или пише. Ова ни е 2ро "прекинување", и претходниот пат сам си раскина сам си се смири јас не ни бев присутна во цела таа драма. го сакам, 90% од времето се е добро. Но ме вади од такт тоа што кога јас ќе направам нешто што и тој го има направено х100 добивам лоша реакција од него. Па и ми вели ако мислиш дека имам друга а немам дојди дома кај мене провери или низ град а не да ми пишиш на инста оти си правиш филм. + пред 3 дена бев на кафе додека тој беше на работа и ми немаше вратено и викам ај да не се трупаат пораки ќе му кажам кога ќе си одам па после излезе дека сум скрила од него ++ веќе не знам како се чувствувам во оваа врска, го гледам како нестабилен и не знам дали тоа ќе се смени. Во ист ден ме блокира, ме додава, да се сме смириле, ми праќа на инста слики од венчавки на плажа дека би можеле нешто такво. НЕ. Не знам. НЕ.
Буди се ти во 5:30 за на работа па види кога ќе заспиваш и дали ќе те нервира дечко ти да те буди со пораки.
Боже, покрај толку љубовни проблеми ти одлучи да прашаш за „проблемот“ кај шо дечкото само сака да се наспие?
За глупости прајте драми. Не мора да ми кажува Еј сега ќе мочам, после вода ќе пијам па мудата ќе ги почешам. Ми се случило он да отиде во друг град кај роднина и дознав после тоа, набрзина испаднало одењето и не се налутив, секако немавме испланирано нишо
Па можеш да ги немаш тие луѓе на инста едноставно, си ги остава жената зошто знае дека и коментираат. Мене ако некој ми е досаден/напорен и ми коментира на сториња, ќе го избришам А ако ми е интересно и ми годи ќе го оставам и тоа е тоа