Знам дека ќе речете дека одамна требаше да го направам ова, ама денес бил денот, му пишав сабајле "Во животот, треба да знаеш и колку е границата на толеранција која треба да ја имаш, бидејќи премалку е лошо, а со премногу толеранција будала ќе те прават, јас имав премногу толеранција за тебе, среќно низ животот.", и го блокирав секаде каде што можев, веќе не планирам во никој случај да се смирам со него, премногу шанси му дадов, премногу пати разговарав со него, тој само се правеше жртва и си продолжи по старо..
Само да ти посакам да бидиш силна и да го пребродиш периодот шо следува најбезболно шо можи. Знам колку се тешки првите денови после раскинување, ќе ти треба поддршка од некого до тебе обавезно или па некои активности со кои ќе си го окупираш мозокот. Се’ ќе помини, само маалку време треба.
Браво, не ја знам позадината но штом си се одлучила на ваков чекор , мило ми е кога гледам како некој си ја сфаќа вредноста и разбира дека заслужува мноооогу повеќе.
Здраво членки.Ова не се проблеми но, сепак сакам да слушнам мислење. Дечко ми цело време како да наговара дека сака да се земиме дека јас веќе завршив факс, меѓутоа јас не сакам и не сум спремна. Во повеќе наврати реков дека не сега, има време.Сакам да се вработам и да уживам во слободата, бидејќи учев факс па сакам да уживам и платите да ги трошам за себе, а не за фамилија бидејќи не ми е сега дојдено до тоа.И баш ми вика "а што не ли ќе кажеш ако те запросам?" Нормално дека не, ама викам ние треба со договор да сме, не сме малку заедно 6 години.Треба и јас да бидам спремна, безврска колку одиме.Мн тежок период имав а и на факс, па сега сакам уживање, а не мажење летово, јер ми није до тога Што мислите ? Би сакала директно да му речам и да прашам дали навистина мислеш така, или само мајка ти ти зборува итн.Бидејќи она два пати рече.Искрено да живеам сега со нив не сакам,кажав и причина.А и плус има и ред други работи за кои сега не би се нафатила да се мажам.Барем да помине уште година две па и три, не сум спремна.Имаме по 25 и 26 години.Позз и извинете на долгиот пост.
Долго време сте заедно и сигурна сум дека веќе имаш научено на кој начин отворено да зборуваш со него. Можиш да го прашаш дали стварно тоа го мисли и дали има такви намери? + можиш да му објасниш дека ти сакаш да си со него но дека не си спремна за брак, кажи му дека немаш финансиски примања од твоја работа моментално дека не сакаш од него да зависиш. Сигурна сум дека ќе те сфати. А може и се зафркава, бидејќи старите нели цело време Велат "да заврши со учењето и зимај ја".
Даа, секако ќе прашам.Ама јас веќе имам дадено до знаење дека сега не сум спремна. А треба да одиме во друга држава да живееме и знам дека ќе мора да се земиме, ама прво сакам тука да работам и да уживам во слободата.А мажена ќе сум секако цел живот.
Браво. Гледаш дека можеш. Тоа што не те убива ќе те ојача. Со среќа Мора да разговараш со него отворено,без криени карти,ме разбираш. Ако сакаш да останеш со него и понатака да се земете мора да најдете компромис. Не може да ти прави “marry me” ако го знае твојот став и за истото не те почитува. Млади сте,разговарај отворено.
@lilly57 Самата преселба во странство е огромна промена и воопшто не е лесен процес. Не знам дали сами заминувате или кај родители, во секој случај убаво би било прво да се средете со стан и работа. Кога ќе почнете да живеете заедно веќе и не е толку важен тој прстен. Реално не менува којзнае што. Знам дека кај нас сеуште се практикува свадбата да се плаќа од родителите, ама сепак е добро да имате доволно финансии да си дозволите што сакате. Подобро чекорот да го направите малку подоцна но се да биде онака како што сакате и двајцата. Отворено поразговарајте за овие теми.
Јас мислам дека со разговор ќе решите. Кажи му дека си имала мачен/тежок период додека си студирала, сега дека сакаш да се отпуштиш. Исто така можиш да му спомнеш дека доколку се земете ќе имате големи трошоци, дека сакаш прво да работиш за да имаш доволно финансиски средства за вашиот дом во странство, и за шетање спомна му го ова дека можете да шетнете откако ќе имаш примања
Од се погоре напишано,ми се чиниш ,јасна,цврста и конзистентна во твојот став,дека не си спремна за брак.А кога и интуицијата и твојата свест ти го кажува тоа ,јасно е дека во моментовНЕ САКАШ брак. Да не ти расипам калимера со идната ти свекрва(зошто гледам дека ја гледаш иднината со твоето момче и си сте ОК),сепак имам впечаток дека тие финти,абе понудии ти брак ставија во тесно и ќе мора да рече ДА,се бабини финти. Разбирам,родителите сакаат децата да им се средат,а имате долгогодишна врска,но не се прави на сила така.Порано на девојчињата така ги учеле ,појди му дома и остани му за да те земе.Кога сум јас во прашање ич не бев зрела за брак,ама сепак сакав да се случи.А ти не сакаш.Затоа разговарај со него,кажи му како овде јасно, не сакам,не сум спремна(настрана муабетот,работа ,слобода,тежок период). Ако си имате слога,ќе дојде денот за брак. Блиски мои после 13 години врска се земаа и си имаат бебенце сега.
Можеби од дома го притискаат дека му е време. Обично постарите велат откако ќе се заврши факултет, следен чекор е да се мисли на мажење. Глупости. Го делам истото мислење со тебе, имаш право да си уживаш после напорното студирање. Доколку ти понуди брак секако нема да кажеш не, ама треба да биде доволно свесен дека не си подготвена за тоа, за да приреди ваков чин.
Па да, имам кажано дека не сакам сега, а не дека не сакам воопшто, да не ме сфати погрешно. И да не биди работата заврши факс, се вработи и сега не сака да се земиме а ја чекав години. Мислам тоа е малку нарцистички ако навистина така мисли. Баш вчера кажав сакам кога ќе сум спремна и да си заработам за себе прво пари и барем да уживам јас сама, кола ќе си земам и да се осетам слободна,независна жена. Сакам се со ред да биди.А не преку ред.И да одиме 10 години, бар кога ќе имаме и деца да сме стабилни и со работа и станбено,ако имаме веќе шанси за таков живот.А имаме.Сум завршила факс, он работи еве сега на ново раб место, јас ќе почнам за скоро и така. Пред некој ден мајка му вика абе ајде летово регистрација да направите,и јас цела прашалници, и него му се свртив и викам зошто вака збори? Ти неш си кажвал? Вика абе остај ги тие муабети.Нека збори она..
Можеби.Ама јас пак ќе зборам со него и ќе кажам дека треба време и не сум спремна на тој чекор.А цело време за некои муабети ми делува како да сака сега, ама не можам да одредам точно дали сега оваа година какп да ме спрема да ме запросува или можеби подоцна.Оти рековме порано да завршам да се средат работитр па, со договор ќе видиме.Морам да се изјаснам, за да не се осеќам глупаво да ме запроси и да кажам да, а да не сакам.Тоа е веќе ужасно. А, и онака не се осеќам спремна за брак воопшто.Не сум тој тип.Порано да, ама сега созреав и некако други мислења имам.
Колку често се слушате со партнерот телефонски ? Нормално е да не се слушате секој ден, посебно на почетокот на врската, или секојдневно е "recommended" ?
Се слушаме барем еднаш на ден, обично навечер за како ни поминал денот. Ама чат пат и си пишуваме, се зависи од обврските.