Кога не сум била во врска ќе речев и една недела да не се слушаме нормално е, ама ми се смени перцепцијата за некои работи. Кога некого сакаш, нема шанси да не сакаш да го слушнеш или да си пишеш во текот на денот. Убаво ти е наутро да видиш кога ќе ти пише добро утро, целиот ден ти го разубавува, и да ти посака добра ноќ, убаво да спиеш, си легнуваш со насмевка на лицето. Но сепак сите сме различни индвидуи и различно размислуваме, а зависи и до тоа каква врска тие двајца сакаат да изградат, како функционираат, сите сме различни.
Ако кажам јас колку (не) се слушаме, ќе си помислите дека само глумиме врска. Не со сегашниов партнер, всушност, кога ќе се сетам, и со другите претежно на пораки сме биле. Ако е нешто ептен важно и итно или одвреме навреме чисто од ќеф. Значи не мора секој ден по еден саат на телефон да сте. Нема никакво правило @DrMTR
Секој различно. Ја некогаш на луѓе на телефон намерно не им се јавувам, па ќе им пишам порака шо им требало, за да не морам да се објаснувам по телефон. За сите ми важи правилото пораки, а не муабет по телефон.
И јас ...поубаво и повеќе ја доживувам личноста кога ми зборува него да ми пише. Ама ете секој различно. И до мудот зависи.
Не е љубовен проблем ама ме интересира нешто. Можеби смешно е хаха. Во последно време некако кога станува збор за симпатии кон некого јас повеќе чувствувам кон некој на пример што ете не ми придава толку важност да речам, збориме се, ама некако јас сум таа која тоа повеќе го иницира, но чувствувам симпатии и од негова страна, а на пример некој што сака повеќе да разговара со мене, прв почнува разговор и слично го гледам само другарски. Првиов колку и на некој момент да ме искулира(до сега не се случило) или слично јас пак по него ќе сум затрескана. Па сега пробувам да не бидам толку таа што прва ќе збори. Ви се случува ли и вам истото понекогаш? Неколку личности што ги имам прашано им се случило. Не знам што е ова со човечкиот мозок, барам утеха дека е нормално, или пак да знам како понатака да постапам да не сум напорна многу ако сакам да зборувам , зошто понекогаш така се чувствувам
Секоја врска е различна, така да нема правило. Јас додека бев во врска немаше шанса да не се слушнеме. Барем еднаш, да речеме пред спиење кога ќе се заврши со обврски. Ама тебе тоа ништо не ти значи. Ако тебе нешто не ти е ок, тпгаш пробај да го промениш. Ако ти одговара, тогаш терај даље. Не се води по туѓи примери.
Ние женските отсекогаш сме сакале bad boys (постојат исклучоци) ама во глобала мистериозниот маж кој ќе не искулира отсекогаш ни бил попривлечен,додека тој што се открива ни бил досаден. Така функционира нашиот мозок што понекогаш не сакаме да ги видиме релативните работи. Тоа е знак дека треба да процениме кој е вистинскиот. Треба да направиш споредба и разлика меѓу двајцата,да увидиш што те привлекува кај едниот,а што те одбива кај другиот и обратно. Се случува таков ефект на пресилно изразени симпатии но, тоа и е во случај кога сме неодлучни и не знаеме што сакаме.
Мразам да зборувам на телефон. Како што рече @Dream-Girl и кога ќе ми се јават чекам да исклучат па пишувам порака Не зборувам ни со другарки ни со родители ни со дечко. Не знам зошто е тоа така но тоа е
Мислам и машки и женски обично трчаат по оние кои не можат да ги имаат. Кога не ти враќа и не те ферма очигледно е дека не му се свиѓаш. Ама ние мислиме дека треба да им се свиѓаме. И правиме се' за да добиеме внимание од нив. Не сакаме да сме одбиени. А реално, еве и да се случи да развиеш поголема блискост со таква личност, ќе видиш дека не биле ништо посебно. Интересно ти било да ги "бркаш" и да им го освоиш вниманието. Овие другите што се заинтересирани се easy bait. Не мораш ни да се трудиш, секако им го имаш вниманието. Секако знаеш дека им се свиѓаш. И не ти е интересно. Токсично ама јбг .
Дали имате некој предлог за интересен date night покрај покачените цени на се и + горивото и бензинот што поскапеа? Претходно се идеше по ресторанче, надвор од град или во друг град/дестинација, па и на викенд. Ама ај сега нешто како за дома или природа Пример пикник, филм, спремање јадење заедно
Според мене пикник и опуштена вечер со филм е најубав дејт. Не мора да е нешто скапо и екстравагантно за да биде убаво.
Да. Може и game night на пример монопол, карти, ризик, брза географија (само на крај да не заврше со лутење )
Може и некаде надвор на отворено дека лето, не мора само да е дома. Мене ова ми е многу поопуштено и поинтересно отколку ресторани и ручеци.
А пример еден ден капење, на базен или езеро? Пикник во парк исто е убо, плус не знам дали сакате билјард, пикадо нешто така.