Значи вака има еден дечко што се гледам 6/7 месеци има позитивни и негативни работи кои ме оставаат во колебање дали да ја продолжам или преќинам врската . Јас сум 23 он 28 години. Преполн е со љубов кон деца и животни Ги почитува сите луѓе без разлика кои се и какви се Не осудува ничии одлуки Има добро образование Го почитува и сака своето семејство Сака да основа семејство (постојсно ми кажува дека едвај чека да основаме семејство) Обожава да готви(јас мразам) Премногу се грижи за мене и ме сака Но, Има проблеми со давање на животни одлуки (не е употрен и стабилен многу брзо се откажува ) во однос на кариера Нема сигурна работа Има сериозни проблеми со анксиозност (пробав да разговарам со него на оваа тема но веднаш ја затвара ) Не дискутира со мене за сериозни проблеми Тресење на рацете(генетски пренослива работа што утре ако имаме деца ме плаши да се појави кај нив истиот проблем) Имаме реално лош сексуален живот поради проблеми со ерекција. Никогаш неможеме да имаме однос без да земе апче , поради ова сум незадоволна Дознав дека посетувал гинеколог и дека нема некаква дијагноза за состојбата ,и дека еден лекар му кажал ниски се можностите за да стане татко. А мене ми е една од најголемите желби да станам мајка Не чувствувам страст . Од една страна чувствувам вина дека не сум задоволна со ништо и дека човекот нсвистина ме сака и почитува,досега никој не ме сакал и почитувал вака.. но од друга страна пак сите овие работи можат да бидат сериозен проблем во иднина . Ве молам луѓе за совет веќе незнам што да правам . Ако ја продолжам врската вака ќе оди на земање ,Ако се одлучам за прекинување нејќам повеќе да го мачам ќе биде потешко за него ве молам за совет навистина незнам што да правам .
Ако после пола год гледање толку негативности имаш забележано, при honeymoon phase, тогаш големи се шансите само кон полошо да иде врската и се повеќе работи да ти сметаат, а добрите да останат во сенка. Мислам дека е најдобро да пресечеш на време и да раскинете.
Да не се тоа red flags ако ти збори за основање семејство и слично, после 6,7 месечна врска? Да не е очаен да се жени? Не знам, сомнителни ми се овие мажи што се толку сигурни дека ти (или било која) си the one уште на почеток на врска. А и веројатно тоа не се кажува, туку се покажува. Веројатно е и премногу needy кон тебе? Мислам дека е рано да правиш одлуки. Ко што гледам, девојките околу мене се мажат околу 30 години, па имаш време дотогаш. Премногу имаш пристапено аналитично на ситуацијата, наместо емотивно. Никаде немаш напишано "преубаво ми е со него". Некаде се брзате и двајцата, ми се чини дека и двајцата праите математики. Инаку е малце неодговорно од негова страна да збори за стварање семејство, ако не може да учествува во неговото стварање.
Премногу бирате. Немал стабилна работа? Па добро кој има стабилна работа денес? Не бил упорен? Во што да биде упорен? Премногу дилеми имаш.
Како прво во оваа криза што трае 2/3 години никој нема стална работа, и тие што имаат може преку ноќ да им ја удрат клоцата во газ. дали мислиш дека личност што е сериозно анксиозна ќе ти се отвори и ќе ти каже се ако прашаш Што ти е? Како си? дури и личност што не е анскиозна ако има лош ден и да ја прашаш што ти е како си нема да ти каже. Треба многу внимание мнооогу разговор, тоа е да кажеме болна тема, не треба да се лутиш ако не се отвара со тебе лесно. ова со тресење на рацете треба да отиде на доктор, ова со ерекција треба да отиде на уролог. Дали стварно мислиш дека гинеколог може на маж да му каже дали ќе има или нема деца и тоа не на сигурно туку можеби. Нека направи тие што се уринокултура, спермограм и ќе видете каде е проблемот зошто нема ерекција и дали би имал деца во однос на тоа колку спорматозоиди има во неговата сперма. Исто и за тресењето на рацете може да посетете доктор. Ама некако ми се чине како да си бараш причина за да прекинеш, затоа подобро и прекини. Доколку НЕ САКАШ и НЕ ЗНАЕШ како да бидеш со некој што има такви проблеми со менталното здраво, подобро замини си. А ова другото што го наброја е нешто што можеби, ако толку те копка посетете доктор, невролог, уролог, психијатар и психолог.
Немал стабилна работа хм, а ти имаш стабилна работа? Знаеш колку луѓе од "стабилна" работа останаа без работа? Не знам дали си свесна во каква ситуација се наоѓаме и каква ќе биде тек во државата. Друго маж не оди на гинеколог, туку на уролог. Освен тресење на раце шо можи вашето детето да го добие, распрашај се и убаво испитај други фамилијарни болести кои ги имале, се до последно колено. И за 6,7месеци сигурно дека нема да ти се отвори скроз да ти кажува сериозни проблеми. Не знам дали упорно бараш проблем за да раскинеш, ама гледам дека пиша ви е преубаво, ама не ви е.
Штом има повеќе работи што не ти се допаѓаат отколку што ти се допаѓаат тогаш раскини. Ова со здравствените проблеми што се плус причина што сакаш да му раскинеш ќе ти кажам само едно, од тоа што бегаш баш тоа ќе те стигне утре. Ова со тресењето на рацете нема врска баш напротив може да се роди здраво право дете. Ова со неплодност исто така може од прва да се деси да имате дете. А може да се деси и обратно да го оставиш он да си има со друга живо здраво дете, а ти да се мачиш и деформисано дете да родиш. Кога партнерот има проблеми, здраствени, било какви треба да останете со него да му бидете најголема поддршка, а не да помислувате да го оставите. Може сум груба ама тоа е моето размислување.
@Tatii10943 дали си помислила дека тресењето раце може да биде и поради анксиозноста? Со неа нема заебанции, лоша состојба е и треба време да се среди, да се отвори кон некого. Околу децата и посетување доктор секогаш може да се побара второ па и трето мислење. Друга работа, денес никој нема стабилна работа, никому не му е сигурна работата, многу луѓе останаа без неа. Ми се чини дека бараш причина да му раскинеш. Направи го тоа порано, направи му услуга на дечково, тој заслужува некоја која што ќе му биде подршка а не да му бара маани. Ќе биде фер од твоја страна.
Ако не можиш да му ги прифатиш здравствените проблеми на партнерот, ти се пречка, те копка дали и вашето дете би имало проблем со тресење, ти пречи тоа што нема стабилна работа тогаш пушти го човекот да си ја бара среќата на друго место. Или прифаќаш целосно секој проблем, секоја мана, или не. Нема средина.
Се допишуваме скоро две недели со еден дечко и вака на муабет скроз фин и океј ми изгледа, моја возраст е иначе. Договоривме дејт за вечерва меѓутоа не сакам баш од прв дејт јавно да се рашетавам со некој и да седнувам на кафе кај шо ќе има многу луѓе. А за да одиме некаде настрана, би ме зел со кола ама не знам дали е океј уште од прв дејт да се пикам по коли… Немам идено на прв дејт сто години ради долга врска, сеа скроз изгубено се осеќам.. Ај нид хелп.
Мислам дека не е чудно да одиш на кафе на прв дејт. Сигурно нема да те залапа во сред кафич пред сите, туку муабет ќе си правите. А тоа што ќе речат другите од кај знаат што ти е? Може другар, колега, братучед... зар чудно е со машко да се иде на кафе... јас повеќе би одела на кафе за да избегнам одма допирање на прв дејт отколку во кола. Ама тоа е мое мислење.
Според сето ова кое го напиша, мислам дека треба да ставиш крај. Секој си има свои барања во врската и нема потреба на свои 23 години да прифаќаш некого ради навика, ради тоа што ти е жал за него или ради тоа што те почитувал. И друг ќе те сака и почитува, тоа е нормална работа. Проблемите околу кои си загрижена се и тоа како сериозни. Ни јас не би сакала да имам работа со човек кој не е сериозен во поглед на работата и кариерата. Факт е дека работа има за секој оној кој сака да работи. Не би сакала утре финансиски проблеми и кавги заради пари. Исто така и сексуалниот живот е многу важен дел од врската. Замисли ете сте во брак, ти чувствуваш нормална потреба а тој те избегнува и не пројавува интерес? Со сила убавина не бидува, човек на тие години не го менуваш лесно. Ниту пак има потреба, со друг можеш да го имаш сето тоа кое го посакуваш.
Одете во кафич, мислам дека за прв дејт најидеално е запознавање на кафе и ич не треба да се грижиш дали некој ќе те види или што некој ќе рече. Па не правиш ништо лошо, само седиш и разговараш.
На толку напишани работи, мислам дека проблемот е во тебе а не во него. Самата кажа дека не чувствуваш страст кон него, така што треба да раскинете и да не се мачите и двајцата. Очигледно не ја сфаќаш сериозно анксиозноста па можеби затоа избегнува да разговара за сериозни теми како оваа. Од мое лично искуство ќе ти кажам дека анксиозна личност не може туку така отворено да зборува за проблемите со кои што се соочува, бидејќи премногу е комплексна таа состојба. Е сега и да кажеш дека сте многу блиски зошто не би зборувал пак ќе кажам, комплексно е и тешко ама не и невозможно, потребно е да се изгради добра конекција за да се зборува искрено и отворено за вакви сериозни работи. Барем јас мислам така. Треперењето на рацете може да се јавува заради анксиозноста и ако тоа му се случува поради тоа што е анксиозен нема никакви шанси да се пренесе генетски. На крајот на краиштата не сме и не можеме да сме како од калап направени и да не е тоа, може нешто друго полошо генетски да се пренесе од некого. Чисто информативно ова. На крајот одлуката за твојата врска сепак е твоја, како мислиш дека ќе е најдобро за двајцата така направи.