Bare minimum e да те сака и да е добар човек оној со кој си во врска. Многу голем проблем во општеството е прифаќање и задовоолување со минималното. Автоматски “позитивните” точки дека сака семесјтво и деца паѓаат во вода, затоа што викаш дека е “стерилен”. Плус, не те задоволува сексуално, што е стварно голем проблем и сега(кога сте највозбудени и двајцата, сепак почеток на врска), а понатаму па уште поголем? Можеш ли цел живот без квалитетен сексуален живот? Постави си ги овие прашања, направи паралела и ќе го добиеш одговорот што е многу јасен. Убаво ти пишаа, ако уште на 6 месеци ставаш на вага лоши и добри страни, толку ти е.
Бре бре.. Ако те допре готово, крај на светот. Правете разлика меѓу суптилно допирање, по раце, раменици итн, и она допирање на "забранети места" ко за прв дејт. Зошто не е ОК да одиш на дејт на кафе? Полошо е да се пикаш по коли на прв дејт, само за да не бидеш видена со некого, отколку културно да си испиете кафе и да си направите муабет.
Колку лошо размислување читам.Не го бивало сексот и пиши пропало.Страшно. Наместо да се мотивира и бодри да не го изгуби дечкото ако е толку добар, сакате да ја натерате да го изгуби дечкото.Мизерни одговори.Може навистина дечково ја сака нејзе и треба да му биде потпора таа на него за да си го среди животот момчево.
Може ја сака, да, ама не ја гледа како потпора во животот, затоа досега и не ѝ зборува сериозно за своите проблеми. Мислам дека фали и партнерство, другарство во нивната релација. Така да, и девојката треба да е спремна дека она не е единствената што има мислења склопени во точки и потточки за партнерот, туку и тој има за неа. Убаво е ако почнат малку поозбилно и почесто да разговараат за се` што ги мачи.
Боже мили… И што кога ја сака, кога таа него не го сака, треба да се жртвува ??? Ама глупаво размислување!
Во глобала на соц.мрежи кружат 2 типа на корисници гледано и од машка и од женска страна. 1) Ставаат повеќе и попровокативни слики и со самото тоа им се лепи епитет на кривец во врската ако е во распад, поради големот број лајкови, фоловерс, реакции и сл. Но, тука во оваа група има една фраза се нарекува ,,доза на резерва,, или унапред си имаш сомнежи да не нешто се дешава или ќе се деси. Разочарувањето не е големо зошто очекувањата исто не се толку многу големи за разлика од: 2) Има малце слики, објави, фоловерс и слично, не се допишува со никого, не реагира, не и / му реагираат и следи само фудбал, мемиња, фустани. Кога во оваа ситуација ќе дојде до превара тогаш според мое мислење е многу поболно затоа што има поголема доза на доверба, не затоа што не следи никого, ами затоа што кога и да отвориш пораки нема ништо обичен бош муабет, за на крајот да се открие нешто сосема спротива. Контекстот на муабетот ми е дека социјалните мрежи расипале и на пат се да расипат многу врски, бракови, пријателства, затоа што истите се базирани врз основа на погрешни епитети и лажна среќа.
Ако си во убава врска каде сте исполнети и ви е интересно заедно, нема ни да ги забележувате социјалните мрежи... а камо ли да ви ја разнишаат врската. Тоа се дешава кога се или некомпатибилни ама гурале под тепих или кога ќе си здосадат. Во двата случаја не биле еден за друг.
Социјалните мрежи ништо не расипале, расипале луѓето кои ги користеле мреживе како алатка и олеснителен начин преку нив да повредат особи кои демек им значат. До луѓето е, не е до мрежите и да ги немало мреживе таквите личности пак ќе пронашле начин да флертуваат нападно и безобразно и во најлош случај и да изневерат. Не им се мрежите неопходни за тоа, ако имаат намера ќе ја остварат со или без мрежите. Потполно се согласувам со ова. Во вакви случаи кога со сила терале во врската или им се здосадило и без мрежите ќе стигнеле до истиот резултат, до распад на врската.
Фала ти што помисли на мене, супер помина. Бевме на јадење во ланџбар, после тоа се провозивме малце и низ град и така. Убаво беше. Излеговме уште еднаш, вториот пат на кафе и искрено не можам да се пожалам од тоа како си поминуваме додека сме заедно. Али, има друг проблем. Никогаш не е ништо сјајно.. Како што кажав, во живо ми е преубаво, али вака по соц мрежи, еве конкретно инстаграм, се дешава да не ми враќа и по неколку часа а го гледам дека е уклучен. Збеснувам во мене, али не му велам ништо. Само два пати сме излезени, нешо повеќе од две недели комуницираме на инста и некако ми е ту мач да му попувам зашо не ми враќа и пишува. А кога ќе ми врати, глупаво ми е да чекам со саати да вратам пак. Мразам такви успорени ствари, со тек на време ќе ми здосади брканица да играме. Е сеа, прашање ми е како да направам да биде повеќе заинтересиран за мене во тој поглед? Трпам трпам, али некоаш ќе ми стапни на живец и толку убаво ќе го подберам и на крај ќе изеде блок. Можда мисли дека чим не му велам ништо, не се замарам нешо претерано. Како одоколу да го пецнам за ова, да му дадам до знаење дека сакам поголема комуникација? Да се понашам и јас ладно ко него или искрено да му кажам шо ми пречи? Ладно понашање не е мој терен искрено, нема да терам многу време така. А некако за да му држам попувања чувствувам дека е многу рано и не знам буквално шо да праам..
Искрено и директно... јас така би направила. Ако сака да те разбере ќе те разбере и без да му вртиш од околу.
Ова успореното враќање на пораки го имам осетено од женска страна истото. Така да тука нема некоја голема помош. До човекот е
Ќе му кажеш искрено што посакуваш и очекуваш од него. Ако не може да ги задоволи тие твои потреби за почеста комуникација, а не да те остава со саати да чекаш ќе знаеш дека не е тоа тоа или како што рече дека брзо ќе ви искрсне проблем кој што ќе заврши со блок. Не е попување да си кажеш што сакаш и очекуваш, а па не е ни рано, баш е на време да си видиш ќе го биде нешто од вашево или не.
Кажи му него што сакаш и очекуваш. Штом ти е проблем не ќути и не се прилагодувај за да му удоволиш него. И мене многу ме нервирале вакви работи, имав еден бивш вака шо правеше и затоа е бивш . Во живо нормален, на интернет глумеше нешто зафатен демек бил се тој и затоа не враќал, а седеше онлајн. Ме нервираше тоа и не издржавме долго, се чувствував како да немаме добра комуникација која за мене е битна и плус ми фалеше внимание и достапност од негова страна, такво понашање страшно ме нервираше. Во сегашнава врска никогаш сум немала таков проблем и сметам дека добра комуникација е битна за успех на една врска. Мене ова ми е стварно проблем, да некој постојано со саати се влече да врати на порака, а гледаш онлајн седи. Никој не е до толку зафатен за со саати една кратка порака да не може да напише, правам тоа и тоа ќе ти пишам кога ќе завршам пример, наместо со саати да нема одговор. Но, чим седи онлајн веројатно и не е ни зафатеност туку така не си враќа со саати. Никој не е 24/7 зафатен за да не може до толку некоја нормална комуникација да одржи. Барем на телефон да ти се јави ако не враќа, за неколку минути муабет сигурно има време.
Кога веќе се отвори муабетов, ако се сеќавате пред некое време прашав за мислење за сличен проблем со комуникација преку социјални мрежи и еве сега пред 2 недели раскинавме, најмногу ради тоа. Десет пати побарав тоа што ми требаше, повеќе труд за комуникација, ќе се поправеше една недела и потоа пак на старо со глупаво пишување и нејавување. Не се лутам, сигурна сум дека постојат луѓе што така комуницираат и покрај искрена љубов/заинтересираност ама јас цел живот да молам некој да ми се јави, не можам. Се надевам дека на @Sarichkaaa дечкото што се видуваат повеќе би слушнал, ама на крајот на денот не можеме ние да ги менуваме луѓето. Среќно ако се одлучиш да спомнеш.
Истиов проблем го имав со една. Ми вели , гледам да не сум толку активна на социјалните мрежи, и затоа касно одговарам на пораки. А се вклучува на нив. Ми скурчи да чекам да врати или да се јави. Веќе не и пишувам и не ја барам на телефон. Ако сака нека се јави. Јас повеќе не планирам да се трошам, во нешто што не е обострано.
И сигурно веќе никогаш и нема да ти пише.. Изговори се само. Доколку некој сака да ти посвети внимание ке најде начин, преку социјални мрежи или во живо, ама секогаш ке гледа времето да го поминува со тебе а не да наоѓа било какви изговори
Баш. Не може никој да ми каже и докаже дека нема време за нешто со саати. Секој има 1 минута за порака или краток разговор. Тој што сака да ти посвети внимание ќе бара 99 начини да одржи блискост, тој што сака да те игнорира ќе бара најмалку 1 изговор.