Дали би биле во врска со некој што немате чувства према него само затоа што сте сами и ви е смачено од самотија? И да се тешите со тоа ај можда ќе го засакам?
Не. Можеби би се забавувала за неколку пати. Ама врска без љубов ноу ноу. Само си ги затвараш вратите за нешто што те чека. Не се оптоварувај, секој имал или ќе има таков период, научи да си океј со тоа да бидеш сама, и кога најмалце очекуваш ќе ти се деси-непишано правило
Не можам да се забавувам затоа што изгледа ме сака. Ќе му го скршам срцето така. Сама сум цел живот и ми здосади веќе, затоа. А да пробувам како ќе иде не знам што е паметно...
За ова самата можеш да си дадеш најточен одг. сепак самата најдобро се познаваш како размислуваш и функционираш во врска. Ако не ти е битно во старт да имаш некои емеоции и можеш со тек на време да ги пројавиш и да го засакаш, па дај си шанса тогаш и на себе и на него.
Џабе.. и да бидеш со него ќе се осеќаш неисполнета. Или ќе го искористиш и ќе го скршиш или ќе ти биде досадно. Тоа дека цел живот ќе си сама ич да не те плаши, колку години имаш?
20 години имам. Многу пати ми се десило да откачам некој и после да ми е криво и да плачам и да ми де јават емоции малце чудна сум.
Буквално цел живот е пред тебе.. Ич да не се замараш, не сум многу постара од тебе, ама да можам да се вратам на 20 дечко последна помисла ќе ми биде.. Времето можеш да си го пополнуваш со тие што ти се физички привлечни, ама никако врска ако не осеќаш хемија..не за друго туку ќе му ја затвориш вратата на оној кој ќе го сакаш понатака. Еден ден ќе се смееш на “стравовиви”, trust me
Јас така започнав врска со дечко со кој што сум сега заедно 2 години. Он ме сакаше, јас и не баш, симпатичен ми беше само. Ама сама бев долго време и сакав да пробам. Сега го сакам најмногу и мислам дека криво би ми било доколку не би му ја дала таа шанса.
Ќе го запознаеш подобро, ќе си видиш сама дали ти одговара карактерно, кои заеднички работи ги имате и ќе си одлучиш. Еднаш мајката на една моја другарка не учеше дека во животот подобро поминуваат жени што се повеќе сакани, од жени што повеќе сакаат. Јас сум личен пример на твојата ситуацијата само во малку постара верзија Долги години поминав со дечко што многу го сакав и се надевав дека ќе имаме заедничка иднина ама како созревав сфаќав дека само ќе ме уназади неговиот карактер. А дечково беше врв физички али карактерно дно.. И сама си бев можеби 3/4години на сите им наоѓав маани, ги споредував со претходниот се додека не улета мојот сегашен маж за кој ми требааше 6 месеци да сфатам дека го сакам и се омажив после 9 месеци врска Добрата врска па и брак треба да ја гледаш со човек со кој ќе имаш пред се разбирање, заеднички интереси, слични па исти гледишта кон иднината... Јас гласам да му дадеш шанса на дечкото ништо не губиш ќе го запознаеш подобро и ќе си одлучите дали сакате да бидете заедно или не.
Исто најголемо разочарување ми биле сите оние што на прв поглед сум мислела овој е тој вистинскиот Мојот сопруг ми е најголема поддршка за сите овие години поминати заедно. И ќе се каев цел живот ако не му дадев шанса да го запознаам подобро.
Да, затоа што така пообјективно можеш да оцениш дали тој е вистинскиот за тебе. А со тек на време сигурно ќе го засакаш, ако е навистина добар и искрено те сака.