Зависи. Лично ќе ти дадам пример кој не е како твојот ама сличен. Поради тоа што се чувствував сама се затрескав во еден од прво гледање и некој краток разговор. Јас бев таа што после тоа иницираше разговор и сето тоа поради да речам некои симпатии према него е сега и он ги имал арно ама откако проба да се случи нешто повеќе од само разговор мене како да ми кликни нешто во главата, видов дека не е тоа тоа и дека сум претерала. Се обвинувам сега поради тоа, ама грешка ми беше и од грешки се учи. Ако си во таква фаза каде што чувствуваш дека проблем ти и е самотијата да речам (а те имам читано неколку пати и мислам дека си во таква фаза), не те привлекува толку дечкото, немој да почнуваш ништо. Да го засакаш ти тешко, само ако е добро момчето и има вистински чувства можеш него да го повредиш.
Исто како јас да сум го напишала ова. Понекогаш оној вистинскиот и љубовта и среќата се пред нас а не можеме да ги видиме. Кога ќе видиш колку е убаво да си сакан, сигурно и ти ќе го засакаш.
Вака бев јас кога раскинав долга врска. Се појави еден дечко што физички не беше мој тип, но предобро се однесуваше со мене. После неколку гледања сфатив дека немам желба ниту да го бакнам, а не пак нешто повеќе и прекинав бидејќи беше само измачување. Според мене ако на почеток ја нема таа привлечност, хемија не би се обидувала.
Баш исто, исто. Додека помина време почнав да се заљубам се се повеќе,ни ден не можам да живеам без него. Па еве сега ќе правиме свадба
Не би. Е сега, ако размислуваш да дадеш шанса на човек што не го сакаш, можеби ќе го засакаш после некое време а можеби и ќе завршиш во пеколен живот оти најлош затвор е врска/брак без љубов, што не те исполнува туку си ради реда, да има некој.
Ама сепак ти бил симпатичен, а не одбивен. И мене либето ми беше симпатичен, па затоа и му дадов шанса, веќе три месеца сме заедно, ама има хемија, привлечност. Ако во старт нема хемија, нема ни да има.
Ми треба совет. Дечко ми воопшто не сака да комуницира во врската. Во последно време не излегуваме никаде, кога ќе му речам ајде да излезиме или ајде ваму ајде таму секогаш наоѓа изговори како не можам уморен аум, немам пари знаеш, немам време итн итн. А од друга страна кога некој друг го вика, оди. И во кафич и во кафана и сегде. Ако му речам нешто за тоа зошто не сакаш со мене да излезеш вели ти си љубоморна, мора да престанеш со љубомпрата или ќе раскинеме, ми се заканува дека нема да го добијам на телефон... а јас не сум љубоморна туку сакам малку повеќе внимание и да поминубаме време заедно правејќи нешто интересно. Секоја вечер скоро си легнувам нервозна а нему не му е ни гајле. Се чувстбувам како да ме манипулира зашто гледа дека го сакам многу. Затоа и ми вика ќе раскинеме ако уште еднаш речеш вака и сличнп, зошто знае дека неможам тоа да го оздржам. Многу ми етешко не знам што повеќе да кажам и што да правам...
Не те заслужува, не изгледа како многу да се труди и замара за врската. Како да чека да му раскинеш и намерно така се понаша со тебе.
Не мора да значи дека сака да раскини, може само тестира граници, колку ќе му дозволи девојката да биде безобразен. @аненце200220 батали го скроз. Заслужуваш некој кој нема да може да се насити од тебе, а не некој да молиш за љубов.
Можно е и тоа да. Ама знам вакви доста шо немаат храброст да раскинат, па намерно вака прават, чекаат другата страна да раскине. Секакви има, се плашат од искреност и да кажат што како е, па вака се понашаат. У секој случај, не е вреден дечково за членката да го трпи појше.
Знам дека има и такви. Не се плашам од нив. Се плашам од насилници. Ако е насилник, вака ќе се понаша. Насилниците тестираат граници, да опипаат колкава контрола можат да имаат врз тебе.
Шутирај со време, не се плаши ќе го преболиш, ќе си најдеш прекрасен дечко кој ќе ти се посвети со цело срце и душа и тогаш ќе сфатиш дека си била будала што си трошела време и нерви на ваков дечко
итно кажете ми каде можам да пријавам психичко и физичко малтретирање? И дали доколку личноста на работа поседува оружје ќе му биде одземено? И дали може да ја загуби работата?