Дали во денешното општество, конкретно во Скопје сеуште постои проблемот на класна разлика и колку тоа може да биде пречка во развојот на една врска? Конкретно, едната страна е одлично ситуирана, на почитувани работни позиции и углед, а од другата страна е уште едно нормално семејство од средна класа, кое сепак материјално не може да се спореди. Освен тоа, едните живеат во Скопје а другите во село во внатрешноста. Дали треба да разговарам со дечкото за ова, на кој начин и во која фаза од врската? Никако не би сакала тоа да е проблем, но е реална опција и доколку тој наоѓа проблем во тоа спремна сум моментално да раскинам колку и да го сакам. А сигурно не сакам залудно да изгубам еден куп време, па сакам да ја имам решено оваа ситуација. Да напоменам дека дечкото никогаш не наговестил дека гледа проблем, но е под многу силно влијание на фамилијата и не знам дали и колку може да им се спротивстави.
Штом е со тебе сигурно не гледа никаков проблем. Но, ако сакаш можеш да направиш еден отворен искрен муабет. Сепак комуникацијата и те како е важна во една врска, да можеш за сè да разговараш, за да немаш никакви дилеми и сомнежи.
Постои. Не знам искрено каков совет да ти дадам, како би се одвивал разговорот, но еве на пример ако не си приметила до сега нешто во начинот на третирање од него и неговите родители, може они конкретно немаат никаков проблем?
Не сме дојдени до запознавање со родителите, па не знам каков однос би имале. Проблемот не постои во моментов, но сум свесна дека може да се појави во секој момент.
Постои. И ако тие сакаат снаа од иста класа, а тој не би им се спротивставил, тогаш ќе имате проблеми зашто ти не си таа. А ако се нормални, без комплекси луѓето тогаш нема да имате проблеми од тој тип. Зависи тие како гледаат на тоа.
Јас мислам дека не затоа што познавам многу такви случаеви од моја околина. Ама сепак тоа зависи и од тоа како тие размислуваат. И мислам дека ако тој те сака, тие како нормални родители треба да те прифатат и тебе и твоето семејство поради среќата на нивното дете
Конкретно еден од неговите родители е многу успешен во својата сфера на работа и образование и знам дека цени образование и настојува и синот да оди по истите стапки, така да мислам дека проблемот е тука, а е многу очигледно дека ги држи сите конци во куќата.
А знаат они за тебе? Знаат од каде си и тоа? Би можела да разговараш со него, ама со оглед на последната реченица што ја кажа дека е под силно влијание на фамилијата...изгледа они што ќе кажат така ќе биде. Тоа е додуша заедничко за сите од нивната "класа".
Ако дечково те сака цени и планира сериозна иднина со тебе не постои ништо на светот што би го предомислило,па ни фамилијата.Ако приметуваш дека е под силно влијание од нив тоа може да ви е проблем и ако сте иста класа.
Уште не знаат. Кажав еднаш конкретен проблем сега нема, но колку што одиме подлабоко, јасно е дека може да се појави. А искрено сум скептична дека дечкото би им се спротивставил, свесна сум дека е под огромно влијание. Многу повеќе одошто е добро за него, без разлика што ќе кажат во врска со мене.
Дефинитивно постои. Колку време се гледате, и колку години имате? Дали врската ви е јавна, или повеќе се гледате во приватност? Дали неговите родители знаат за тебе? Дали ти направил муабет за запознавање, иднина етц? Овие прашања можат да ти го дадат одговорот.
Како поминува времето и како ми излегуваат бели влакна на главава, така се појасно гледам дека пара на пара иде. Бајки се тоа дека вакви работи успеваат. Освен ако девојката не е нешто над просек па е со некои јаки опции - погоден факултет со јака работна позиција и свои пари (зборам за јака пара), или знае како да црпе пари и да се усогласи со дечкото. Првиот тип девојка е јака на зборови и памет, па дечкото и фамилијата за неа ке плачат, другава е лисица која знае во кој момент треба да го скрие семејството, што мене лично ми е за жалење.
Епа јас сум од првиот тип, со висок просек на перспективен факултет и со свои пари, ако е тоа добро. Се гледаме пола година, врската е јавна, но е рано за стапување кон сериозни работи, дефинитивно сме уште млади. И не знаат за мене сеуште
Според мене, пола година не е мал период за да неговите поима немаат дека постоиш. Особено ако сте баш официјално во врска.. Не мора запознавање од одма ама па секој кажува имам женска, па слика да покаже, онака лабав муабет, да знаат со кој искача.. Мене ми мириса дека ќе имаш проблем во иднина.
@penelope10 не сакам да те разочарам, но досега не сум видела некој од висока класа да биде со некоја од пониска и обратно. Има, но тоа се ретки случаеви.
Не се разочарувам, подобро да слушнам вака и да проценам и донесам одлука дури не е касно. Ти благодарам за мислењето
@penelope10 пред да донесеш било каква одлука, дали имаш разговарано со дечко ти околу тоа? Чисто да знаеш на што си.