Немам и затоа се двоумам, не знам во која фаза од врската е паметно тоа да се направи, иако потполно се сложувам дека кога-тогаш ќе треба. Сега сметам дека е рано, но затоа побарав мислење бидејќи сепак не знам кога точно е во ред да се прави тоа.
Постои правило наречено ,, првите 90 дена ". Ако по тој период сѐ уште те крие, или пак не си на чисто со неговите планови, имаме проблем. Но, не поради неговите, туку поради него самиот. Мажи немаат мајчински инстикт или инстинкт за жртвување на сопствените потреби за доброто на родителите . Она, ,, не можам вака, мама се секира, ќе ми се разболе" ми е манипулација еднаква на ,, ако ме оставиш, ќе се фрлам во Вардар." Неговата наводна поврзаност со фамилијата е изговор којшто го користи за оправдување на сопствената несигурност во она коешто го сака. Ако си навистина интелектуално на високо ниво и имаш свој денар, воопшто не зрачи со таа енергија ,, јас сум класа под тебе. " Машките иако велат не се водат според чувства, од километри знаат да намирисаат несигурност или страв од загуба кај партнерот. Однесувај се и дејствувај како да си на секој план рамноправна. Не се давај. И цени се. Ниту еден " од фамилија " не заслужува да се чувствуваш недоволно. Расчисти на што сте и така одлучи. Среќно.
Мислам дека треба да бидеш искрена со него. Колку повеќе одложуваш, толку полошо. Имав јас сличен проблем, неговите воопшто не ме прифатија, тој се криеше ко глувче у дупка, постапив мудро со тоа што си заминав, а долга врска беше. Тоа беше најправилната одлука од моја страна. Нормално, не мора да биде кај тебе исто, само кажав како пример. Расчисти со него а и себе, сепак се работи за твојата иднина.
Тоа е многу лошо..кога е под силно влијание на фамилијата..И, мислам дека би имало проблем со класната разлика...Треба да разговарате и да бидеш сигурна дека би те одбрал, кога би дошло до бирање измеѓу фамилијата и што ќе каже самиот тој, но и после тој разговор...не значи дека ќе бидеш сигурна.
Ако те мачи прашањево, постави му го. Директно. Колку побрзо ќе дознаеш што мисли, толку побрзо ќе знаеш дали вреди да си трошиш време, или не. Многу ми е тешка неизвесноста. Многу...
Се надевам дека пријави веќе? Според сѐ што имаш напишано ти досега си немала проблем, но го очекуваш, така ли? И пишуваш овде за класни разлики иако немаш никаков хинт за тоа од другата страна. Сѐ додека не се случи ништо, ако се случи воопшто е прашање, за ти да се почувствуваш од "долна класа" дотогаш ти си таа која дискриминира и носиш предрасуди иако немаш причина за истите. А се работи за луѓе кои не ги знаеш лично. Разбирам да немаш самодоверба, но класите засега се само во твојата глава, односно ќе бидат додека не направиш проблем од истите. Или си правиш саботажа сама на себе, или си бараш причина за да раскинеш. Уживај додека ти е добро во врската, а доколку и понатаму се чувствуваш вака, можеби едноставно не е нешто преку кое Ти нема да можеш да преминеш за да биде успешна врската.
Епа тоа е доволно, што повеќе можеш да направиш? Што е битно твоите родители која класа се? Битно е дека ТИ се трудиш за својата иднина. Не верувам дека на дечкото ќе му биде битно од која "класа" си. А на неговите родители дали им е битно, тоа на вас двајца не треба ич да ви е битно. Секој си има право на свое мислење. За да ја надминеш таа "класна разлика", можеш секогаш да делиш секакви трошоци еднакво со партнерот, почнувајќи од секојдневни трошоци до кредит за стан итн. Така што, никогаш тој да не мора да ти "поклонува" ништо.
Многу ги мистифицирате богатите луѓе. Верувале или не, и тие имаат чуства и емоција. Јас знам многу такви бракови и врски што биле од различна социјална средина. Не им се важни толку парите колку што им е важна амбициозноста на потенцијалниот партнер на нивните деца. Сакаат своите деца, ко и сите нормални луѓе, да имаат достоен партнер во животот. Жените, според мене, мислам дека многу повеќе го ценат тој материјалистички сегмент од врската. Ко и секад низ историјата, но никогаш не сум видел девојка да има проблем со социјалниот статус на некое машко ако ја привлекува физички, а притоа тој физикус е надограден со трудољубивост, амбициозност, одговорност и желба за предизвици во животот. Мој совет е да не одите кон целта ако во самиот старт мотивацијата ви е дека ќе изгубите.
Знам дека е против правилата да барам некој да ми пише лп, но не е за во јавност. Ако може некој да ми пише ЛП да споделам искуство?
За време на испитна/колоквиумска колку често се гледате и пишувате/се слушате со партнерот? 5 месеци сум во врска, факултетот ми е на прво место и кога имам многу за учење и полагање, знам да не излезам и цела недела, а на социјални мрежи со часови да не се приклучам. Партнерот е дипломиран, со повеќе слободно време. Почна да ми префрла дека само сум учела и не сум му посветувала доволно внимание. Тој сакал повеќе да шета, годините му биле за ова, не можел веќе да ме трпи колку сум учела, претерано било. Во јуни сакал да оди на одмор, не можел да оди поради мојата испитна. Одлучи да оди со друштво следната недела, сега било поевтино, се скаравме за ова многу. Зошто правевме план да одиме на одмор после 15 јули заедно. Ме навреди дека залудно толку сум учела, не гледал дека медаља ми даваат на факултетот за тоа, сум била просечен студент. Посла ова не сме се слушнале неколку часа веќе. Ми пратил прееска некое видео во порака и слики, но не отворив пораката. Немам проблем со тоа да сум сингл, сметам дека е правилно после ова да ја прекинам врската. Не би дозволила поради дечко да ми патат студиите или кариерата. Тој сака да шета, јас сакам да учам, нека му е слободен патот тогаш. Дали правилно ќе постапам? Ќе му пишам да се видиме викендов и во очи ќе му кажам дека е време за крај. Сакам да се консултирам само да не претерувам и во афект да погрешам.
Не донесувај одлуки во нервоза. Ова може да се реши со разговор. Но ако и понатаму не те разбира, се знае што следи.
Мислам дека ок постапуваш. Јас одев со колешка од ист смер. Кога беше сесија не се гледавме и 2 недели. Ако некој полага нема гледање. И двајцата успешно завршивме факултет. Треба да има разбирање за тоа.
@Dafii2 поддршка од партнерот е многу битна работа. Ние и двајцата сме студенти и во колоквиумска сме излегувале откако ќе завршат полагања, зошто обично натрупани се колоквиумите ден за ден или преку 2 дена, па се нема време баш за излегување. А, во испитна ако се најде некој послободен период се гледаме преку една недела, најчесто за викенд, а некогаш и 2/2.5 недели ни излегло да не се видиме, но секогаш сме имале разбирање меѓусебно за обврските. На интернет и јас кога имам полагања не седам многу, пишуваме обично пред спиење, се договараме кога ќе можеме да се пуштиме за да пишуваме, но тоа е саат-два во денот највеќе кога е период за испитна. Се правиме во договор, да ни одговара кон обврските. Не сме имале никаков проблем, со договор се може да се постигне. Тој треба да има разбирање за тебе и да те поддржува. Не треба да те демотивира и додатна нервоза и стрес во испитна да ти прави. Може да се реши со разговор да, но се зависи дали и колку е спремен за компромис... Дали само ова ви е проблем, се друго е океј меѓу вас или? Мислам дека не претеруваш според мене, сепак не е мала работа партнерот да се понаша вака.
Треба да има разбирање, за излегување има време цела година и скоро цело лето. Ме нервира делот со одморот, знаел дека ќе имаш за учење, не мораше баш таа една недела да одите, а и план сте правеле. Можеше во мај и тогаш е евтино. Поќе ми личи ко да сакал да оди со другарите па добро му дојде изговоров. За вреѓањето, тој треба да ти е поддршка и да те мотивира да го вадиш максимумот од себе, не да те омаловажува. Со то шо не можи ич да не се слушните, ќе позборувате на телефон, ќе пишите на фб, вервам дека барем некој час одмараш од учење и фер е да му се посвети внимание. И ние исто како @Dream-Girl се договаравме, после ќе прам пауза од учење, очекувај ме на фб. И да ви кажам после то секогаш принципот на договор го применуваме за да не се бркаме (ама моето е на далечина плус). Не му обрнувај внимание сега нека не те дефокусира од учењето. Можиш да му кажиш дека треба да има разбирање, да видиш како ќе реагира, ако сметаш дека во иднина ќе е исто, тогаш то е то.
Ќе си се научи. Има време за се. Трпение. И сега кога има неодложна работа едниот ќе прави се и сите обврски ќе ги преземе. После обратно. Ќе има тој фајде од нејзиниот факултет. Така да...
Не ти треба партнер кој не ти е поддршка во студиите и кариерата и кој те навредува. Разговарај отворено дека ако сака да биде во врска со тебе нека се прилагоди, ако не тогаш кажи му дека е крај.
Јас мислам дека ова може да се реши. Не ги оправдувам неговите постапки, ама размисли на овој начин: од што му фалиш и што сака да иде со тебе на одмор се нервира. Јас лично кога не се гледав со партнерот ради неговата работа почнав да се карам од што ми фали. Не буквално намерно да почнам кавги, ама фрустрација од што не можеме да се видиме, а никој не е крив. Од друга страна, може и секој по свој пат ако веќе не сака да биде трпелив. Мене па некогаш најдобрата другарка ме нервираше што премногу учи и немаше време за ништо, ама после сфатив дека е нејзин живот и приоритет и немам апсолутно никаква причина да се нервирам наместо неа. Разговарај уште еднаш според мене, ако не разбере, јебига.