Луѓе океј е, мислењето ми е од пред 1 месец. Не сме веќе заедно. Ве молам ако ви е досадно пишите во други теми, не ми копајте по стари мислења. Ако сум побарала совет било тогаш за тогаш. Пријатно.
Дали би биле во врска со некој што пред 1 месец раскинал подолга врска од 5 години? Раскинале зошто не им одело веќе, со заеднички договор, нема ништо друго. Бевме пријатели и колеги, но откако раскина поинтензивно се дружиме зошто е сингл и доаѓаше со наше друштво сега повеќе. Морам да признаам дека многу ми се допаѓа, а и вчера вечерта на испраќање ме бакна. Не знаев како да изреагирам, си отидов дома веднаш, ме двоуми ова зошто долго имаше девојка. Не сакам да си мисли бившата дека сум им се мешала во врска додека биле заедно, дека поради мене не им одело. Или луѓето да ме осудуваат. Не сакам да сум трета личност некаде. Долги години се дружиме, ќе му кажам јас директно и на него за причината зошто си отидов после тоа, само цел ден сум нервозна. Не знам што да правам, после ова да сме само пријатели нема да може.
Во принцип е ок. Но може е од навика да биде со некоја. Може се чуствува ранливо па му треба некоја. Ако сте се дружеле и тоа е добар знак значи може и си одговарате. Претпазливо не мора да се брзате. Ако сака и покасно пак тогаш може стварно треба да сте заедно. Не го откачувај ептен. Разговарајте. Види може и тоа да не испадне не ок и кон бившата. Во принцип е ок но има доста потенцијални проблеми можеби...а може и не. Генерално е добро е за тебе што бил 5 години во врска значи знае како и сака долгорочно. Не се брзај но не се ни откажувај. Дружете се малку може тоа е најдобро. Нормално битно е многу и ти што мислиш и сакаш.
Кажи му на него како се осеќаш, кажи му го тоа болдираното. И чекај малце. Сте биле пријатели и колеги откако раскинал поинтензивно сте се дружеле, значи нема од каде да излезат такви муабети. Уживај си.
Не, не би била. На крајот повредена ти ќе испаднеш. 5 години и не е малку,а раскинување од еден месец повеќе ми личи на пауза. Јас би рекла да си разговараш отворено со него.
Не станува збор за никаква пауза. Како што реков колеги сме од факултет и со години во исто друштво сме. Мирен лик е многу, интроверт и често без него излегувавме зошто сакаа со девојката да поминуваат време, 1 во месец ако доаѓаше со нас. Но, сме комуницирале доста преку заеднички чет. Знаеме како било раскинувањето цело друштво и пред да раскинат и нас не прашуваше што мислиме, дали да се прекине долга врска што веќе нема емоции или поради тоа што се долго заедно и се очекува од нив брак да продолжи. Со месеци веќе не им одело баш, се карале, немало страст меѓу нив. Често беа заедно во тие 5 години, не се дружеа со луѓе многу и најверојатно се презаситија еден од друг. Не сакаше да доаѓа со нас, сме ја викале да излезе, сакала сами да си бидат, не се дружеа со луѓе. Тој уште кога раскина ни кажуваше дека нема никакви емоции веќе, повеќе биле како цимери, отколку во врска. Откако прекинаа ни се виделе, ни слушнале, девојката го избришала од социјални мрежи и го блокнала. Рекла дека не сакала со бивши никаков контакт да има, странец бил за неа сега. Но, тоа само на збор, женско ко женско, радозналост, отклучен профил има и му гледала сториња од лажен профил за да гледа што става, што значи сепак се замара уште за него. Како другар се ова ни го има раскажано, не само на мене, туку на сите нас како друштво и ние сме му кажувале наше мислење. Бидејќи сме од исто друштво, не можам сега да побарам мислење од останатите и тука ми се гледаше како најдобро решение. Не знам како би ја прифатиле сите оваа вест, никој не би очекувал. Големо друштво сме, 10тина колеги, малку бевме на смерот што го студиравме и баш се здруживме сите за време на студиите. Ни остана пријателството, најблиски пријатели ми се тие.
Ми звучи како ок човек. Како и да е не дека нема да се гледаш на факс со него. Така да нема да ти избега. Пополека не се брзај. Очигледно добро го познаваш така да ти знаеш најдобро. А за другарите и колегите не се замарај јас многу пати сум правел комплетен рисет на друштво многу пати. Ќе заврши факс па нема да се гледате често многу. Размисли и што сакаш ти.
Ако чекаш одобрување од другите, ти се е*а мамата. Секогаш, ќе се најди некој да ти ги осуди одлуките. Ти да си ја знајш вистината, да си чиста пред себе. Другите... кој ги тркала.
Дипломирани сме. Немам проблем со тоа и да го гледам. Само ми се допаѓа и би сакала да почнам нешто, но не знам дали ќе биде во ситуацијава вредно да се фрли пријателство од толку години. Што ако не испадне ништо како што треба? Сепак ми значи и како пријател пред се, долги години е во мојот живот.
Не може ти да си 3-та личност ако 2-рата излегла од пактот, независно дали врската била 5 недели или 5 години. За тоа да не чувстуваш вина. Она на коешто треба да внимаваш е да не излезеш повредена, да не бидеш во rebound лавиринтот. Остани си фина, но остај тој да трча малку, од него чекај ангажман. И внимавај колку се даваш и вложуваш, да не се каеш. Полека, чекор по чекор, не се залетувај пред да видиш дали е тој на чисто со себе си.
Апсолутно да, голема грешка е да се бришат добри потенцијални само поради тоа што ти биле долго пријатели. Очигледно сака со тебе и те знае. Може си му се допаѓала и порано. Нема везе што сте биле пријатели. Ако не бидне барем ќе знаете дека немало никогаш да бидне.
Јас не би била. Особено не после толку краток период. Јес да, раскинале со договор ама сепак 5 годишна врска е многу долг период за ти инстант да ги оладиш чувствата и да не осеќаш ништо за таа особа. Едноставно ќе се осеќам ко во грч цело време дека уште ја сака неа, дека ќе се смират. Не можам толкав притисок да поднесам.
@TrMila а да му речеш дека не си за тоа одма да влагаш у врска пошо он веќе имал врска од 5 години пред тоа и дека периодот е стварно краток од разделбата? Речи би сакала некое време така да се гледаме и да поминуваме време. Се надевам само дека не те гледа тебе како утеха за да ја заборави неа.
Се слушнавме на телефон пред малку. Завршил со работа, ќе се видиме за саат време, ќе разговараме во живо за се. Ќе ви пишам што ќе излезе, благодарам што издвоивте време да ми пишете.
Се видовме и долго разговаравме. Донесовме одлука и во моментов според моиве чувства мислам дека е правилна. Одлучив да си го слушам срцето и да не ми е грижа за друго. Вака, ние сме 29г и повеќе од 10 години се дружиме, уште пред неговата долга врска, многу имаме поминато заедно. Кога се запознавме, бевме доста млади и никогаш не сакав факултетот да го мешам со љубовни врски. Блиски бевме многу, заедно си одевме со автобус до дома и факултет, маало до маало живееме. Секогаш сме имале голема почит еден за друг, прекрасно и воспитано момче е, никогаш не бил нападен, ниту нешто пробал со мене или било која друга колешка наша тогаш. Ми призна сега дека на почеток од факултет сум му се допаѓала, но тогаш имав дечко од средно, затоа никогаш не се обидел ништо. После тој имаше врска, па јас со друг врска и некако секогаш во различни периоди бевме сингл. Сум имала врски од 2, 3 години, но сите се во минатото. Последнава година и повеќе сум сингл, некако се осетив изморена да се трудам за врски, а сите што ми се додворувале последните месеци биле катастрофа. Кој само сака да легне некоја, кој да се ожени зошто 30+ е и сака деца, сум немала хемија воопшто одамна со некого. Затоа и одбрав да сум сама додека не дојде вистинскиот. Никогаш со зафатен дечко не би била, не сум го гледала на тој начин се до последниов месец. Бевме пријатели, но секогаш ни одела дружбата многу. Слични карактери сме. Навистина е прекрасна личност и секогаш сум го мислела за него тоа. Сигурна сум во се што ми кажа, не е лажго, по толку години познавање сигурна сум во тоа. Врската со минатата девојка за него била завршена. Не можел повеќе да го издржи притисокот што му го правела, поради нејзината љубомора се разделиле. Не му дозволувала со никој друг да е освен со неа. Како поминувало времето, веќе не можел да издржи. Воедно имале и проблеми за финансиите, станува збор за девојка од позната фамилија и цело време го потценувала него и неговата фамилија. Ние кои сме, вие кои сте. Не и се допаѓало со кого се дружи, не сме и биле на рангот. Поради тоа одлучил да стави крај, се освестил дека животот не може така да го помине. Немал никакви емоции и сега сметал дека многу порано требало да прекине, не бил среќен и не бил свој во таа врска. Јас неа како личност ја знам само што сум ја видела неколку пати на свадби што дошле кај заеднички наши колеги од факултет, не сме имале некоја комуникација. Навистина не сакаше да се дружи со нас, го тргаше на страна. Одлучивме дека не сме деца за да чекаме премногу за што да биде меѓу нас, се знаеме долго и не сакаме да биде ова нешто без име и без да знаеме на што сме. Ниту јас, ниту тој сме за комбинации како секс без обврски или гледање онака, па започнавме врска и сакаме да правиме се што би правел еден пар. Под услов да не знае некое време никој за нас, да видиме како ќе ни биде. Како карактери сме навистина слични и мислам дека сме складни, а доколку вчера не испиеше малку повеќе алкохол и да собереше храброст да ми пријде, верувам уште долго ќе бевме само пријатели. Мислам дека не погрешив. Со него се чувствувам многу убаво. Толку се немам мислено и потресено од тинејџерски години, но во мене разбуди емоции што сум заборавила дека можам да ги имам. Можеби навистина ни е судено да сме заедно, а сега беше вистинското време. Ќе видиме како ќе се одвива, но чувствувам искрени емоции од негова страна и ќе си гледам да ни биде нас убаво, друго не ме интересира. Двајцата сме слободни, нема ништо погрешно. Уште еднаш се заблагодарувам на советите и знам дека е долго напишаното, но морав некаде да се искажам.
@TrMila Бев во скоро иста ситуација (само без 5 годишната врска), исто вака се плашев да не ,,расипам" долгогодишно пријателство. Ама според мене пријателството е веќе расипано откако бил направен move. Не можеш да се преправаш како ништо да не се десило. Мора да ги адресираш тие чувства во некоја точка од времето инаку како ќе продолжиш кога цело време нешто ќе ти вели што би било кога би било. Затоа мислам дека ова е најправилна одлука, без разлика каков ќе е исходот. А се знаете и повеќе од доволно според тоа што го кажуваш така да честитки и со среќа.
@TrMila Честитки, многу убава љубовна приказна. Те читав уште прееска, но немав некој најправилен совет. Не сум била во таква ситуација, затоа и ништо не ти напишав. Битно е вас да ви е убаво, како што кажа слободни сте и двајцата, не гледам ништо лошо во тоа што сте заедно. Ви посакувам среќа.
За ништо во животот нема сигурност.Бракови од по 30 год се распаѓаат за секунда а не пак врски.Уживајте во секој момент не размислувај за тоа дали уште има чувства за неа,времето ќе ти покаже.И не размислувај што ќе биде ако биде.Она што треба да се случи ќе се случи.