Преубаво, со среќа. Не ти го видов првичното мислење на време, ама еве уште нешто да ти пишам за да си помирна. Кај зрели луѓе (што он изгледа дека е), 5 годишна врска не се прекинува туку така и сигурна сум дека веќе некое време згаснувала љубовта и пред официјалниот прекин. Така да, верувам дека не е неочекувано емотивно погоден од самото раскинување за сега да е емотивен хаос. Каков и да е случајот, секако следи си го срцето како што ти е убаво, еве веќе и сте збореле и ми е мило. Уживај.
@TrMila си ја донесила најправилната одлука, со среќа и да си одите многуу најмногу. Многу се радувам кога читам вака дека првиот чекор е направен во живо а не со риплеј на инстаграм. Ме асоцира на вистинска и искрена љубов, како во старите времиња.
Јас сум омажена за мојот најдобар другар од детство и нема поубаво нешто од таква врска/брак. Со среќа нека е.
Со дечко ми сме скоро 4 години заедно, а се запознавме и започнавме врска после 1 месец откако тој раскина 4 годишна врска, но тој уште пред да раскини имал изгубено чувства, а чим и тој дечко нема емоции според мене би можеле да успеете.
Колку прекрасно Го прочитав текстот два пати затоа што ми разбуричка емоција од многу одамна. Бев во твоја ситуација само кај мене никогаш не дојде вистнското време. Никогаш не се погодивме во право време двајцата сингл или да си ја признаеме искрата што секогаш ја имало меѓу нас, секогаш бевме другари и немаше прав момент за љубовна приказна, никогаш ништо не си кажавме а како се да сме си кажале, на крај си знаевме НО никогаш не дојде правиот момент. Едноставно немавме храброст да проговориме тоа и двајцата што го чуствуваме. После некое време се одалечив, едноставно чуствата беа премногу силни за ние да останеме другари. Он тогаш беше во врска јас несакав никако да влијаам или да бидам причина за било што и тука заврши нашето НИШТО. Тука заврши и нашето долгогодишно другарство. Сега сум среќно мажена, но ете тоа ми останало како нешто од минатото за кое долго време се прашував што би било кога би било. И затоа иако не те познавам сум среќна што имате прилика и шанса и никогаш нема да мораш да си го поставиш прашањето "Што би било кога би било" Со среќа
Wow Како љубовен роман да читам. Е баш ми е мило кога некоја девојка вака размислува. Без заобиколувања, без ми пиша, не ми пиша, ме остави на seen итн. Едноставно е, правиш муабет и ги решаваш работите. Браво
Ми треба совет околу дечко ми, ако сака некој да ми пише не можам да го споделам тука проблемот ме знаат некои членови во живо. Фала однапред.
Што мислите за тоа да одите на факултет и да носите фиксни протези, а партнерот работи и купил кола и почнал да ја средува куќата па постојано ви нагласува дека вие не возите и не работите. Ми има кажано и дека не му се допаѓа оградата на мојата тераса.Може и други работи ќе наброи понатака. Патем да напоменам од сите што ги знам имам поскапа инвестиција во имотот. Исто така знае да прокоментира и за облеката ако не е брендирана. Не станува збор за богато момче туку за некој што е вработен и си ги троши парите како сака. Другото во врската се функционира добро. Се мислам да му раскинам.
Не ме сфаќај погрешно ама те молам кажи ми каква врска има твојата протеза со тоа што партнерот работи и купил кола?
Пример јас сум инвестирала во протези и факултет. Не сум работела никогаш. Тој работел и купил кола, создал куќа. Секој вложува во свои интереси. Јас него не сум му кажала дека тој не носи протези, а треба, а тој мене ми кажува дека треба да купам кола.
Па мила кажи му,како што он си зема за право да ти каже кажи му и ти.За колата не гледам нешто лошо во тоа освен ако си одлучна да не возиш никогаш.Еве јас останав без возачка и можам да ти кажам дека е голем хендикеп особено понатака со деца.Од друга страна викаш си ги троши парите како сака а вложува во куќа и кола,и тоа не е воопшто лошо.Да не имате сосема друг проблем,па тебе ти прекипало од него? А околу оградата и тоа не е страшно,можеби вистина не му се допаѓа.Ние бевме едни бурми да бираме па неможевме да се усогласиме.
Мислиме да го откачиш, не ти треба материјалист да ти соли како, колку и на што треба да трошиш. Таков е, ќе вреднува сѐ и секој преку цена и ако ти смета тоа сега, понатаму уште повеќе ќе те нервира.