Ako дечкото не те прифати таква каква што си нека крши глава. Каков маж ќе биде тоа во иднина треба фамилија да гледа, а ти секако ќе му помагаш без разлика колку имаш и од каде си тој треба да те поштува....
Дечко ми у неколку наврати го начекувам како си пишува со девојки, разговорот избришан се познава, но факт е дека пишуваат, и се вади дека (конкретно за последниов случај) таа му пратила слика од наташа беквалац , као демек вечерта кога е со мене така започнува прв пат нивниов разговор она му праќа слика у директ, а претходно ништо си немаат пишано. На една и ставил реакција од концерт и вика постара е од мене 7 год шо правиш филмови. А у многу наврати го имам фатено и дека лаже. И знам и дека ме манипулира и се. Е сега конечно еднаш засекогаш како да испаднам мангуп и да му докажам дека не сум јас болна, туку за се сум била во право.
Како да му докажам дека не е чиста случаност, туку дека со намера си пишува (најверојатно) , а нишо чудно и да ме вара.
Го сметам, за многу полошо и од вистинското. Те држам у рака додека не најдам нешо подобро и не се осигурам дека ќе ми успее..
Нема потреба да му докажуваш туку едноставно ќе му кажиш дека раскинувате пошто те изневерува и дека е тежок преварант. Поќе да не те бара ниту да го бараш. Блок од секаде инстаграм, фб, број телефон, вибер и барајси друг. Незнам шо бараш уште сонего кога веќе знајш дека те изневерува.
Премногу вложив у врскава, труд, нерви, љубов, ама узалуд. И не сме кратко време заедно, некад си викам стварно да не сум ја монструм само на пријателска база да не е, да не се трипам ама од др страна тоа е умешноста на манипулацијата, манипулаторот да изгледа како жртва.
Епа ставаш крај и среден проблем. Додека чекаш да не најде некоја, кажи му дека толку е меѓу вас. Немаш потреба да трпиш вакво однесување.
Ти си вложила а тој? Те најде мирна и си прај ко шо му чини. Шо иднина гледаш во таја врска? Ти ќе вложуваш тој нека си боцка на страна. Има далеку подобри, ќе си најдеш подобар.
Со секој изминат ден со него во врска вложуваш само повеќе труд, љубов и нерви и истовремено губиш време кое можеби би го поминала со некој кој би го вложувал истото за тебе. Стави крај и спаси се.
Ја да сум женското, што барам на помали од мене да праќам слика и тоа од Наташа Беквалац? Ај сега прочитај го ова и замисли дека на друго девојче му се десило ова. Што совет би и дала? Истиот примени го. Раскини.
Здраво Нова сум и потребно ми е да добијам совет, памет да ми дадете. Неодамна раскинав со дечко со кого имав повеќе лоши од убави моменти. Несомнено е дека тоа беше најдобрата одлука која ја направив. Едноставно не можев да го издржам притисокот што го имав од него. Ме тераше на секс без кондом, општо ме тераше на секс дури и кога не ми беше до тоа, форсираше да ги запознае моите родители, но и често знаеше индиректно да ме навреди дека не му се допаѓа мојата коса или стилот на облекување. Вечерта кога раскинавме, се обиде да ми ја префрли вината поради начинот на кој му прекинав. Го избркав, делував дрско затоа што неколку пати пробав со убаво да му објаснам дека тоа што го бара е преголем чекор и не сум подготвена за фамилија, пред се финансиски. Ме молеше и преколнуваше да не заминам но бев одлучна. Минатата вечер ме контактира, ме нападна за мојот карактер, убаво му дадов до знаење зошто таа одлука и однесување од моја страна. Се фалеше како ќе оди на одмор Африка, не го боли што му раскинав и слично. Јас повторно му кажав дека нема што да бидеме во контакт. После ова, се чувствувам многу лошо. Тешко ми е а не би требало. Тешко ми е за се што се случи. Треба да чувствувам олеснување а сепак чувствувам тешкотија.