Само сакам да ти кажам дека од вакви '' мажи'' нема нешто позитивно имам доста случаи да набројувам ама не би сакала толку, п. с. другаркава се разведе едноставно со таков човек не бива брак, не се менуваат, такви се.
Прават финти мајките емотивно ги уценуваат децата посебно синовите. Таа што сака да контролира тоа е нејзин проблем. Мајка му ќе умре ќе остане со жена му која и да е затоа таа треба да е побитна и главна. Но во никој случај не треба да се скара со мајка му. Нека се луто таа такви се Балканските мајки. Ептен се посесивни и суетни. Може вика девојки се менливи да менливи се но се инвестиција за иднината мајката е минатото. Ако има некој проблем и кавга јас обично сум на страната на жена ми. Со неа сум повеќе отколку со мајка ми. Ако таа е несреќна и јас сум. Така да таа ми е побитна. Не дека сакам нешто лошо да и се случи на мајка ми ама сам си одлучувам за животот. А и мајка ми во минатото ми давала многу лоши совети така да најчесто не ја слушам. Имаме поразлични погледи на животот и очекувања.
Бегај! Ваквите мајкини потрчковци не се менуваат, мајките ги имаат научено уште од мали нозе да им бидат број еден и секогаш да застануваат на нивна страна. Ќе си имаш проблеми, утре во брак ќе ти се меша, ќе ти се меша и за дете а ти ако изреагираш ќе има кавги и викања затоа што тој неа ќе ја брани и секогаш ќе ги оправдува нејзините постапки колку и да се неисправни. Ваквите недораснати обиди од мажи заслужуваат да си останат сами со мајките. Да разберам така да се однесува некој средношколец од 16 години, ќе речеш дете е уште и се нема осамостоено ама 37 годишен вол не се менува веќе.
Денес првпат се слушнав со бившиот на кратко откако раскинавме пред нешто повеќе од еден месец. Ми рече дека цело време пиел и се журкал и е 24/7 пијан, па и таков идел на работа, со јасно намигнување дека од болка поради раскинувањето го прави тоа. Мене тоа ми е многу одбивно ко прво, ама не знам дали да превземам нешто повеќе. Онака да зборам со него, да му кажам дека се грижам, да му кажам да се освести што прави и дали е тоа добро за него, да сум тука за разговор итн. Ама во исто време, знам дека намерно ми го кажа тоа, не знам дали за да се чувствувам виновна или само да видам дека му е тешко. Секако го посакувам најдоброто за него и не сакам да имам грижа на совест. Што мислите?
Не чувствувам вина што е повреден, ама потенцијално вина ако нешто се деси, а јас ништо не сум превзела. Знам дека е нежен и има многу чувства и не е воопшто здраво тоа што го прави и се грижам од тој аспект. Не знам дали друштвото нешто би му кажало што пие толку многу, а не е ич убаво.
Единствено што можеш е да разговараш или да преќинеш контакт колку и да звучо сурово, натака е негово што ќе прави. Порано се справував со слична ситуација, неколку пати гледав да превземам нешто и да помогнам, типов си тераше по свое но и гледаше да ми ја префрли вината, но ниту во еден момент не се почувствував виновна. По тоа, преќинував секакви контакти, негов избор негов живот, сигурно постои причина зошто е бивш. Што ќе прави понатаму е негова работа. Но чисто, за да бидеш смирена разговарај доколку мислиш дека истото ќе помогне. Треба на позрел начин да ги гледа работите, а не со пијанчење. Веќе ти кажаа и членките, не паѓај на манипулации, мислам дека му успева да го сожалуваш.
Ок, значи сепак да не се обидувам да помогнам и да е вистина таква ситуацијата. Многу ми беше битно и клучно да бидам посигурна во врска со како да постапам. Иначе имам пишувано претходно дека он секој ден излегува по милион саати дневно (ама не толку често со алкохол), затоа не ме чуди да е вистина, ама толку, не се замарам веќе.
@Srckata28 не знам колку долго сте биле заедно, колку сериозна била врската, ама ако сметаш дека навистина му е тешко и не се работи за манипулација, човечки е да се обидеш да му помогнеш. Јас сум за да разговараш, да пиете кафе, но да успееш да се исконтролираш и да не му даваш лажна надеж.
Човечки е да помогнеш ама на човек што сака да му се помогне и што не ги решава проблемите со алкохол па и ќе ти го спомнува тоа, обид да привлече внимание, колку детски. Јас по мојот случај искрено би се двоумила следен пат како би постапила. Одлуката секако на крајот е твоја.
Јас еднаш кога се испокарав со бившиот, си идеше накај дома со кола и нешо ми пишуваше у стил се надевам никад нема да стигнам дома. Иако се што се деси беше негова вина и иако јас бев психички цркната он ме докрајчуваше со вакви психопатски манипулации. И јас од страв да не се деси нешто лошо секад му простував, од шо "морав" и од што осеќав грижа на совест а не се ставав себеси на прво место, дека и мене уствари ми е лошо. Сепак ти си го знаеш најдобро, ама мислам дека вакво јавување после месец дена е обична манипулација и guilt trip. Или може стварно се осеќа лошо и сака да направи и ти да се осеќаш лошо, да не го преболиш лесно, да го заборавиш.
Малце поубаво размислив и и јас мислам дека е манипулативно. Као, сигурна сум дека се чувствува лошо можеби дури е вистина дека прави лоши одлуки по здравјето, ама јас 10 пати прашав дали е добар он ми одговара со "не е битно..." или "па... ок е...". Да ми се отвореше искрено дека се осеќа лошо, дека лошо се справува со болката, ќе ценев искреност и ранливост и ќе помогнев. Мило ми е што вчера не одлучив импулсивно да му пишам и да го тешам.
Да. Нормално е човек да се чувствува лошо по раскинување, особено ако имало љубов. Но, да се избацуваш после месец дена со вакво понашање ми е скроз ниско и манипулативно. Ако сакаш да средиме и да разговараме покажи се како стабилен и спремен да понудиш разумни решенија за подобрување на ситуацијата. Ништо корисно не добивам од информациите дека пиеш и се журкаш 24/7, како да биде сфатен сериозно и дека има искрени намери?