Sakam da postavam prashanje I da dobijam sovet Shto znaci koga ke pishe Jas sum vo guzvi bez kontrola na vremeto Ke se dogovorime
Тоа значи дека не планира да се договорите. Најчесто е изговор кога не сакаш да контактираш со некој.
Пишувам овде бидејќи соодветната тема не е активна. Предлог подарок за значаен датум? До сега за различни пригоди добил парфем, блуза, викенд патување, вечера и немам веќе идеи. Да не биде часовник и паричник бидејќи веќе има. Нешто со значење, интимно. До пред еден месец имав 20 идеи, а сега ништо, имам 1ипол месец време.
Kolku godini inate pa ti ceoi pie mnogu ? Da ne se opiva od edna casa vino cisto ako go pija bez kisela voda?
Мое мислење е да му кажеш дека може да те побара ако му треба нешто, но да знае дека кога е еднаш крај - секогаш е крај и нема назад. Да нема надеж повторно да бидете заедно, бидејќи сигурно не сте се разделиле од арно.
Се допишуваме со еден ок вака, дечково збориме контактираме, од исти град сме и се тоа, чудно ми е што не ме вика да се видиме на кафе или да излеземе некаде, ако толку не го интересирам зашто тогаш сака да пишуваме? Јас како женско ли да му предложам да излеземе? Не се ограничувам со женско машко ама не ми е јасно...
Како се справувате со самодовербата после раскинување? Не знам колку време ќе ми треба да ја добијам повторно таа самодоверба што некогаш ја имав и да излезам од депресија. Сеуште ми е многу пресно, прв ден. Не постојат шанси ниту простор да се поправи нешто. Не ми е жал за него, повеќе ми е мака што јас дојдив до ова ниво. Дали од навика дека имам некого покрај мене, се запустив ментално и психички. Премногу сум падната, веќе немам надеж во љубовта. Самодовербата ми е еднаква на 0. Цело ова време со него се тешев "ќути и трпи" дека барем не оди по други и не ме изневерува, ниту пак пишува со други за разлика од тоа што го гледам околу мене. Причина за раскинување беше неколку пати во врската вреѓање и пцуење од негова страна, и обид за физички напад кој до сега не се случил, но дигнал рака, ме влечел и плукал. Ми се закни дека нема да видам бел ден ниту јас, ниту мојата фамилија. Иако до сега никогаш не сум упатила погрден збор до него, ниту пцовка. Со него е веќе се завршено, а јас останав психички исцрпена. Веќе немам надеж, ниту доверба во некој. Премногу размислувам што понатаму? Дали некогаш некој пак ќе ме засака? Дали сеуште постои човек кој би бил верен, кој не би бил во тајна врска, кој би правел се што е нормално во врската - од почит, љубов и доверба па се до правење работи заедно. Колку повеќе размислувам на тоа, толку повеќе мислам дека ќе останам сама засекогаш со тоа што гледам со мои очи колку сите се изневеруваат. Но јас ете скапо ја платив цената на верноста со која се тешев годинаипол дека тоа е доволно за среќна врска.
Ќе имаш пак самодоверба, се додека си подалеку од ликов. За болдираното, извини ама тоа е физички напад. И ниту врската ти била среќна, ниту типот те сакал. А ти изгледа си ја сакала идејата за љубов, затоа што не верувам на луѓе кои викаат дека се заљубени во особи кои ги вреѓаат и плукаат.
Прво, да знаеш дека не изневеруваат сите и не се плаши од тоа. Второ, наместо да размислуваш за врската и проблемите што си ги имала, посвети се на себеси. За да имаш самодоверба, работи на себе. Читај за имаш придобивки одвнатре, вежбај за да имаш придобивки и однадвор и одвнатре. Посвети се на некое хоби. Биди си ти приоритет. И без негативни мисли.
Подобро што си прекинала, бегај од таков човек, да знаеш дека ќе бидиш среќна затоа што ќе ти се наредат коцките, немој да бараш некој сега, посветисе на себеси, заслужуваш многу подобро од тоа што ти се случувало, ќе ти се врати самодовербата само ќе треба да помини време, читај книги, пешачи...најди некое хоби со што ќе ти се тргнат мислите, подобро што си расчистила со него совреме, немој да се насочуваш дека ќе останиш сама, се ќе си дојди во свое време
И самата рече дека е сеуште рано. Ден еден. Нормално е да имаш период на обжалување и те молам не го преќинувај зошто можиш повеќе да се повредиш така. Дај си време да тажиш, време да си ги сортираш чувствата. Разработи ги. Исплачи. Секое раскинување е тешко и то е нормално. Ако преќиниш процесот на тага и истисниш - нема да разработиш чувствата и евентуално ќе имаш трајни болки од то. А тој? Тој не заслужва солзи од тебе. Солзите нека се за тебе за да ти олесни. Тој не заслужва ни втора шанса ни ништо. Штом ти заврши процес на тага работи да се најдиш себеси. Шо сакаш. Колку многу можиш да излезиш од комфорт зона. Секој ден кажувај си една работа шо ја сакаш физички за тебе и една работа шо ја сакаш карактерно. Најди и една работа која малку ќе ја менуваш за себе и со тој успех да добиеш гордост и самодоверба. А и да. Пак ќе те сака некој. И пак ќе сакаш некој. И ќе бидите многу среќни. Апсолутно не изневеруваат сите. Ама пред то мораш да ја најдиш среќата во себе, за таа среќа да не е зависна од потенцијална љубов. Ајде ќе издржиш. Се најдобро.
@Mikha4 @Bitter-Sweet @FridaodaMk @theowndemon Девојки ви благодарам! Не постојат никакви шанси да се вратам со него, иако знам дека ќе ме побара, исто како секојпат до сега. Но, ова веќе ја прелеа чашата. Воопшто не ми е криво што раскинавме, дури и не мислам на тоа. Не ми идат солзи на очите за да се исплачам. Имам повеќе гнев во мене отколку тага. Криво ми е што сама го дозволив ова и паднав на тоа ниво без самодоверба и без надеж.
Можи сега немаш самодоверба или така се осеќаш само, ама имаш доволно самопочит да преќиниш и да не те боли дека раскина. И то е одличен чекор кон самодоверба. Пошто имаш самопочит. И то е највисока форма на самодоверба.
Со тек на време се ќе ти помине. Знам дека е клише ама навистина е така. Сега ти е свежо, а со тек на време ќе сфатиш дека си ја донела најдобрата одлука што си се разделила и спасила од таков човек.
Ме интересира какви очекувања имате од партнерот во врска? Што ви пречи најмногу и преку што не би поминале никогаш? ќе тргнам од мене дека кога повторно би имала партнер би ми пречело криење и лажење, излегување без да ми каже, пишување на други девојки за запознавање... хигиената не ја спомнувам бидејќи би очекувала од него да води сметка за себе.
Почит и искреност првенствено. Би сакала да знам со кој излегува и каде и немам проблем да возвратам и да му кажувам за моите излегувања. Би направила проблем доколку го фатам дека лаже или дека скрил нешто, а пишување на друга би бил автоматски крај. Со лајкнување постови на други немам толкав проблем (иако нормално е идеално да го нема). Би раскинала ако на било каков начин ме омаловажи или навреди, мене или нешто што ми значи. Не сакам подароци, цвеќиња и што уште не, навистина е доволно да ми биде поддршка кога е тешко. И уште би ми било проблем доколку не ми посветува доволно време, а го гледам излезен со другари. Не велам дека не треба да си има друштво и секако треба да се гледа со нив, но нема да ми одложува мене за нив. Хигиената не ја спомнувам ни јас, сепак е 21 век.