Мора. Така ќе знам дека не е дома и неможе да пишуваме, збориме и ќе си добие поише слобода. А вака споро ќе ми враќа и ќе си добие 805 пораки и 402 пропуштени повици.
Јас секогаш му кажувам на мојот дека сум излезена и дека може нема да можам да вратам на порака, а истото го прави и тој. Така ми е многу полесно и не го мислам. А од различни градови сме.
Ако де нека уклучи ако сака да ме изгуби. После и на друга исто би и правел и исто и неа би ја изгубил, на крај ке сфати дека не треба така
Браво. Која е поентата со гасење на телефон, airplane mode и шо ти знам таму? Со тоа се покажува несериозност и непочит кон партнерот без разлика кој пол е. Нема потреба од криење и слични работи. Сакам да знам каде е и со кого е, што прави, толку. Не сакам да ме прави посебно ако го фатам во лага, веднаш добива клоци. Нормално дека ќе му дадам слобода во врска, во моментот кога ќе ги премине границите, тој е завршена приказна за мене.
Не би поминала преку насилство психичко, физичко, не би поминала преку изневерување(ако пишува на други девојки додека е со мене исто спаѓа во изневерување) и лажење, омаловажување, обиди за манипулирање. Кај сегашниот партнер не ми пречи ништо, се однесува премногу коректно со мене.
Мене ми е срам да кажам на глас преку што све преминав во последната врска, ми иде главата од ѕид да си ја искршам. Не би преминала преку лажење, манипуларање, непочит, физичко насилство не ни спомнувам пошо се подразбира. Исто ако 2 пати се повтори некој проблем а пред тоа убаво сме збореле дека истото не чини, би го шутнала пошо очигледно дека не ме слуша и не му е гајле за моите чувства. Ќе го оставам ако не сум му меѓу првите приоритети, ако ме става на последно место. Ако нема иницијатива за ништо во врската. Ако само јас иницирам разговори, искачања, одмори. Ако постојано се збори само за него а мојот живот не постои во дискусија, бај. Basically, после последното искуство си реков уше на првиот red flag што ќе ми предизвика стрес/немир, мавам клоца. Ако јас можам да се понашам нормално и коректно, може и другата страна. Ако не, поздрав и се' најдобро.
Колку време ви требало за да го преболите бившиот? Конкретно, ние сме разделени повеќе од една година. Ама, имаме дете. До сега јас сум одговорна за детето од секаков аспект. Тој не живее во мк, па и поради тоа ретко има прилика да го види, ама контактираме (зборуваме и за детето, и за лични проблеми, за работа, за сѐ, скоро па и како претходно). Накратко, и ден денешен ме измачуваат мисли дека можеби не требаше да раскинеме (иако сметам дека немаше долго да издржиме), дека треба(ше) детето да порасне покрај двајцата, постојано ми е непријатно покрај други парови, ме измачуваат мисли дали излегува со други... Значи свесна сум дека не можеме да се смириме (поради повеќе фактори), не ни сакам да бидам со него бидејќи сметам дека не сме еден за друг, ќе се доуништиме психички... Ама од друга страна, чувствата од моја страна останаа непроменети, а мислам дека и од негова страна е исто.
Ако чувствата се прејаки зошто да не се смирите и почнете нов живот? Не заборавај дека ако те сакаше немаше да дозволиш да си одиш.
Имавме доста недоразбирања. Не знам од кај заклучокот дека не сакал (или јас не сум сакала?) да го гледа. Колку што јас го сакам детето, сигирна сум дека толку и тој го сака.
Како родител, чудно ми е еден од родителите да живее далеку од детето без да го гледа. Зошто отиде тој во друга држава? Толку ли е голема пречката да се смирите и да сте заедно? Проблемот е во вас или ви се мешаат од страна? Се сомневаш ли дека се гледа со други за врска или за секс? Има семејства каде најчесто таткото е некаде горе и работи да спечали за (најчесто) куќа/ стан. Мене таквиор живот ми е незамислив. Ако треба да се оди некаде би отишле сите. Разделени не би можела да замислам да сме. И јас од партнер и син ми од татко му.
Замина за да заработи за подобар живот. Има повеќе фактори зошто не можеме да се смириме. Прво, не сум 100% сигурна дека нема пак да се разделиме. Од почеток нашата врска не беше прифатена од страна на моите родители, а откако се разделивме уште повеќе го замразија (иако не сум споделила со нив ништо). Моментално живеам со нив и немам друга опција, т.е не можам да бидам сосема искрена со нив. Условот од нивна страна е ако заминам уште еднаш за него, веќе да не се враќам. Тие не ни знаат дека комуницираме и дека се гледаме. Ако дознаат не знам што би се случило со мене. Од негова страна не знам дали би добила поддршка, и се плашам од овој чекор. Не знам ни како ќе ме третира, бидејќи нема доверба во мене, па големи се шансите тоа да ми го вади низ нос. Инаку не, не се сомневам дека има врска. Знам дека ако запознае некоја за сериозно ќе ми каже, ама ете, ме мачи самата помисла дека можеби се забавувал со некоја (иако тој негира и ми кажа дека сум единствена со која би бил).
Сум те прочитала еднаш како си пишала дека го заболе и за тебе и за детето, ама не е важно, може си го гледа тој детето, јас сум добила таков впечаток од напишаното. Со бивш се пробува пак ако си сигурна дека со вас двајцата ќе се однесува така ко што треба. Зошто треба да се пази дали е во состојба при недоразбирања да те повреди не само тебе туку и детето. Јас лично, тоа е само мое лично мислење, не би била со некој кој пропуштил цела година од животот на детето. Зошто ти си со детето било колку и да е тешко, си имала пари, си немала, пак си тука за него и ќе се снајдеш како знаеш и умееш. Така би сакала јас и таткото на моето дете да се однесува, да е тука до него колку и да е тешко и некои вечери да не спие од грижа дури не најде пари за детето за храна, пелени и се што треба, а не да рачуна дека јас ќе се снајдам овај месец, па другиот ќе плати ако може, ако не никому ништо. Најкратко кажано - ако на било кој начин го повредил детето, не би земала во предвид да бидам пак со него зошто ќе ми е страв дека детето ќе го доведам пак во ситуација да е повредено. Ако мислиш дека нема таква работа, пробајте ако сакате, мнпгу парови вториот пат успеале многу подобро од првиот.
@Mantub Не, во никој случај не мислам дека би го повредил детето. Односно, знам дека не би го повредил. Често ме прашува дали ми е потребна помош, во било каква ситуација, "ако јас не можам физички да бидам таму, можам да го/ја пратам Х да направи така и така, да ти помогне за тоа и тоа". За парите не би коментирала долго. Во почетокот не сакав да ги прифатам, ама сега кога е во можност праќа. Колку се, толку се, не ги трошам секако, ги тргам настрана тие. *"го заболе и за двајцата" е било кажано во емотивна состојба, реалноста не е таква.
Од твоја гледна точка, дали има навистина толку добра причина твоите да не го прифатат? Денеска мислам дека треба голема причина, нешто сериозно да не го сакаат. Трескам, многу лош карактер, алкохол, коцка... Второ што мене ме загрижува е тоа што се откажал од вас. Да бил свесен тогаш и сега, не би попуштил туку би сакал да е со тебе или во најмала рака со детето, да го гледа секој ден, или барем на два три. Мене би ми било проблем така да ме остави и да не се бори. Плус велиш не си сигурна дали ке добиеш целосна поддршка од него, која пред една година не си ка добила. Зошто велиш нема доверба?
Нема причина за да не го прифатат. Не можам тоа ни на себеси да си го објаснам. Уште кога дознаа дека сме заедно го имаа тој став, и тоа не се промени. Не сакаа ни да го запознаат. Не сакаат да разговараат на таа тема, за нив (за татко ми), тој не постои. Кога се породив сакаше да дојде, јас го предомислив. Потоа, на следното доаѓање во мк, дојде дома, не го примаа... Јас сметам дека тој имаше некоја друга замисла. Можеби мислел дека и покрај тоа што си заминав, сепак ќе се смириме, ќе одржуваме некоја врска на далечина, па кога ќе успее да стекне малку повеќе, да нѐ повлече и нас во странство. Според досегашните разговори тоа го заклучив. Нема доверба, немаше доверба уште кога бевме во врска. Тоа беше и една од причините зошто раскинавме. Се сомневаше во ситници, мислеше дека го изневерувам или дека сакам да го изневерам. Ми има спомнато неколку пати дека сака да направиме lie detector тест, за да провери дали навистина сум му била верна.
Јас не би му се вратила на таков човек. Најискрено. Прво што не останал со детето, и не останал да се бори за вас. Второ, не ми е поимливо родител да не го гледа детето и да не сака да го види. По ова што го кажа имам таква замисла за типот. Капак е да ми бара детектори за лага дали сум го варала. Таков на прва расправа ке ти каже да се вратиш од кај си дошла. И да имаш поддршка од родителите, не ти треба токсична врска. Не мислам ни дека заслужува шанса.