Какво црвено знаменце. Мислам дека само заради детето те фаќа некоја носталгија или недоумица, но со ваква недоверба, со дете или без, ниедна врска нема иднина, барем не убава. Можеби жалиш за "што би било, кога би било", и тоа е само затоа што сеуште немаш расчистено со самата себе. Додека тој шета по светот ти си дома со вашето дете и ти шетаат мислите. Верувам дека ако му дадеш шанса во иднина, ќе зажалиш за брзо, но барем ќе си на чисто. Сепак и за втора шанса треба и другата страна да ја бара. Пробај да си најдеш нови интереси или хобија, неповрзани со одгледувањето на детето, да ти се разбистри главата и да си зацрташ приоритети.
Ако не си сигурна, т.е кога постои отворена можност дека ќе те третира лошо, не знаеш како ќе се однесува кон детето и буквално не си сигурна дали утре ќе останеш на улица, зошто ја зимаш таа опција предвид? Викаш психички те уништува животот со него. Зошто свесно да се вплеткаш во токсична средина? Дете растено со двајца родители не мора да значи среќно дете. Ако родителите не се еден за друг, има караници, проблеми, тоа ќе има лошо детство. Би го сакала ти тоа за твоето дете? Или сакаш во мир да расте? Љубомората е болест. Ова со детектор на лаги е толку патетично, што треба доволно да то каже каква ќе ти биде иднината со него. Хипотетички, ќе му "докажеш" дека си му била верна со детекторот или на друг начин. Па за месец дена максимум пак ќе го јаде црвот. И ќе се докажуваш така? Колку е само моментот деградирачки. Основа, постулат, темел на врска е довербата. Па нели сигурност, искреност, љубов, разбирање, компромис... вие како што разбрав само љубовта ја имате или некоја нејзина варијација. На детето нема да му направиш никаква услуга, а ни себе си
Здраво, имате ситуација каде што се гледате со некој дечко се ок, планирате нешто со него, меѓутоа од слики што праќа, сфаќате дека живее со работи стари дома, уште од стара југославија неубави, како да се каже дека тоа смета без некоја навреда?
Тоа не е ништо пресудно.. Стварите дома не го прават човекот човек.. Гледај да е вреден, да има визија, да се труди, да те сака, да те почитува.. Останатото сами ќе си створите и ќе успеете.. Башка неможиш да знаеш каква му е ситуацијата, јас знам многу луѓе што живеат батал а имаат милион денари на сметка.. А исто повеќе знаам што возат кола од 50.000 евра али живеат во 30 квадрати стан под кирија..
Кога ќе бидеш во врска со него, па здравје ако почнете да живеете заедно ќе си реновирате. Може причината е финансиска, може е некоја друга. Ама тоа нема тебе што да те интересира, се додека не живееш ти во тој дом.
Не разбрав, сакаш да му кажиш на дечкото со кој се гледаш дека дома не му е убаво уредено, а да не го навредиш?
Како и да го кажеш тоа е навреда. Само од кога почнавме волку да го цениме матријалното, а не каква личност е. Имал стар мебел дома .
Бев жртва на "сексуално" насилство, во наводници бидејќи за среќа не се случи ништо освен допирања и одвратен бакнеж. После тоа сум му била згадена на "дечко ми" и само ме навредува и напаѓа, можеби 1 час во 10 поминати заедно е ко што треба да е. Ме нарекува ку*ва и што уште не затоа што сум се давала на стари и сум уживала во тоа. Си реков ајде му треба и него време да свари и да сфати дека јас сум таа што пати, а не што ужива. Поминаа 2-3 месеци но се' полошо и полошо станува. Сакам да се оттргнам од оваа токсична врска, но јас го сакам и уште имам надеж. Ве молам помогнете ми. Како да ставам крај без да патам уште повеќе?
Преку слики си приметила? Значи уште не си ни отишла кај него дома си, а си даваш за право да му кажуваш дека тоа ти смета?
Не, не, не. Под итно заврши ја врската. Мислам дека ова е едно од најголемите црвени знаменца што можат да се видат. Тој треба да ти е најголема поддршка и разбирање во вакви ситуации. Те молам биди разумна и веднаш раскини.
А можеби уште живее со такви работи пошто се далеку поквалитетни и поиздржливи од денешниве? Јас цела куќа би ја уредила во тој стил, со тие "неубави" стари работи
Индивидуално Не разбрав, сакаш да му кажиш на дечкото со кој се гледаш дека дома не му е убаво уредено, а да не го навредиш? Не е лесно, ама мораш да си јака за тебе, ставаш крај го блокираш секаде и си даваш време на себе да преболиш. Секако со ваков немаш никаква иднина. Ни те цени ни те сака.
Зошто да раскинеш? Го сакаш толку, терај си. Ќе си трпиш сеа малце навреди ама штом тоооолку го сакаш, ќе си молчиш и ќе си трпиш до наредна прилика кога нешто ќе му смета. Таков прекрасен, осетлив дечко, со апсолутен сенс за сексуално малтретирање да оставаш? Не биди смотана
Еве баш ради ова го одбегнувам форумов, пошто сите сте паметни Ако го сакам не значи дека сакам да останам во врска со него, читај убаво; прашањето ми е како да го пребродам периодот и како да ставам крај, а не ДАЛИ да раскинам. Ама океј фала ти на одговорот што не го ни побарав.
Освен ако не си мазохист не гледам причина зошто би останала во врска со човек шо те повредува физички, психички и емоционално 9/10ч. Среќна си со тој можеби 1ч ако е во ред? Супер ги голташ навредите дека си курва и се даваш, пази се даваш.. Па го сакаш, шо сакаш? Некое недоквакано искомплексирано гомно шо си лечи комплекси и фрустрации преку тебе? Бегај девојче најдалеку шо можиш. Нема да патиш без него, те уверувам.
Вака како што јас ке ти кажам мислење а ти немој да се навредиш. Тој можи е сиромашен а можи и океј му е така да си живее па збира пари за понатаму да инвестира во нов дом и слично. Сеедно, во секој случај не му треба некој внатрешно сиромашен што ке го цени според мебелот, куќата или колку пари има. Ајде да се земате па сакаш да си земите ново па така да живеете океј, разбирам. Макар што и во тој случај може заедно да се заработи. Па уште и сметало а на слика видела.
Ќе му кажам што мислам отворено за да знае дека барам богат дечко, а не љубов, па да си одлучи тој од тука дали сака да менува се низ дома или да си бара друга девојка.