Sekako deka ne Deka velis samo nego go srekavam,sekade mi izleguva,pa blokiraj go od sekade nema da izleguva izbrishi se
Другар мој живееше со неговите во стан со мебел од Југославија а на сметка имаше пари да ме купи сосе партали. Па кога си најде девојка за женење, купија стан и сега има и мебел и техника по најнов терк. Едноставно не сакаше да си ги дава парите во нешто што не е негово. Ама ти изгледа си сакаш да е естетски убаво па раскини му. Друга ќе му биде среќа.
Од кога партнерот го оценуваме по мебелот дома? Остај го дечкото, таман ти ќе спасиш од мебелот од југославија, а тој од некој што му смета што дома немале скап и нов мебел. Тажничко време дојде, све да се гледа низ призма на тоа дома како ти е средено и која фамилија бил, колку имале дома. Па и уште океј бил дечкото, мебелот сметал. Не ми се верува дека и нешто вакво прочитав искрено.
Не знам колку време поминало од раскинот, ама мислам дека треба да си дадеш време да го одболуваш. Не се форсирај дека е се во ред. Дај си време. Сепак сте делеле еден период од животот.
Глупаво ти е поставено прашањето. Разбирам дека секој има свои критериуми, и дека апла стар мебел=сиромаштија/мрзеливост/негрижа, и не секој би бил со човек кој ги има овие карактеристики. Тоа е океј, и јас најверојатно не би и би ми сметало. Ама како тоа како да му кажеш? Ако му кажеш може ли да смени нешто? Ако веќе сакаш, предложи му да се преселите заедно, и заедно да оформите дом, па уредувај го како сакаш. Не разбирам, што конкретно очекуваш да се случи ако му кажеш: не ми се свиѓа мебелот. ?
@Irenaiki маж ми имаше речиси празен спрат кога се запознавме , а куќава ниту фасада имаше ниту ограда на скалите . Живееше во една соба со момачки кревет и две мали шкафчиња . По 8 години брак , куќата е тип топ средена , мермер кај да се свртиш , најскапи прозори и врати , за плочки да не правам муабет , можеме спонзор да станеме на фирмата од Џепчиште .. Нашиот спрат е во фаза на реновирање , а овој каде живееме моментално е фул опремен со најскапи парчиња мебел и бела техника , оградата на скалите и во дворот е од ковано железо од приземје до четвртиот кат .. Ако му раскинев поради циглата , не знам со каква будала ќе завршев . Наравоучение : Важно е дечкото да е паметен , сталожен и да имате слога . Материјалното доаѓа и си оди . Денес седам на кожна гарнитура - утре се крши таа гарнитура и ја заменуваш со нова или поправаш доколку има можност за поправка . Што ќе правиш ако дечкото живее во палата , но е коцкар или пијаница ? Таквите прокоцкуваат или испиваат и по еден стан на ноќ . Да не спомнувам и семејно насилство тука .. Домаќин човек ако е , се ќе си средите заедно . Ако е " непендек " ( шо би рекла баба ми , за недомаќин ) и милионер да е , може да се заглави во казино и да те продате и тебе со се вилата и џипацот .
Дали би планирале иднина со патнер на само 17 години? Преубаво ми е со него и сакам да останеме заедно што е можно повеќе, но на моменти сметам дека брзам со оглед на нашата 5 годишна разлика во години. Што мислите?
За какво планирање се работи? Во смисла дали е само на муабет или се планира веридба/свадба? Во секој случај 17 години е рано за вакво врзување. Шансите дека ќе имаме сосем друго гледање на животот после 5, 10, 15 години се 99%, сепак се години во пубертет. А и самиот факт што прашуваш овде за тоа, ми стои дека си свесна за евентуално избрзана одлука.
Сеуште си премногу мала за толку врзување. Шетајси,излегувај со друштво и не се замарај со работи за кој имаш време.
Веридба и свадба не се во план туку факултет и работа на исто место. Сакам да одам на факултет во друга држава каде е тешко да се најдат цимерки па планот е да живееме заедно. Имам уште малку време да размислам за факултетот бидејќи уписот е тежок.
@Rose-Mary Така првично го постави прашањето, за потоа да испадните само цимери Тука не можи никој да ти даде точен совет. Не ни знаеме колку време сте заедно, но и колку време го познаваш воопшто. Најточен совет е да го запознаеш со твоите родители и тие да проценат.
Не гледам проблем зошто не би живееле заедно во друга држава ако немаш други познаници таму. Подобро со него отколку со непознати. Сепак зависи и колку време сте заедно, колку добро функционирате, му веруваш ли итн...тоа ти најдобро си знаеш.
Не гледам проблем освен ако ти не сакаш да живееш со него ама под притисок си се согласила затоа што се очекувало од тебе или не знам што. Живеење заедно не е врзување според мене, се додека имате разбирање и убаво ви е и на двајцата. Но на твое место би била претпазлива околу домашните обврски, да не случајно се очекува од тебе "домаќински" пристап и превземање на "женски" работи. Со цимери кои првпат ги гледаш полесно се разграничуваат и распределуваат обврските отколку со дечко. Не знам колку сте врзани, но остави си простор да истражуваш сама или со други зборови, да се пронајдеш. Полесно е сам да се пронајдеш во град кој не го знаеш отколку во околината каде си пораснал. Студирањето настрана е одлично искуство само по себе, и не чувствувај грижа на совест ако сакаш да го искусиш сама, или еве во врска во која не живееш со дечко ти. Ако те почитува ќе те разбере, ако сака да те врзе, не ти треба, само ќе го одолговлекуваш раскинувањето.