Моментално сме во врска на далечина и добро оди, само тешко ми е бидејќи чувствувам празнина без него. Имаме таков договор да се преселиме заедно додека студирам за да не сум сама, но ме мачи тоа што на моменти не сака да зборуваме за иднината. Треба добро да размислам.
Уствари ти го бараш за да не си сама? Не знам што очекуваш од заедничка иднина но голема е веројатноста тој да не размислува како тебе штом имате врска на далечина. Директен разговор и комуникација околу очекувањата се клучни за секоја врска.
Избегнува да разговара за иднината, додека бевме 24/7 заедно планиравме да живееме заддно, а сега се однесува поинаку
Расчисти прво сама со себе, дали одиш заради него или заради тебе, па после носи одлуки. Твојот живот е само твој, не си го прави по туѓ терк. Денес ако си заљубена, не значи дека ќе се чувствуваш исто за месец два, година од сега. Одлуката за факултет и место на живеење ќе ти влијаат доста наредните 4-5 години.
Ќе размислам и ќе разговараме. Сметам дека ако го изгубам ќе бидам во лоша ситуација и ќе се трудам да останам со него
Во никој случај немој да мислиш дека тој ти е последниот воз во животот. Многу си млада за да се приврзуваш толку. Во ред е да живеете заедно, но само доколку двајцата го сакате тоа. А доколку тој не сака, немој да ја пропуштиш шансата да студираш на страна за да задржиш врска за која никој не ти гарантира што ќе биде со неа. Сега мислиш дека ќе ти е мака за врската доколку заврше, но за 5 години од сега сто пати повеќе ќе ти е мака ако не заминеш на студии во странство. Сигурна сум дека ќе ти биде многу поубаво да бидеш опколена со нова култура, луѓе, јазик и различни навики. Ќе запознаеш многу многу нови луѓе, ќе сфатиш дека во животот се е променливо и пролазно. Но, никогаш немој да мислиш дека некој ти е последен воз и под секоја цена да правиш се за да го задржиш, ова општо и за дечко и другарка и другар.
Истото го мислат и моите, дека сум премногу млада за да се врзувам уште сега. Се беше добро и добро ни оди но тој не сака да зборува за иднината од непознати причини, а се сложува со тоа да живееме заедно. Тој го даде предлогот најпрво и потоа и јас се сложив. Бидејќи на карактер сум личност која многу цврсто се приврзува, страв ми е од тоа како би било без него и што би правела доколку го немам до мене.
Немој да си го планираш животот поинаку од тоа што сакаш само за да не го испуштиш, тоа е грешка број 1. Втора грешка би ти била доколку ти си секогаш иницијатор за иднината. Девојче, гледај се себе најпрвин па после се друго, не го прашувај повеќе, почекај тој да ја започне дискусијата иднината и верувај повеќе на дела отколку на зборови, дека навистина сака, на зборови сите сме јаки. На крајот на краиштата не е единствен. Немој да си го уништуваш животот за еден дечко, ќе се каеш. Гледам дека си пишала 17 години, премлада си, почекај, времето ќе каже.
Дечки помагајте незмам кај терам... Во врска сум 7 години и излезе од еднаш проблем... Женска ми ми кажува дека се оладила од мене. Ми вика те сакам и те почитувам ама не доволно за да бидам у врска со тебе. Имам емоци ама ми фалат некои за да бидам у нормална врска. Одбино ми е да те вакнам и да легнам со тебе. Од една страна ми вика те сакам и те почитувам а од друга другово.... Стварно веќе незнам што да мислам нит што да правам. Некој совет нешто мислење... И да машко сум немав каде на др место да побарам совет некој. Фала ви однапред
Па штом не сака да е во врска со тебе, не можеш ништо да направиш. Едноставно не сака да те повреди па затоа ти вели дека те сака зошто те почитува и сигурно и значиш сепак не сте малку години во врска и не сака да те повреди многу. Прифати го тоа најбрзо што можеш и продолжи со животот.... Среќно
Гледај од ведрата страна: подобро што разговарала со тебе и ти објаснила како стојат работите отколку да дознаеш на потешкиот начин. Не можеш многу нешто да сториш тука. Штом не сака-не сака. Колку побрзо го прифатиш ова,толку полесно и побрзо ќе ја преболиш.
Само се прашувам, дали кај тебе дома има останато нешто од времето на Тито? Кажи му гобленот на мајка му нека го стават на другиот ѕид. Ти внатрешен дизајнер си па малку ќе им преуредиш. Предложи да си направат све со медијапан, по можност и боја по твој вкус. До кое дереџе стасавме ако му е уредено дома има пари ако не не.
Проблемот е во тоа што незнае и дали да ми раскине не е сигурна во тоа уште... И јасс и предложив мала пауза со минимална комуникација од месец дена каде што ќе си ги прибере мислите и да си одлучи...
Проблемот е во тоа што незнае и дали да ми раскине не е сигурна во тоа уште... И јасс и предложив мала пауза со минимална комуникација од месец дена каде што ќе си ги прибере мислите и да си одлучи...
Јас не верувам во фамозната пауза...... штом една врска дојде до потреба да прави "пауза" не е на арно. Ако сте се договориле така и мислите дека така е најдобро за вас двајцата, можам само да ви посакам среќа и резултат каков што посакувате
И јас не сакам паузи но тогаш во тој момент мислев дека тоа е најдоброто решение. Бидејќи осеќам дека сака топката да ја префрли на мене јас да одлучам а јас не сакам да заврши... Премногу ја сакам
Ти не сакаш, ама мене ми личи дека таа сака. Не се мачете повеќе, раскинете и секој по својот пат. Паузата не верувам дека ќе помогне, штом и е одбивно да те бакне и да легне со тебе значи стварно се оладила и за тоа не треба да се мисли дали да раскине, па раскини и' ти. Нема потреба да бидеш во врска со некој кому му е одбивно тоа.
Со паузата постои ризик и да се оладите уште толку и да се оддалечите. Незнам по колку год имате, но 7год е долг период каде е нормално да се случи да се олади страста поради секојдневните проблеми и обврски. Некако паровите си легнуваат на брашното и не се трудат околу партнерот. Пробајте малку да се забавувате, да се дотерате еден за друг, да одите на романтична вечера, патување...да правите работи како пар на почетокот на врската. Пробај да и се "удвараш" одново. Изненадија со некој поклон немора скап, но да знаеш дека ќе и значи. И разговарај што е тоа што ја натерало да се олади и да нема страст повеќе, и ако гледаш дека си утнал некаде поправи се. Можно е тоа, да те сака ама да нема страст. Познавам пар каде жената постојано го критикуваше мажот, не му кажуваше ништо охрабрувачки, и тој иако ја сакаше, се олади од неа некој период па тоа беше искористено од друга жена која постојано го фалеше и му даваше комплементи. Да, секој сака да слуша охрабрување и комплементи и со дела да му се кажува колку му значиш. Среќа се освестија и двајцата фала на Господ па сега им е подобро од порано и страстите се вратија па и повеќе од порано. Сакам да ти кажам ако има љубов сеуште, може да се обнови. Само искрен разговор и работа на себе и на врската. Правете нешто заедно што на двајцата ќе ви значи. Ова погоре важи само ако и таа сака и има воља да си дадете уште една шанса.
За овие 7 год секогаш сум и бил подршка во се секогаш сум и давала до знаење дека ми значи дека ја сакам дека ја ценам и почитувам. Да имало моменти каде грешев и свесен сум за се тоа и спремен сум да се поправам. Кога и да почнам разговор она е нервозна и на секое мое прашање одговпрпт е незнам. Па така и јас незнам дали има желба да работи на нас или не... Имам многу за зборење но неможам вака неможам тука... Во голем хаос сум.. Да почнам да зборам се што претрпев овие години затоа што сум ја сакал и сум верувал дека че биде се океј ќе се чудите. Но и покрај се јас многу ја сакам...
Дечко, не се понижувај да ја молиш, еве таа решила веќе. Прибери се, остави ја и почитувај ја нејзината одлука. Луѓе со деца се разведуваат па еве ги живи и здрави продолжиле со животот. Те разбирам се, ама некогаш што и да правиш е залудно, еве, дај и време, месец дена како што имаш решено, ако ништо не се промени знаеш што понатака.