Моментот кога веќе не и е убаво ни да те бакнува, ни да биде интимна со тебе, кажува дека веќе тука нема љубов, продолжување на врската е мачење за нејзе. Сепак испаднала фер и ти кажала искрено како стојат работите. Во долгите врски се случува ова доколку не се работи на врската, монотоно е, не се случува ништо ново и чувствата постепено се губат, а може и се допаѓа и некој друг не може да знаеме. Знам дека е тешко, но ќе треба да го прифатиш фактот, дека и љубовта престанува и ништо во животот не е вечно. Сурова реалност, но така е.
Не пробувај ништо. Мислам дека сега што и да направиш, секој обид да ја предомислуваш ќе има контра-ефект. Можеш само да се повлечеш, гледај да излегуваш со другари. Ако види она случајно, игнорирај ја ти, па ако сеуште има чувства за тебе, она ќе те бара.
За љубов не може со сила и не се моли за трошки внимание. И да продолжите тоа ќе биде на сила и на некој начин од што ќе и е жал за тебе зошто уште ја сакаш. Барем била искрена и убаво ти кажала, нема потреба повеќе да влечете. Ќе се заљубиш пак и ќе си најдеш некоја што ќе те те сака вистински и се ќе ви е океј. Сега ти е тазе болката и затоа ти е вака, понатака ќе бидеш благодарен што била искрена со тебе барем и што не сте продолжиле врска без љубов само затоа што сте долго заедно.
Изгледа се презаситила од тебе. 7 години врска не се малку. Досега си требал да реагираш на некаков начин. Таа и го очекувала тоа. Бидејки не се направил ништо, таа почнала полека да се "оладува" од тебе, и да си бара алтернативи. Жените сакаат машко со планови и рокови. Не сакаат вечно да бидат во врска, на која крајот не се гледа.
Абе друже... Кога ќе спомнев темс брак бега ко од ѓавол... Пред 2 гпд спомнав лани спомнав и наговестував... Одговорот беше уште сум млада сакам да прошетам. И не де лутев ја разбирав и трпеливо чекав и од еднаш ко гром од ведро небо ме погоди. Инаку јас 26 она 24 има..
Здраво девојки. Ми треба совет. Студент сум и имам дечко постар од мене 3 години. Планираме да одиме на одмор и сега поради тоа што моите треба факултетот да ми го платат не можам нормално да барам пари од нив за одморот затоа што толку им се можностите. Моите оф секогаш ми велеле дека нивна обврска е факултетот да ми го платат а јас да учам, додека пак ако сакам да одам некаде сама да си работам и да имам свои пари. Прашав за работа сезонска во ресторан во кујна барем два месеци колку да имам за на одмор. Меѓутоа дечкото не сака да ме остави да работам, ми вели тешко ќе ти биде, уживај сега дури си студент, секако уште месец дена си дома, искористи го времето да се спремиш за испитите во септември а за одморот немој да мислиш, јас не ти побарав пари на тебе знаеш дека јас сакам да те однесам на одмор, мене ми е ќеиф со тебе да одам ти си ми девојка. Ова кога им го кажувам на моите дома ми велат сакал да ме контролира. Јас лично не мислам така зошто еве минатата година работев полесна работа и немав испити за септември и за тоа ништо не ми рече. Не знам како да постапам, дали да му кажам дека сакам да работам и да си терам по свое или пак да го послушам советот негов?
Па искрено и не, повеќе ми е тоа притисок од моите. Имам уште два испита за септември и сакам да ги спремам за подобра оценка. А моите само ме притискаат да знаеш ако сакаш да одиш на одмор да не бараш пари ние не можене толку да дозволиме итн итн...
Па добро, можеби навистина немаат твоите. Небитно е тоа. Прашањето е што ќе одлучиш? 1. Ќе работиш за одмор. 2. Дечко ти ќе те части одмор. 3. Нема да одиш на одмор. Се што треба е да размислиш која од овие 3 опции е најдобра за тебе и која ја сакаш ти.
Aко се одлучиш за втората опција, договорите се наредно кој ќе бидеш слободна и кој ќе можеш да заработиш да го частиш ти
Дечкото ти рекол дека тој сака да плати одмор и се', така? Ако ептен имате желба, нека плати тој колку треба па кога ќе се вработиш ќе му вратиш пари. Или па прескокнете оваа година, објасни му се убаво. Размисли убаво и одлучете.
Јас не реков дека моите имаат а не ми даваат, нагласив дека толку се можностите. Туку ме мачи тоа што ми викаат дека сака да ме контролира.
Мене никаде не ми заличе на контролирање. Само си кажал свое мислење, а и многу убаво те посоветувал, да се посветиш на испитите.
Па точно е тоа дека еден од начините за контрола е забранување на партнерите да работат. Ама во овој случај не мора да значи дека е така. Не се води по тоа што ти го кажале твоите, но може да го сфатиш како совет. Една работа на која ќе знаеш што значи, ако ти забранува да работиш во иднина. За сега од пишаново не гледам дека сака да те контролира.
Па не ти дава да работиш, а со тоа што ќе ти плаќа за одмор ќе се осеќаш должна на некој начин. Колку и да ти вика дека тој сака и му е ќејф, сепак е најбитно ти како ќе се чувствуваш доколку одиш и после тоа. Чиста сметка, долга љубов.
И јас истото го мислам. Минатата година работев ништо не ми кажа, собрав пари и бевме на одмор. Ама моите тиа така го сфаќаат и ми го наметнуваат тоа мислење. Како и да е ти благодарам