И тоа сум му го кажала неколку пати дека сепак не можам да дозволам така, и ми вика сега додека уште не си завршила факултет и не си за стално вработена не сакам да земам пари од тебе. Значи не ме остава ни едно кафе да платам, колку и да настојувам.
Не мислам дека сака да те контролира туку сака да направи нешто убаво за тебе, само по овој пример што го даде не ми личи дека има лоша цел.
И јас сум во истата ситуација. Мојот дечко работи, а јас сум при кај на факс и не можам да работам моментално. Тој секогаш се нафаќа да плаќа затоа што е вработен и има одлична плата, но јас не дозволувам, секогаш гледам да плаќаме исто. За одмор искрено немав финансии и му кажав дека не можам да си дозволам ова лето да одам на одмор, тој ми вика не се секирај воопшто за тоа, иако мене не ми е сеедно. Размислив и си реков зошто да си го уништуваме летото, секако од октомври ќе барам работа па јас ќе частам наредно одење некаде. Не мислам дека сака да те контролира, убаво е да си отидеш со дечко, девојка на одмор, секој тоа го сака, нормално е.
Не мислам дека те контролира. Имаше период кога јас бев на факс, а дечко ми работеше па плаќаше тој се. За одмор не ми плаќал зошто моите ми давале, ама ако не ми давале би прифатила да плати тој. Подоцна кога еден период немаше работа, а јас работев, јас инсистирав да плаќам се. Не гледам лошо во тоа, ниту контрола. Не сака да работиш специјално за да имаш пари за на одмор зошто има тој, значи дека нема потреба, а не дека ти забранува. Напротив баш е убаво да се грижите еден за друг. Замисли да ти каже ок ако немаш пари ќе одам со другарите.
Контекстот е доста важен. Не знам што е со ставовиве дека едниот не треба ништо да го почасти другиот, мене па некако ми е нормално, во некои ситуации имав јас повеќе, во некои тој, ама не било проблем да си плаќаме еден на друг, ниту како долг сме го гледале. Ти си ја знаеш врската најдобро и каков е човекот, јас исто би ти рекла ако сметам дека е ок и нема задни намери, да се посветиш на испитите и не, не е погрешно да ти плати одмор. Утре ќе има ситуација ти ќе платиш за двајцата, не мора да е одмор, нешто сосема трето нека е.
Подобро работи и плати си сама. Друго е ко ќе ти тропкаат во џебот што ти текне да си купиш, а друго е он да паќа па ко ќе видиш нешто што сакаш мораш да чекаш дали он ќе сака да пати. Од секогаш сум била сама да си плаќам. Ако имам одам ако немам не одам. За еден сладолед може ќе треба да чекаш него да му текне ќе ти биде срам да побараш. Не не, нај арно се сама. И ти раат и он.
Искрено исто мислење имам. Сам свој газда на се да си бидам, што сакам да си купам, колку имам јас толку, битно мое да си е. И ја сум во долга врска со години и уште инсистирам на делење сметки и делење на плаќањето за било што да е. Мојот дел секогаш сакам сама да си го платам. Чиста сметка, долга љубов. Не верувам дека лоша намера има дечкото на @Kalince1996, не ми делува така инаку дека сака да те контролира. Само твое е дали ќе прифатиш.
Јас не би ни идела на одмор ако треба да чекам некој друг да ми го плаќа. Посебно па не дечко. Не се работи за вечера од 1000 денари, тука сигурно ќе одат 200/300 евра шо се реално многу пари. Или би работела барем еден месец да заработам нешто или не би ни одела на одмор.
Во право си, но секако и моите нема да ме пратат без пари, зборот ми е дека не можат цел одмор да ми го платат зошто во Турција сакаме да одиме. Одлучив да одам на одмор, а за да не се осеќам и јас лошо и како должник и јас да направам нешто убаво колку што сум во можност ќе купам се што ни е потребно з на одмор. Ќе му купм маичка и шорцеви одамн што ги мерка и сака да си ги купи..
И да одиш. Верувам дека ова не го прави за утре да те држи во контрола или да ти каже "Ама јас ова го платив.." и секако верувам дека нема да останеш должна. Кога ќе почнеш со работа можеш да го почастиш викенд некаде или убава вечера. Убаво да си поминете.
Па и за него верувам дека Турција не е баш ефтина опција. Да, знам дека се наоѓаат поппиступачни аранжмани ама сепак минимум 800 евра ќе го кошта одморот. А ти ако не можеш бар дел да покриеш, поработи малце. Уствари ние можеме тука секаков совет да дадеме како ние би постапиле, ама сепак ти си таа што ќе одлучи. Инаку не е контрола тоа што сака да се посветиш на учење него на работа
Не ми треба совет туку само разговор за една ситуација во која сум моментално, доколку сака некој во лп
Овојпат сепак ќе пишам јавно. И претходно имавме конфликти со дечко ми, но ова е врвот. Вчера шетајќи налетавме на еден мој познаник со кој се знаеме и имаме комуницирано уште пред да се запознаам со дечко ми. Секако комуникацијата ни е пријателска и не ни е честа со познаников, ништо поќе од тоа. Е сега јас не му имав спомнато на дечко ми за познаников воопшто, но откако бидна средбата му кажав дека сме познаници од теретана уште пред да се запознаеме јас и тој (дечко ми) и дека имаме искомуницирано само пријателски. И познаникот ми има пишано и јас нему, освен за најобичен муабет (кај си како си или евентуално нешто за помош, ми се најде кога ми се расипа тел на пр.) и ништо поќе. И дечко ми има повремени муабети со колешки, на што ми рече демек не било исто моето со неговото. Ти си ме изневерила изгубив доверба во тебе, многу се разочарав ти уништи сѐ, такви фрази ми кажуваше. Сеа решен е да раскини. П.с. познаникот знае дека сум во врска и во ниеден момент ми се нема пуштано, ниту кога бев сингл не ми се додворуваше. Реално, дали згрешив или се работи за љубомора?