Ај не претерувајте, двајцата се полнолетни. Нема врска нивната разлика во години со тоа што е љубоморен. И на 21 и на 30 може да си таков, карактер и комплекси се тоа. Многу подобро да е тој постар, а не помал од неа. Кога се прашува дали со помал да одат девојки, секако зошто да не, а ако е постар дечкото одма вакви напади, па груминг, па gaslighting, a не го ни познаваме. Немаме зборови во наш јазик, мора вакви популарни фрази да се користат странски и да глумиме паметни и психолози на форум. Секогаш тука само едната страна ја знаеме, што ако навистина тој тип и се додворувал, а девојката не забележала зошто мисли другар и е. Не го оправдувам ни него, но вакви глупости кога ќе видам не можам, а да не напишам. Не прашува девојката за совет за разликата во години, туку нешто друго, а вие тука филмови и направивте. Мој совет би бил раскини, не зошто е 30, туку зошто немате добра комуникација да се разберете и први прва караница раскинување. Во врска и брак колку работи треба да се поминат, за некој тип што те погледнал ако се расипува врска, никој немаше да опстои. Немате љубов меѓу вас.
А што треба девојката да не прави здраво со никој за да ѝ опстои врската? Јас пишав дека може да грешам со gaslighting, но испади на љубомора, посебно неиспровоцирани и неоправдани (не дека има оправдани) , се големо црвено знаменце и многу јасен знак дека си имаш работа со нестабилна личност. И да, разликата во години уште посомнителна е во вакви ситуации. Не е прва караница па одма раскини, ова е прв ИСПАД од страна на дечкото, треба да го трае и да оди на како на јајца околу него? Да се плаши да не случајно некој и каже здраво пред него? Да се плаши од него, но никако да не раскине?! Ма немој да ме јеб*ш!
За него зборам, ако раскинува зошто тип ја погледнал, што ќе прави при поголем проблем. Ние што сме поминале и долга врска и веќе сме во брак, добро знаеме какви се проблеми може да има во врска и секогаш треба да сте еден со друг поддршка, за вакви банални причини не се прават ни кавги. Зборот ми беше дека не се еден за друг ако од мравка прават слон, таков им е карактерот, тоа не се менува, не се годините во прашање и не ми е јасно зошто на форумов се додава нешто што не е ни прашано за совет и се носат заклучоци. Затоа се вмешав.
И зошто ти беше проблем мојот совет тогаш, кога ете викаш дека сепак до него е?! Секако прво тврдеше дека имале проблеми со комуникацијата Ај реши се, па после мешај ми се во совети.
Јас искрено, личен избор си го напраив. Кај шо седам ми е стовариште од такви што мојава претежно модерна фамилија ги нејќе и многу ми се супер. Ако ти сметаат, кај тебе дома не ги ставај, Бог да чува. Затоа јас не ни поштувам гости многу. Златни кафичи. Мене некој такво нешто да ми каже не ме гледа веќе. На еден дечко му раскинав поради тоа што почна у муабет да дели туѓ имот како што коа ќе се земеме. Ало, дечко, кога јас тоа сѐ уште го викам дека е на моите кој си ти...
Тој со колешки кога прави муабет е ок? А ти не? Најди си дечко кој ке те цени. Човек на 30 години не се однесува така.
Загрев овај твојов. Со што си го изневерила, со тоа што си застанала со другар муабет да напраиш? Што треба, ко некоја сељанка да го одминеш оти дечко сеа имаш? Па уште се разочарал оти здраво си рекла некому Основна култура е да се поздравиш и лаф муабет да направиш со човек, да се направиш дека не го познаваш е безобразно. Па уште си уништила се оти си се порздравила. Бегај девојче. Бегај колку што те држат нозете, овој или ќе остане сам цел живот или ќе ја најде некоја и матер ќе и ебе, нема да ја пушти од дома да искочи, само со него ќе смее да комуницира и искача.
Сум уништила сѐ демек бидејќи на инста неодамна имавме контакт од типот "те видов" "каде" "таму и таму" "аа е добро", и бидејќи сум криела од него за ова. На што ми рече " шо к*р те боли за него оти му пиша"
WOW сте се виделе. У спојлер ставај ваква експлицитна содржина, деца читаат Да си му пишела дека сакаш курот да му го пушиш ај нека се љути, ама дека ако се лути дека си му пишала оти си го видела негде може само да си блада напразно. Бог да чува и да брани бе, како имаат олку кревко его и како се лутат за глупости, ЕВЕ НЕ ЗНАМ. Колку треба да си несигурен за вакво нешто да ти смета. Па уште ќе раскинувал. Оти си пишала лаф муабет со другар Сори ама смешно ми е, буквално трагикомедија ми се мозоците од некои луѓе.
Не го сфаќам, што требаше да направиш? Да отидеш и да му кажеш "Само да знаеш, денес другар ми пиша дека ме видел таму и таму, и јас му вратив аа е добро и толку". Уште сметка ќе му полагам што сум му пишала и дали сум му кажала здраво и некој ред моабет. Удри му ги клоците и ај чао-пријатно. Ќе се замараш со овакви неизживеани.
Еве го, продолжува да ме обвинува. Воопшто не се трудиш за нас, не осеќаш грижа на совест ни најмалку, јас сум мајмун шо слепо ти верва...доста е веќе.
Дали озбилно постојат лекции за заведување кои пропагираат ваков пристап? Озбилно прашање. За дечково ноу комент, се е кажано. Као не смееш со никого да комуницираш е новото те сакам? Озбилно?
Ако имаш врска со 9години постар на твои 23 не се тригернувај Од 21 до 30 има еден цел живот ама пред тебе е, ќе го видиш. Која 30 годишна, зрела и самостојна девојка ќе трпи мочко да и префрла зашто се поздравила со некој? Нормално дека таквите си бараат помали девојки кои место да му удрат клоца пошо пробува да ги манипулира ќе плачат и ќе трескаат глава каде згрешиле.
Со врсник сум мажена и бебе имаме, но многу околу мене се со толку години разлика и не гледам никаков проблем, сите добро функционираат. Членката не ве праша за годините да и солите памет и давате мислења, не ми е јасно зошто неповикани давате совети.Девојката не ве праша за годините, не знам кој дел од тоа не го разбирате. Сигурно и ќе се смират, девојката да сакала да раскине веднаш ќе раскинала, тука прашува и уште се во контакт, може и ќе го надминат тоа меѓу нив, не гледам никаде да спомна за годините нешто дека и пречат. Не е ваше секаде носот да го мешате. Некултурно делува, да давате совети за нечива разлика во години, на полнолетни луѓе, а не сте ни прашани. Праша за љубомората, кажавме сите, повеќе не мора да ја разводнувате темата.
Сака да разговара во живо. Еве го доаѓал. Не знам дали ќе разрешиме, ама немам ништо згрешено за да бегам од него. Нека повели ќе се соочиме во 4 очи
Ова не застанува тука, утре, заутре ќе заборавиш на кратки сукни, кармини и по леб ќе одиш со прашање за дозвола.
Како што пишаа неколку членови погоре, бегај и спаси се. Нема да биде подобро, ќе биде полошо. Немаш никаква вина, ова е чиста манипулација и само бара рачка за кавга. Некој кој те сака и почитува ниту би реагирал така, ниту би кажал се што му дојде во уста.
Јас, да бев ти, мене ова ќе ми беше аргумент да му раскинам. И на 20 и на 30. И сум раскинала за слично глупирање. Љубов значи заедништво на две независни индивидуи, не ограничување со кого да се поздравам, со кого да зборам... Утре што- нема да одиш на факултет или на работа оти таму има мажи