Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Офф ако имаш екстра нерви пребарај за типов, полн е контроверзии со попување за жени, а идол им е на гревови како дотичниот.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.604
    Допаѓања:
    199.770
    Одбивам да верувам дека човек кој е клинички психолог и професор, кој има жена и ќерка, пропагира кршење на кичмата на жена. Кој како го толкува не знам, колку што имам видено досега, многумина погрешно.
    Ама долг е животот, се надевам, ќе го истражам и ќе се вратам со мислење.
    Енивеј, немаше Питерсон во 2001, па некој имаше идеи дека ќе ми одредува со кого и колку ќе сум се дружела. Ќе да е автохтон балкански модел:?:. Ене го дотичниот, во категорија бивши, со добра причина;)
     
    На kikkki, Madrugada и Mikha4 им се допаѓа ова.
  3. _beautyy_

    _beautyy_ Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Разговарајте, не велам не, ама тој нема да се смени. Ќе продолжи вакви глупи работи да ти набива на нос и за ситници да ти се скара, што велат утре од дома нема да те пушти без негова дозвола.
    Не те заслужува, не троши време на него да не се каеш после кога ќе заминат најубавите години на некој како него.
     
    На Martka, ElenaOfRivendell, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  4. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.333
    @sj *O* Јас мислам и во брак и во врска се прават грешки. Некогаш е човечки да се просте до одредена граница, некогаш не треба да дозволиш да се погазиш самата себе си. Но, сепак крајната одлука е твоја.

    Овде сите совети што ќе ги добиеш ќе бидат на една или друга страна, да прекинеш и да си заминеш, или да останеш да разговараш.

    Не е проблем да се видете во живо, проблем е што човекот не изгледа на зрел за негови години, ниту стабилен. Само ти знаеш каков карактер е и колку е флексибилен. Реално, познавам многу врски кои завршиле, но откако си дале втора шанса и проблемот се решил од корен а не површински им успеало до крај.

    Се зависи колку човекот е спремен да прифати одредени работи во врската и колку си ти спремна да му објасниш се. Слободата во врската е најважна, нормално е да имаш и пријатели и колеги. На крајот од денот ти не излегуваш со нив, само си кажуваш здраво на улица. Доколку вака продолжи ќе ви здосади еден од друг за кратко време. Мора да имате свој живот, врската не значи 24/7 дишење во врат. Не сте мали деца, разговарајте. Ако не се смени ништо, секој по својот пат.
     
    На Kumanovkaa и sj *O* им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.604
    Допаѓања:
    199.770
    А зошто и да не излегува со нив, и тоа е некаков криминал?:worried:
    Под излегување не мислам дејтање, мислам нормално пиење кафе, пиво, муабет. Јас шо имам 98 посто колеги, шо да праам? :wasntme:
     
    На NarCis@, sj *O*, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.089
    Допаѓања:
    41.745
    Пол:
    Женски
    Годините мене не ми се пречка затоа што искрено не се репер за зрелост.
    Тоа што членката одбрала постар партнер е исто така нејзина желба.
    Фактот што типот избрзано носи заклучоци и ја навредува, воопшто не ми се допаѓа.
    Некогаш и разговор не помага со таков тип на личности зошто цврсто се убедени дека се во право и нема да попуштат додека не е по нивно.

    Колку пати сум се докажувала, молела, толерирала и убедувала дека не сум изневерувала доколку сум поздравила познајник на улица или заследила колеги од факс или работа, 2 дена се ок било, три опет јово на ново.
    Сум преќинала затоа што мирот ми е најважен.

    Типот е манипулатор, ќе направи се за да таа му се покори и да се чувствува виновно.
    Таа имала живот и пред него, ќе има и по него ако изигра мудро и го направи вистинското.
    А ако денес е ова, утре ќе биде нешто посериозно.
    Искрено, со таков човек не гледам иднина.
     
    Последна измена: 30 јули 2022
    На Martka, ElenaOfRivendell, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.400
    Пол:
    Женски
    Не срц, твоево болдирано е чиста манипулација пошто јас точно и напишав на членката дека врска со вакви љубоморни типови денес е коментар за лајк на инстаграм, утре ќе е барање дозвола за излегување до продавница.
    Пробуваш да ме претставиш мене ко личност што оправдува насилство и љубомора?
    Не баш (fingers)
    Пак се зафаќате за нејзиното животно искуство и возраст.
    Мислам да ме крене некој во раце и да ме тресне од 5ти спрат пак ќе се најде некој што ќе рече сама си сум крива што сум паднала.
    Коментарите на тема љубомора треба да се:
    Здраво имам 40 години маж ми е љубоморен
    - коментар - не смее да е љубоморен
    Здраво имам 20 години и дечко ми е љубоморен
    - не смее да е љубоморен
    Не анализирајте години, животно искуство, нивоа на зрелост и причини зошто девојката се нашла во ситуација каква што се нашла.
    Причината зошто се нашла во таква ситуација е зошто типот е сељак и тоа е тоа.
    Се ова се суптилни окривувања на жртва, стално вниманието е насочено кон тој што не треба.
    Ко што пишав погоре, некогаш е тешко да процениш дали си во право или не ако си ти дирекно инволвиран во ситуацијата.
    Истава членка да има ситуација другарка кај што има ваков дечко, многу веројатно дека ќе и го каже истото што и го кажавме ние неа.
    И кажавме совети, ко што прочитав рече дека настојува да раскине и тоа е тоа, не ја разбирам потребата за потенцирања дека била незрела и без животно искуство, што добро ќе и донесе тоа?
     
    На NarCis@, tessie, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.113
    Допаѓања:
    11.754
    Важи @Mantub твојот совет е најиздржан, дечкото не ја манипулира, нормална љубомора е тоа, и екстремно нормално е од едно здраво со некој да и прави трогателно раскинување, па ај ќе разговараат.

    Таа возрасна разлика на тие години не е ок, и нема нешто што може да ме убеди. Она е незрела и тоа е факт, на 21 едвај факс дали си завршил, а не да си проживеал или да си се осамостоил. Затоа дечко на 30 може полесно да те убеди дека небото е розево и дека контакти со машки што не ти се дечко треба да минат преку неговиот филтер.

    Секој е слободен на јавен форум да си искаже мислење од своја гледна точка, а моето е со нула лоша намера.
     
    На Bezimenka90, TheTruth*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.333
    Каде реков дена НЕ ТРЕБА да излегува? Ја цитирав девојката која побара совет а не тебе! Во нејзиниот случај таа НЕ излегува ама со никого, само си кажала здраво.

    Стварно читате како вас ви одговара, пд одма драми, цитирање, паники. Бог да чува. Ако сакате да дадете совет арно, ако не не пишувајте безврска. Пријатно.
     
    На Kumanovkaa и sj *O* им се допаѓа ова.
  10. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    О, о годините во овој случај и те како се важни. Важни од аспект затоа што таа се прашува дали погрешила и бара совет на темава. Таа е се уште млада и неискусна, а тој е тежок манипулатор.
    Ај да го видам 30 годишново бате со некоја рамна на него околу 30тина год. како ќе се понаша. Ама зрела, реализирана девојка, колку што се очекува и е пожелно да е до 30тина год, нема да му даде шанса ниту за втор состанок ако уште на прв си го покаже нестабилното однесување, а камо ли да му допушти вака да си игра со неа.
    Како да постапува девојкава се учи низ годините и преку стекнатите искуства, сопствени или на блиски.
    Мене исто алармантно ми е што и тој е незрел за 30 год. ама е искусен манипулатор и зел ја врти околу мал прст, а таа млада и очекувано е да е понаивна и понеискусна за вакви работи на тие години од него и под притисок од негова страна дека треба да се осеќа виновна се осеќа напријатно и се прашува дали згрешила и бара совет.
     
    На Martka, Dumbledore, Flower27 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Се плашат од зрели,самостојни жени. Не се лесни за манипулација.
     
    На Martka, Dumbledore, Flower27 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.100
    Читав од вчера и се мислев дали да напишам додека дискутиравте, сепак не знам кој се чита и дали ќе бидам препознаена зошто лични искуства ќе споделам. Ве молам само да не ми е избришано мислењето, можеби не е за темата баш, но се отвори темата за разлика во годините и ќе кажам и свое лично мислење. Може нема да се сложите со мене, но не е важно, само сакав да дадам свое мислење и гледиште.

    Во животот свој да бидам искрена дека до 34 години и моментално сингл, доста искуство и врски со мажи сум поминала, помали од мене, постари... Прекинав и да ги бројам веќе.
    Упорно се провлекува "млади, неискусни, незрели", постарите мажи ги раководат.
    Воопшто не се сложувам. Денешните девојки со чест на исклучок се многу опасни и снаодливи. Така и треба, подобро ќе поминат во животот. Денешните 20 годишни девојки не се како порано. Самите свесно прават избори и повеќето не се воопшто наивни, добро знаат што прават. Бараат постари заради финансиска сигурност, искуство, поспремност за брак. Не сакаат врсници зошто денешните мажи (пак со исклучок секако), се многу незрели, чекаат подолго за брак, мрзливи се, се влечат со години за факултет и работа, сите сме во трка со кариера, одолговлекуваме за се. 22 годишен дечко нема плата, автомобил, имот како некој 32 годишен на пример. Свесно се бираат такви партнери и не сметам дека е некој наивен и раководен. Додека мажите пак сакаат помали девојки, зошто сметаат дека имале помалку искуство и врски, повеќе може да ги сакаат, помладо изгледаат, повеќе може да им родат итн. Секој со својата корист, сепак љубовта е збир на тоа да си соодвествувате, а да не се лажеме дека изгледот и финансиите во 21 век не ги гледа никој.
    Иако сум 34 години, знам дека 34 годишен маж попрво ќе избере под 30 години жена и дека 25 годишни дечки нема мене да ме изберат освен за секс за една ноќ што е до некаде нормално. Не ги обвинувам младите девојки, не се тешам дека незрели сакаат мажите.
    Претежно ми се додворуваат 40 годишни неженети мажи, а кога бев 20 ми се додворуваа 25-30 години мажи. И не бирав врсници, ги бирав тие над 25 тогаш. И мене ми се допаѓаше тоа што имаат слобода, свој стан, автомобил, што нема да чекаме џепарлак од неговите дома за одмор, ми нудеа сигурност. Имам прекрасни искуства од тие години со повозрасни дечки и свесно правев се. Да се вратам назад, пак би го правела истото. Никој не ме присилил да бидам со нив, ми беше убаво. Не бев наивна, се свесно правев.

    Е, бирајќи многу, менувајќи врски, сакам тоа, не сакам тоа, пропуштив некои убави прилики и сама си го одбрав патот во животот. Ќе споделам 2 примери од подолги врски, со помал и со постар.
    Јас бев 29, тој 37 тогаш. Веќе речиси 3 години бевме заедно, се планираше и свадба, но нешто одолговлекував јас заради кариера. На работа кај него дојде млада девојка, 23 годишна. Ме остави за неа и сега веќе и дете имаат и во брак се. Не ме изневери, ми кажа дека му се допаднала, имале хемија, дека не оди веќе. Била млада, убава, сакал деца. Не дека не можеше со некоја постара да е, во случајот јас, туку ја одбра помладата и поубавата и покрај речиси 15 години разликата. А, неа и годи тоа што тој е со висока функција и убаво си се погодија. Ужива во луксузот што и го приушти и тоа што беше спремен за брак за разлика од 23 годишни мажи на нејзина возраст.

    Друг пример. На 30 од инает на бившиот фатив помлад дечко. До 32 години бевме со него, тој тогаш беше 27. И тој ме остави и се ожени со 22 годишна. Истиот изговор, млада и убава е едноставно, имам повеќе хемија со неа.

    Мислам дека секој во животот знае што прави. Секој свесно носи одлуки.
    Осудете ме ако сакате, но животот ова ми го покажал со лични примери. Затоа не се ни мешам кај други, не се ни чудам веќе за нечива разлика во години.
    Може да искоментирам за некого само ако е 30 годишен и се пушта на малолетничка. Тие над 20 веќе одлучуваат многу паметно и знаат што прават.
     
    Последна измена: 31 јули 2022
    На Bellaa1234, Snowflake99, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Никој не треба да те осудува, најмалку ти самата. Сечиј животен пат е различен и апсолутно не сме сите скроени исто. Сите имаме можеби слични искуства но различно ги доживуваме.

    Е сега со генерализацијата твоја не можам да се сложам и мислам дека е повеќе твоја перцепција и рефлексија од настани кои тебе ти се десиле. Секоја девојка е различна, секоја жена и маж и дечко, се различни на свој начин. И никој од нас не може да знае што други сакаат, планираат, мислат итн., дури и за блиски не знаеме а не пак за цели генерации..
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Така изгледа на прв поглед дека знаат што прават повеќето од нив. Сепак има и исклучоци кои си имаат однапред испланирано се кога вработување, кога брак одма по дипломирање или по вработување или по год. вложување во кариера, па однадвор делуваат паметно и дека знаат што прават, ама животот не е како ќе замислиш така ќе биде.
    Ама претежно не знаат туку се поведуваат баш како што си спомнала по тој луксуз, спремни да раѓаат што побрзо за да го задржат ситуираниот маж, како тој што го спомна 37 год. на висока позиција, до себе и во брак во иднина.
    Велиш осудуваш кога 30 год. се плетка со малолетничка, малолетна е на 17 год. исто така и каква и колкава разлика и во што конкретно гледаш помеѓу 17 годишна и еве 21 годишна?

    Друго покрај овие што на 20 трчаат за луксуз, има и такви што трчаат за било што за да избегаат од дисфункционални фамилии од кои потекнуваат и најчесто несвесни и незнаејќи што прават создаваат исти такви дисфункционални семејства во иднина, бидејќи избрзале со одлуката за брак и создавање фамилија на 20 год.
    Тие не ја осетиле тежината и сите предизвици на животот, од тој аспект пишуваме се наивни и неискусни.
     
  15. mashko903

    mashko903 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Здраво, би сакал да споделам еден мој ваков проблем и доколку можете да ми кажете од ваша гледна точка што би било работата. Имено, идам со едно девојче можеби скоро месец ипол. Првите средби за мене поминаа одлично и многу ми се допадна како личност во однос на нејзините размислувања, гледишта и планови за иднината кои генерално се совпаѓаат со моите. Но дознав меѓувреме дека претходно имала долга врска која не завршила како што треба и ми призна дека после тоа била премногу разочарана. И поради тоа има тешкотии да се отвори према мене од било кој аспект. Не сум човек што форсира и сум комплетно отворен према нејзе со цел да и дадам до знаење дека не сум некој манипулативна личност и дека моите намери се искрени. Дури искрено и кажав дека сакам да ми даде шанса подобро да ја запознаам. Потоа имавме некои контакти, каде на последната средба отидовме на повисоко ниво и се бакнавме. Но, последниве денови после таа ситуација како да се повлече и како да избегнува средба со мене. Решив деновиве малку да и дадам простор, да ме побара кога ќе сака она, но се преиспитувам постојано дали нешто згрешив, каде згрешив, иако во една дискусија ми кажа дека од моја страна не сум направил ништо лошо и дека минувала низ некакви периоди.
    Што мислите вие од ваша женска гледна точка за ситуацијата врз основа на ваши или туѓи искуства?
     
    На mssuniquee и felisitas им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.433
    Пол:
    Женски
    Ми делуваш на океј личност, се грижиш за неа, се одело постепено и мислам дека ништо не си згрешил. Можно е уште да и треба време да го преболи бившиот, да забележала дека си развил ептен чувства и не сака да те повреди или во моментов и треба малку време да размисли дали е спремна за нешто ново да почне. Неодамна ли има раскинато или подолго време поминало од таа врска?

    Нема нешто што многу да направиш, мора да оставиш на неа, да видиш како ќе се одвива ситуацијата следните денови. Секако, никој не е должен никого да чека вечно, ако подолго време е така и се оддалечува, тогаш само искрен муабет и да знаеш на што си. Сега по месец ипол познавање и ако почнеш некој муабет за тоа што сте, може и обратен ефект да има штом почнала да се повлекува, па така целосно да избега и да мисли дека е форсирана за нешто...
     
    На mashko903 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Единствено што можеш и треба да направиш е да и дадеш простор. Сега е збунета и несигурна во своите чувства. Важно е од твоја страна да не почувствува притисок туку поддршка и верувам дека за кратко ќе бидеш во подобра ситуација од моменталната.
     
    На mashko903 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mashko903

    mashko903 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Не успеав да се информирам конкретно за тоа, а и не ни сакам да ја прашувам, но врз основа на одредени други работи мислам дека има пројдено повеќе време, можда повеќе од пола година.
    И јас мислам дека нема многу што да направам , само ми е криво што и покрај моите искрени намери и вложувања ми се случува нешто вакво. Гадно чувство, се затрескав можеби, но сепак се надевам на позитивен исход.
     
  19. Martink8746

    Martink8746 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јули 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Размислувај многу и тоа... Дај и простор нека се среди не форсирај ништо ако доволно и се допаѓаш ќе те побара ако не продолжи понатака. Подобро сега на почеток да поминеш низ се тоа одколку подоцна тогаш ќе то биде многу многу потешко... Ти кажувам од искуство од моја грешка.
     
    На mashko903 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.333
    Дали постапувам правилно?

    На дечко ми другар имаше многу долга врска, цело време се дружевме па неговата девојка ми е најдобра другарка. Раскинаа пред 1-1,5 месец, девојчето сеуште го нема преболено. Сеуште сум многу блиска со неа и дечко ми го знае тоа. Но, неговиот другар веќе почнал да се гледа со некоја и му кажал на дечко ми да излеземе некаде заедно или да прошетаме, дечко ми кажал дека ќе разговара со мене. Јас веднаш одбив. Не е дека јас нешто имам против неговата нова, туку самото чувство ми е глупо што другарка ми сеуште збори за него, а јас за излегувам сум со неговата нова. Дечко ми ме разбира и сам кажа дека е премногу брзо, другарка ми вели дека не и пречи. Но, мене совеста не ми дава. Понатаму сигурно би излегувале со нив (ако се уште заедно) но сега не сакам.
     
    На cresa-jagoda, Amelia, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.