Нема многу од факултетот, навистина последниве години повеќе се посвети и е дојден речиси до крајот, за пола година вика дека ќе заврши, но ако не положи за брзо последните испити, пак ќе излезе уште година плус на пример. Но, некако се со сила. Не знам само колку пати сум му викала седи, спремај испити, доста се вадиш на тоа казнена има, има и други шанси, сфати го пресериозно тоа. Јас сум друг карактер, кога сум знаела испити дека имам, не сум мислела на ништо освен на учењето. Тој е малку мрзлив, потешко му иде. На тежок факултет е ама делумно е и таков карактер. Ноншалантно се однесува. По толку години го знам јас добро.
Кретен си е кретен. Само затоа што ќе му дадеш епитет бед бој нема да стане помалку кретен заради тебе и заради никоја друга. Не знам како си го замислуваш ти сексот но тоа не е алатка за тргување. Ај ќе му дадам за да ме сака. Или сакате и двајцата, или пиши пропало. Барај барем конекција со некој пред тоа, некој со кој ќе направиш минимум здрав муабет, а не со вакви мочковци шо се фалат со парите на мама и тато. Ако дечко ти е амбициозен и вреден, се познава тоа. Но искрено, никој од нас додека сме студирале не сме знаеле со сигурност дали ќе нѝ се исплати факултетот и каков пат ќе ни фати кариерата. Така да не очекувај гаранции од него. Ако ти е здосадено и немаш чувства веќе не знам што бараш со него. Луѓе и со пари си здосадуваат едни со други. Но и друго ми боде очи. Ти работиш или чекаш на него само?
Не чекам од него секако. Се сама си купувам и плаќам, не чекам тој се да плаќа. Јас имам за патување, тој нема. Летово никаде не отидовме зошто немал пари. Така е секоја година. Ми е смачено сама да одам со другарки или фамилијата, сакам време со дечко ми да поминувам. Ограничени сме со активности поради него. Ќе најде веднаш работа зошто е на факултет што е дефицитарна струка и има работа за тоа. Работата е што е прашање кога ќе заврши. Кажав дека го сакам и не сакам да се разделам моментално само барам ваши мислења да слушнам.
Во првиот пост напиша дека немате ни за јадење и прашуваш до кога со сиромаштијата. По тоа ми остави впечаток дека финансиската состојба ви зависи само од неговите евентуални примања.
Се прилагодуваме на неговите финансии. Колку има да си приушти таму одиме. За мојот дел секогаш јас сум си плаќала, знам некогаш и се да платам и не ми е проблем. Од него не сум земала ништо, освен поклони што се само за поводи зошто толку имал и некогаш ако почасти за некој повод како роденден. Плаќаме на пола или секој за својот дел дури и на годишнини. Знам дека нема и не очекувам ништо од него.
Наталија, зошто си повредена кога си паднала на неговото бЕд БоЈ однесување? Што очекуваше освен нешто физички, каков романтичен третман очекуваше? Не велам дека си направила нешто погрешно што си била со него, туку едноставно прифати дека сексуално те привлекол, тоа довело до секс и тоа е тоа. Не можеш да очекуваш ништо повеќе ниту да се осеќаш повредено поради тоа. Сега оддалечи се, а сексот лепо је било док је трајало и толку.
Ако ти здосадило во врската го знаеш решението. И пак ќе кажам, луѓе и со пари, и со многу пари си здосадуваат едни на други, финансиите немаат ништо со тоа. Си сакаш нешто ново, различно и тоа е тоа. Младоста е за различни искуства Само не мора да му раскинуваш со образложение дека е заради немање пари, воопшто не е во ред. Не мора да го повредиш на тој начин.
problemot e shto, imam zborrno so drugarka na temava, i ona imalaaaa nekoj samo za avanturi, i sve ama bar i pisuel, a voj kako da se odalecuva, se osekjam loso, valjda taka reagiraat maskite, odnosno "pomalite" nezreli... Mozel na pocetok da mi.priznae , a ne togas mu bev arna od koga me.legna ne
Воопшто немам таква намера. Многу сакам да успееме. Освен ова со неговата финансиска состојба, друг проблем нема меѓу нас. Само не знам дали ќе се смени некако ова, дали некој имал такво искуство, како поискусни и постари што мислите.
Во право си што ти смета, па ти одлучи си како да постапиш. Тешко е кога партнерот не работи, не е амбициозен барем малку, пари нема за ништо, а сепак убаво се понаша со тебе, сфаќам дека ти е тешко да донесеш одлука. Не е занемарливо, и мене би ми сметало.
Според мене и ова е амбиција. Се извлечкал со факултетот да, ама не чекал од дома да му платат додека си игра игри на компјутер, плус е шо сам си ги покривал трошоците. Во средни дваесетти не знам кој успеал да има заштеда за стан, кола и дете, барем не со 8 часа работа и напоредно студирање. Има време за тоа, ќе заработите колку-толку па ќе мислите на брак. Те разбирам, имам и јас прашувано за сличен проблем, кај нас не се проблем ни амбиција ни немање пари, туку шо не сме ист карактер. Е сега или ќе му кажиш убо и ќе најдите заедничко решение, ама не за по 10 години туку за сега или ќе почниш сама да си шеташ па ако сака нека ти се придружи, или секој ќе си бара партнер шо му одговара. Порано имав со другарките ваков проблем. На моменти се лутев внатрешно шо седиме ние дома додека сме млади, а сите шетаат ама ги разбирав и не запнував, наоѓавме други решенија. Сега јас останав без работа, колку можам од заштедата излегувам и трошам ама и тие имаат разбирање, а и дечко ми. Муабетот ми е, идат секакви моменти во животот, човек треба да е од една страна искрен од друга да има и разбирање. Ако се работи за нешто краткотрајно би го разбрала, ама то не значи вечно да го чекаш, да ти вели ЌЕ средиме, а ти да ги потиснуваш сопствените желби. Седни го, јасно и гласно без одложување да се најди решение.
Многу ми е мило што го прочитав ова. Оптимистички делува. Инаку мислев полека да почнеме да штедиме за иднината, за брак уште 4-5 години ќе почекаме секако...
На твое место, чим ти значи момчето јас би му помогнала на секаков можен начин да го заврши факултетот па макар и да го заклучиш в соба, чим е дефицитарна струка ќе најде веднаш работа, е сега на прашањето за финансиите, човек во животот треба да биде спремен на се, секакви сценарија се случуваат, денес двајцата вработени со супер примања, друг ден и двајцата невработени, затоа поддршката меѓусебна е најбитна, финансиите се битни, но не и клучни, се останато е борба
@Inna♡ немање амбиции и одолговлекување знаат да иритираат, особено ако ти си спротивност од ова карактерно. Дали ќе се смени никоја од нас тука не знае. Јас ќе ти споделам за пример што знаев од околина ситуација со сличен ваков, не ист туку сличен, бидејќи твојов барем работел да си ги покрие факултетските трошоци, овој ма каква работа. Последниот испит го влечеше со години зошто во меѓувреме трчаше по партиски митинзи за вработување и навистина таа единствена амбиција да се пикне во државна служба ја оствари. Не мрдна од тоа работно место иако има преубава професија која во приватен сектор може да обезбеди голем напредок, а со тоа и да донесе поголеми примања, ама ете тој недостаток на амбиции си го направија своето. Друга мана за разлика од твојов иако немаше доволно пари да шета по елитни места, постојано се гребеше од родителите за подмирување на тие потреби и на крајот се ожени со жена која е замена на родителите од аспект финансирање, поситуирана е од него. Некои личности какви се во врска со амбиции и заштедување уште при школувањето остануваат исти такви и потоа тие навики им се одразуваат и врз кариерата и идните финансии, а некои се менуваат. Е сега тој дали ќе остане ист или ќе се смени пишав никоја од тука точно не знае, ти можеш вака како најблиска со години со него да претпоставиш најточно.
Види вака: you get what you see. Можеш да разговараш ама тешко да се смени. Или го прифаќаш каков што е, или раскинуваш и си бараш што ти одговара. Како што и пишав на една друга членка во друга тема вчера, старите велат: Очи гледале, очи плакале. #ItsTimeToChoose
Сама велиш дека е влезен во филмови со другарите и дека е Бед Бој. Буквално сите знаци дека ќе испадне вака си ги имала ама не си ги гледала. Никогаш не сфатив зашто многу девојки мислат дека некој ваков "ќе се смири" само за нив. И на крај секогаш завршуваат повредени. Не се обвинувај себе си. Очигледно мала си, имаш уште многу за учење во животот. Ќе налетуваш на секакви момци. Не се залетувај пребрзо. Вложувај во себе, цени се и сакај се. Не си го губи времето со дечково, а и општо со неговото друштво. Сеедно е кој какво искуство имал, искрено... Бидејќи сите се различни. Ти најдобро можеш да процениш дали се работи за мрза и амбиција, односно недостаток од неа, или пак едноставно сплетот на околностите довел до моменталната состојба. Тоа шо поработел преку лето е позитивно. Од друга страна, се прашувам дали работи и сега, летово? Ако не, зошто? Генерално сфаќам дека многу луѓе си велат помалку пари, помалку проблеми. И влагаат во муд дека можат да живеат без многу средства и да се шлепаат покрај другите. Колку и да им го "олеснува" животот овој став, толку им го отежнува на оние околу нив. Така да ти можеш најдобро да заклучиш дали вреди да продолжиш да даваш шанса, и уште колку долго. Ме интересира многу, со што го пополнува своето слободно време? Бидејќи очигледно не седнал саглам да учи за да заврши...
Се јави пред некој ден да се видиме, разговаравме на различни теми и вака во кратки црти ми кажа дека е се ок од моја страна и се сум правел ко што треба, но и требало време да разбистри некои работи пред да се внела во нешто. Всушност тоа и го кажав, кога сака нека ме побара и без притисоци, со други зборови и оставам простор чим е така. Се трудам колку што можам да ја разберам иако не го сметам ова за нормален тек на комуникација, ама што беше до мене со искрени намери го направив. Времето ќе покаже дали ќе бидне нешто од ова..
Почекај уште некое време, времето е лек. Можеби ќе успее да прејде преку него и да ти се довери, но немој тоа многу да потрае. Можеш да ја сакаш и најмногу, ама не дозволувај годините и животот да ти минат чекајќи некого. Почекај уште малку, после прашај ја што мисли, отвори и' се и кажи и' се' што мислиш, можеби ќе ја сфати твојата вистинска вредност. Со среќа.
Здраво девојки. Кој има време нека чита. Не знам што да правам, не знам што е правилно, а што не е. Се мислев дали да пишам, веќе месец дена се мачам. Имав девојка со која одевме подолго време. Врската ни функционираше совршено, љубов имаше огромна, навистина се сакавме и функциониравме совршено. За нас дека сме пар знаеа само мал број на луѓе, прво државата е таква каква што е, а второ навистина ни беше страв да се експонираме заради безбедносни причини. Заради немање на слобода собиравме и финансии и сакавме да заминеме во некоја послободна земја. Немало љубомора, немало кавги, немало ништо. Ниту пак имало изневерувања, нервози, баш напротив тоа што сме какви што сме не направи да сме многу блиски. На сцена настапија нејзините родители. Не им кажа, ама мислам оти претпоставуваа. Цело време бевме заедно, иако никогаш на глас не беше кажано, тоа се чувствуваше. Нејзиното семејство е посебна приказна, религиозно, конзервативно, засекирано што ќе каже светот, типично македонско семејство каде владеат традиционални вредности. Кога почна короната почнаа и многу силни притисоци од нив, да се омажи и да роди дете. Иако на почетокот почна да дава отпор, стануваа се понеподносливи, се зборуваше само за тоа, сакаа по секоја цена да стапи во брак, ја колнеа, ја притискаа, животот и го загорчија. Се закануваа со одземање на имот, со прекин на секаква комуникација, со тешка ментална тортура оти таа ќе ги умре доколку не им подари внуче, дека ќе се разболат од неа, дека доколку не се остварат како баба и дедо порано во гроб ќе заминат. Не издржавме, раскинавме. Најде маж, се омажи, роди дете. Како го преживеав сето тоа јас си знам. Нема да навлегувам во тоа, затоа што е тема што ме руши, ама беше ужасно. Пред еден месец ми се јави. Да сме пиеле кафе. Излеговме. Ми кажа дека не може да е понесреќна, типот воопшто не и обрнува внимание, не го сака, ниту пак тој неа, се гушела, не и било убаво. Сака да го остави и да почне нов живот. Убаво што сака, ама јас не знам дали сакам. Прво не се гледам себеси во државава во иднина, овде нема место за луѓе кои не се вклопуваат во таа хетеронормативна рамка, второ искрено колку и да звучам лошо не сум спремна дете да гледам, трето шанси нема да се пресели и да го остави тука. Не знам што да правам, ништо веќе не ми е убаво после тоа, помина време јас не зацелив, ништо ми нема убавина, ослабев, лицето ми се смени, телото ми се смени, косата почна да ми паѓа од стрес, крвта ми ослабе. Не сакам да се вратам, ама животот не ми е ист после се тоа што се случи. Реков да си дадам време, помина доста време, ништо не се смени.